fbpx
Таг: камион

таг: камион

Во Стокхолм се трага по напаѓачот кој влета со камион во стоковна куќа

Полицијата уште трага по возачот на украдениот камион за пиво кој денеска влета во стоковна куќа во центарот на Стокхолм и уби тројца. Откако шведскиот премиер Стефан Лотфен нападот го оквалификува како „најверојатно терористички напад“, центарот на Стокхолм беше затворен. Шведската полиција попладнево рече дека возачот очигледно избегал по нападот, иако претходно премиерот Лотфен рече дека тој бил уапсен. Полицијата...

Камион влета во пешачка зона во Стокхолм, три лица загинаа

Камион влетал меѓу луѓе на улица во централен Стокхолм, јавуваат светските медиуми. Според информации од шведската полиција, повеќе лица се повредени. Шведските медиуми јавуваат дека три лица загинале, но овие податоци засега не се потврдени. - Видов стотина лица како трчаат, во обид да си го спасат животот - вели очевидецот Ана за весникот „Афтонбладет“. https://twitter.com/TheSnowHermit/status/850342613731483648 Друг очевидец вели дека видел како возилото гази...

Опожарен камион во Драчево

Засега непознат сторител, вчера, час и половина по полноќ, опожарил незаклучен камион во скопската населба Драчево. Како што соопшти СВР Скопје, камионот „застава 8310“ со скопски регистарски ознаки бил паркиран на улицата Малешевска. Околу 1.30 часот вчера, непознатиот сторител ја отворил незаклучената врата, истурил запалива течност и го предизвикал пожарот. Биле повикани скопските пожарникари, кои го изгаснале пожарот, а полицијата извршила...

Тројца загинати и десетина повредени во напад со камион во Ерусалим

Камион удри во пешаци во Ерусалим, при што загинаа три лица, а беа повредени десетина, објавија израелските медиуми. Возачот на камионот веднаш е застрелан и убиен. Полицијата засега смета дека станува збор за планиран напад. - Ова е терористички напад, напад со прегазување – изјави портпаролката на полицијата за радио „Израел“. Полицијата на „Твитер“ напиша дека мета на камионџијата биле израелските војници,...

Забрана за камиони на Стража и на Маврово – Дебар поради снежните врнежи

Поради снежните врнежи, забрана за движење на камиони е воведена на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово - Дебар, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од земјава го отежна патниот сообраќај, забавено се одвиваат градскот и меѓуградскиот превоз, а засега нема значителни проблеми во железничкиот и во...

Германската амбасада отвори книга за сочувство за нападот во Берлин

Амбасадара на Германија отвори книга за сочувство поради терористичкиот напад што се случи на 19 декември во Берлин, соопштија од амбасадата. Јавноста ќе има можност да го изрази своето сочувство во просториите на германската амбасада од 21 до 22 декември 2016 година од 9 до 16 часот, а на 23 декември 2016 година од 9 до 12 часот. Пред два дена на...

Возачот на камионот во Берлин стигнал преку балканската рута како бегалец

Германскиот весник „Велт“ ги објави името и податоците на осомничениот возач на камионот кој влета во штандовите на божиќниот базар во Берлин и усмрти 12 лица. Се работи за Пакистанецот Невед Б., роден на 1 јануари 1993 година, кој во Германија пристигнал како бегалец преку балканската рута. Полицијата во текот на ноќта сослушувала едно осомничено лице, а според германските медиуми, сè...

Камион излета од коловозната лента кај преминот Буково

Камион од марката „ман“ излета од коловозната лента на сообраќајницата Охрид - Ресен, во близина на преминот Буково. Според непотврдени информации, во незгодата нема потешко повредени лица, а е причинета поголема материјална штета. До овој момент не е позната причината што довела до незгодата. Од МВР најавија повеќе информации во текот на денешниот ден.

Возач на камион во Јапонија прегазил жена бркајќи покемони

Една жена загинала, а друга е тешко повредена кога во нив удрил камион, чиј возач бркал покемони, што е прв смртен случај во Јапонија поради играње на таа игра. Откако бил уапсен поради несовесно возење, возачот на камионот изјави дека возењето му го деконцентрирала играта, изјави портпаролот на полициската станица во Токушима. Портпаролот на компанијата што ја креираше играта, истакна дека поради...

Откриени 40 мигранти од Сирија во камион на патот Штип – Кочани

Полициска екипа синоќа, околу 23.30 часот, во камион кој се движел на патот Штип - Кочани открила 40 мигранти со потекло од Сирија, информираше денеска МВР. Полицајците го забележале камионот кај местото Штипска петља, и му дале знак да застане, но возачот продолжил, а по околу еден километар, го запрел возилото и побегнал. „При контрола во товарното возило биле пронајдени 40...

