fbpx
Таг: камион

таг: камион

Камион удри во стадо овци на патот Штип – Велес

Маглата и неприлагодената брзина на каминот во движење им пресудија на 17 овци, кај селото Кадрифаково, на патот Штип – Велес. На местото меѓу населбата Три Чешми и селото Кадрификаво траги од крв и кочење на камионот сведочат за настанот. Овчарот Исамил Зиберов, кој го водел стадото, вели дека ударот бил силен. - Имаше магла, а и камионот возеше брзо. Му...

Деветгодишно дете загинало во сообраќајка во Сопот, Кумановско

Деветгодишно момче го загубило животот во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила во кумановското село Сопот, кога движејќи се пеш било прегазено од камион, соопшти полицијата. Во несреќата било повредено уште едно лице, кое по укажната помош е пуштено на домашно лекување. Според полициските информации, сообраќајната незгода се случила околу 17.45 часот, на локалниот пат во селото Сопот, кога товарното...

Пешак загина на улица во Тетово

Пешак на возраст од 57 години претпладнево почина откако во него удри товарно возило, марка „мерцедес“, додека ја преминувал улицата Видое Смилевски - Бато во Тетово. Сообраќајката се случила надвор од обележан пешачки премин. Пешакот, кој од ударот имал тешки повреди по телото, од возачот на камионот, со друго возило, веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде по кратко време...

Во сообраќајка кај гостиварското село Неготино едно лице го загуби животот

Во сообраќајна несреќа, загина 56-годишен жител од гостиварското село Неготино. Несреќата се случила попладнево, на излезот од Гостивар, во близина на Здуњски мост. Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, се судриле автомобил марка „бе-ем-ве“ со гостиварски регистарски таблички и камион со приколка со тетовски таблички. Од ударот, на местото на несреќата починал возачот на автомобилот, а 36-годишниот жител на Тетово,...

Се преврте автобус полн со деца во Германија, едно момче загина

Петгодишно момче загина, а 59 деца се тешко повредени кога се превртел автобус на автопат во Германија кај Ерфурт. Како што пренесува германски „Билд“, несреќата се случила околу 14.30 часот, кога автобусот кој доаѓал од Австрија, престигнувал камион, при што изгубил контрола и се превртел. Во автобусот биле 59 деца на возраст меѓу 13 и 14 години, како и петмина возрасни....

Експлодирал камион во тунел во Јужна Кореја и се запалиле 11 возила

Камион кој превезувал разредувач, експлодирал во тунел на автопат во Јужна Кореја, по што возачот ја изгубил контролата и со возилото удрил во ѕид. Пламенот зафатил 11 возила, повредени се 21 лице, но никој не го изгубил животот. Несреќата се случила во тунелот Санџ, во близина на градот Чханвон, пренесуваат локалните медиуми. По ударот во ѕидот на тунелот, камионот се запалил, по...

Куќен притвор за возачот на камионот што го усмрти девојчето во Влае

„По добиената кривична пријава против возачот на камионот што вчера удри во 11-годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата, денеска надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерки за претпазливост, забрана за напуштање на живеалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен...

Камион прегази девојче во Влае

Kамион удри во пешак, oколу 15.30 часот, во нaселбата Влае на раскрсницата меѓу улиците Адолф Циборовски, Андреј Димов и Стефан Филиповиќ, пишува „А1 он“ (а1on.mk). Според првичната процена на полицијата, станува збор за 12-годишно девојче, кое веднаш по несреќата починало. Увидот на местото на настанот е во тек, за да се утврдат причините за несреќата.

Во сообраќајна несреќа во Франција загинаа 42 лица

Најмалку 42 лица загинаа во директен судар на камион и на автобус на југоистокот на Франција во Лилбурн, во областа Жиронд, а властите наведуваат дека е можно бројот на жртвите да се зголеми. Според најновите податоци, во несреќата има осум преживеани, од кои пет се полесно повредени. Како што наведуваат локалните медиуми, двете возила се запалиле веднаш по сударот. На местото се наоѓаат...

Македонски возач на камион приведен во Босна и Херцеговина

Македонски возач на камион е приведен во Босна и Херцеговина поради тоа што во неговото возило биле пронајдени мигранти. Како што јавуваат тамошните медиуми, полицијата го запрела кај Брчко и во возилото пронашла тројца бегалци од Авганистан. Камионот бил запрен во саботата попладне, а Ј.С. (48), македонски државјанин, е приведен и во тек е истражна постапка.

Цирих: Во судир меѓу автобус и четири камиони, повредени 41 патник

Во судир во централна Швајцарија, во кој учествувале еден британски туристички автобус и четири камиони, повредени се 41 патник, соопшти швајцарската полиција. До судирот дошло во зоната на која се изведуваат работи на пат, меѓу градовите Земпах и Сурзе, 40 километри јужно од Цирих. Повредите на четири лица се сериозни, а причината за несреќата сè уште се истражува. На местото на...

Во камион во Австрија пронајдени тела на 50 бегалци

Во напуштен камион на истокот на Австрија денес беа пронајдени тела на околу 50 бегалци, објави весникот „Кроне“, наведувајќи дека тие најверојатно се задушиле. Портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи потврди дека камионот е пронајден на автопатот кај местото Парнорф, наведувајќи дека во него има „многу мртви луѓе“. Тој додал дека за сега не може да го прецизира бројот на...

Цистерна со 16 тони бензин експлодираше во подводен тунел

Камион со цистерна со околу 16 тони литри бензин се преврте и експлодира во подводен тунел во близина на Бремангер во Норвешка. Пожарникарите моментно се обидуваат да поминат низ густиот чад и оган за да дојдат до возилото, но целата операција се одвива тешко. Овој инцидент се случил во тунелот Скате стараум, кој делумно поминува и под вода. Тој ги...

Тешка сообраќајка кај Бучим

Едно и полгодишно дете со изгореници и неговите родители од Радовиш, кои требало да бидат транспортирани во штипската болница, се повредени синоќа, кога на амбулантното возило налетал камион. Тешко повреден е и возачот на амбулантно возило. Сообраќајката се случила на патниот правец Штип – Радовиш, во близина на рудникот Бучим. Со амбулантното возило од Радовиш се вршел транспорт на детето, кое...

55 луѓе повредени во судир на воз и на камион во САД

Педесет и пет луѓе биле повредени, од кои еден потешко, во судир на воз и на камион во областа Халифакс во сојузната американска држава Северна Каролина, пренесуваат медиумите. Во моментот на несреќата, во возот имало 213 патници и осумчлен екипаж. Според првичните информации, до несреќата дошло кога возачот на камионот, во обид да сврти десно, се нашол пред возот. https://www.youtube.com/watch?v=d0K4m2WZuAw

Кривична пријава против велешанец оти се обидел да прегази полицајци

Гевгелиската полиција поднела кривична пријава против 34-годишен велешанец, осомничен дека со камион со лажни регистарски таблички, се обидел да прегази полицајци. Според полицијата, велешанецот Е.Н. е осомничен за фалсификување личен документ и за напад врз службено лице при вршење работи во безбедноста. Инцидентот се случил на почетокот на овој месец, кога на регионалниот пат Богданци - Валандово, осомничениот одбил да запре на...

Камион се запали на патот кон граничниот премин Ќафасан

Камион кој превезувал отпадно железо, утринава се запали на патот кој води кон граничниот премин Ќафасан. Како што соопшти командирот на Територијалната протипожарна единица во Струга, Минир Мамуди, пожарот предизвикал материјална штета, но нема човечки жртви. Засега не се знаат причините за опожарувањето на камионот со гостиварски регистарски табли.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...