Царината заплени 34 килограми марихуана на преминот Дојран

Царинските екипи вчера на граничниот премин Дојран кон Грција, заплениле 34 килограми марихуана, која била пронајдена во камион со македонски регистарски ознаки, соопштија денеска од Царинска управа. Дрогата била спакувана во 35 пакетчиња сокриени во две црни патни торби. „На 24 јули 2016 година, околу 16.30 часот, на излез од Република Македонија на граничниот премин Дојран се пријави товарно моторно возило...

Уапсени четири лица поврзани со нападот во Ница

Уапсени се четири лица за кои постојат сомневања дека имаат врска со Мохамед Булел, кој во Ница усмрти 84 лица. Француската полиција и на почетокот на викендот врши рации низ целата земја во обидот да пронајде нови докази во врска со нападот што се случи во четвртокот. Мохамед Булел е идентификуван како вршител на нападот и официјално е потврдено дека го возел...

Во Ница пронајден уште еден камион со експлозив

Француските специјални сили на автопат во близина на Ница пронашле уште еден камион полн со експлозив, јавуваат локалните медиуми. Специјалците го деактивирале експлозивот, а поради тоа евакуирани се две станбени згради. Како што јавуваат светските медиуми, камионот бил паркиран неколку стотини метри од стан кој бил мета на рација, по терористичкиот напад кој се случи во четвртокот вечерта, во кој загинаа 84...

Камион влета во шеталиште во Ница, најмалку 73 загинати и 50 повредени

Најмалку 73 лица загинаа, а околу 50 се повредени кога камион влета во преполно шеталиште во Ница, додека траела прославата на Денот на падот на Бастилја, пишува интернет-изданието на францускиот весник „Фигаро“, повикувајќи се на полициски извори. Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, потврди дека повеќе од 70 лица се убиени во „најлошата трагедија во историјата на Ница“. Тој додаде дека...

Притвор за возач на камион кој криумчарел 69 мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава од МВР, донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради илегален транспорт на мигранти. „Осомничениот пред два дена во раните утрински часови го паркирал своето товарно моторно возило – камион марка „мерцедес“, на паркиралиште во близина на бензинската пумпа „Окта“ на граничниот премин Богородица. Камионот бил...

Полицаец повреден во судир меѓу камион и возило на МВР кај Католичка црква

Полициски службеник е повреден во сообраќајна несреќа што денеска, околу 13 часот, се случи на кружениот тек кај Католичката црква во Скопје, при судир на камион и на возило на МВР, соопштија за „Мета“ од СВР Скопје. Од ударот полициското возило се превртело на коловозот од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, а во тек е увид на полицијата што треба да ги...

Во сообраќајна несреќа во Франција загинале 12 патници

Најмалку 12 лица загинале, а четвoрица се повредени при судар на минибус и на камион во централниот дел на Франција, соопштија денеска официјалните лица. Според првичните информации, загинале 12 Португалци. Несреќата се случила доцна синоќa, пред полноќ. Минуибусот се движел од Швајцарија кон Португалија, а возачот бил единствениот што преживеал. Загинале сите патници од минибусот и сите биле државјани на Португалија.        

Кривична за возачот на камионот со мигранти откриен на стариот пат Скопје – Куманово

Секторот за внатрешни работи Куманово го сомничи 25-годишниот М.М. од велешкото село Сливник, дека го управувал камионот во кој во петокот минатата недела беа откриени 33 мигранти, на стариот пат Скопје - Куманово. Како што информираат од МВР, против осомничениот е поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти. Министерството за внатрешни работи во саботата соопшти дека камионот, марка „мерцедес“, во кој биле...

Уште еден камион со 20 мигранти откриен кај селото Смоквица, Гевгелиско

Дваесет илегални мигранти вчера попладне, околу 14.50 часот, биле пронајдени во камион, со скопски регистарски ознаки, паркиран на бензинска пумпа во близина на селото Смоквица, Гевгелиско, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Камионот со мигрантите бил откриен од полициски службеници, кои вршеле редовна контрола и како што информираат од МВР, станува збор за кривично дело криумчарење мигранти. Од МВР засега нема...

Камион полн со мигранти откриен на стариот пат Скопје – Куманово

Камион полн со мигранти, меѓу кои жени и деца, вчера бил откриен на стариот пат Скопје - Куманово, објави телевизијата „ТВ 21“. Во напуштениот камион, според „Телма“, која се повикува на информации од полицијата, биле откриени 34 мигранти, од кои 16 биле ирачки државјани. Ним, бидејќи не се сметаат за економски мигранти и можат да го продолжат патот кон европските земји,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...