fbpx
Таг: камери

таг: камери

Внимавајте, објектот е под видео надзор

На влезот на повеќето деловни или службени објекти (супермаркети, продавници, канцеларии итн.), може да забележиме известувања за спроведување видеонадзор, односно знаци од типот „Внимавајте! Овој објект е под видеонадзор“. Може да претпоставиме дека овие натписи се ставени како еден вид закана за сите потенцијални прекршители на правилата на тие деловни објекти (како, на пример, кражби, оштетувања на стоката, допирање...

Предностите, ризиците и правилата за поставување на видео-надзор

Развојот на модерната технологија донесе многу придобивки, но и ризици на кои што е потребно да се посвети посебно внимание, особено со поставувањето на видео надзорот, со оглед дека во последно време стана „модерно” да се поставуваат камери во домовите, на работните места, јавните површини итн. Преку видео надзорот се обработуваат лични податоци, односно сликите и снимките од видео...

Кадрији: Злоупотребите на личните податоци се главно поврзани со компјутерски криминал

Околу 60 отсто од сите претставки што Агенцијата за заштита на личните податоци ги добива, се од граѓани кои бараат заштита поради тоа што некој незаконски објавил нивни лични податоци, видеа, фотографии, аудио снимки на социјалните мрежи или други веб страници на интернет (Facebook, Instagram, YouTube, Twitter, Pornhub, Snapchat, Tinder, Xhamster итн), без нивно знаење и согласност, што го...

Догодина видео надзор на сите клучки на автопатот Миладиновци – Штип

Јавното претпријатие за државни патишта планира наредната година да постави камери на сите осум клучки долж автопатот Миладиновци - Штип. Од претпријатието за „Мета.мк“ информираат дека ќе се воспостави видео - надзор на делницата долга 47 километри преку спојување на камерите со Контролниот центар на ова претпријатие во Петровец. - Долж автопатот Миладиновци - Штип е поставен оптички кабел сопственост...

Кривичен добил 6.000 евра за нови камери, но не ги набавил поради тендерот

Кривичниот суд во Скопје во декември, минатата година добил 350.000 денари (околу 6.000 евра) од Судскиот буџетски совет за да набави нови камери за снимање на судењата, но немал доволно време да ја спроведе тендерската постапка. Поради ова Судскиот буџетски совет на 31 декември ги повлекол парите назад. Ова денеска на бифинг со новинарите го соопшти претседателот на судот, Иван Џолев...

Груевски на судењето за „Шамари“ го снимаа две рачни камери без тон

Денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013, случај во јавноста познат како „Шамари“, во кој обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште десетина други лица, се снимаше со две рачни камери, откако вчера и денеска адвокатите на одбраната побараа и добија одложување на рочиштата за случаите „Траекторија“ и „Тотал“, бидејќи немаше услови за...

Обвинителството со анализа на видеоснимки ќе го бара убиецот од Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје ги зело и ќе ги анализира видеоснимките од камерите што се наоѓаат во околината на местото каде во петокот минатата недела, беше убиен 35-годишниот И.А. од селото Блаце. Од Обвинителството денеска соопштија дека надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни мерки за откривање на сторителот и на мотивот за убиството. „Обезбедени се видеозаписите од камерите што се...

Полицијата ќе снима со мобилни камери, проект на ИЦИТАП и на МВР

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, денеска го помовираа новиот мобилен систем за снимање со камери што ќе ги носат сообраќајните полицајци. Станува збор за заеднични пилот-проект на ИЦИТАП - Одделот за правда на САД во Македонија и на Министерството за внатрешни работи. Неговата цел е, како што посочи министерот Чавков, да се...

Нов Закон за полициското снимање на настани денеска пред пратениците

Денеска пратениците во Собранието на пленарна седница треба да одлучуваат по предлог-измените на Законот за полиција кои се однесуваат на снимањето на настани од страна на полицијата, кои се честа појава изминатиов период, особено за време на протестите на граѓанската иницијатива „Протестирам“ и на „Шарената револуција“. Според материјалот од предлог-измените, објавен на интернет-страницата на Собранието, станува збор за допрецизирање на...

Владата го одбила предлогот на Спасовски да им се попушти на автошколите

Владата на синоќешната седница го одбила предлогот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да се одложи обврската на автошколите за поставување на камери во возилата за обучување за кандидатите, брифираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Формулацијата на Владата, како што велат од МВР, била дека прелог-законот на Спасовски не е утврден, а објаснувањето било дека повеќето автошколи веќе...

Дали безбедносните камери го снимиле пукањето на Клинички?

Три дена по вооружениот инцидент, во кој беше ранет лекар хирург на Клиниката за дигестивна хирургија, надлежните не кажуваат дали дивеењето на осомничените било снимено на камерите од видеонадзорот и дали тие воопшто работат. Во 2008 година, Министерството за здравство набави и инсталираше околу 1.200 камери во Клиничкиот центар и во другите здравствени објекти за што се потрошени околу еден...

Жител на Октиси украл камери од џамија во Струга

Поради сомневања за сторена кражба, струшката полиција поднела кривична пријава против 40-годишниот М.Д., жител на селото Октиси. Според полициските информации, осомничениот на почетокот на минатиот месец од ѕидовите на џамијата „Алвети Хасан Баба“ во Струга извадил две камери, чија вредност била проценета на околу 18.000 денари, и ги однел во Октиси. Четири дена по кражбата, полицијата го открила осомничениот и ги нашла камерите,...

Јанкулоска за „Монструм“: Камерите се спремни, ама дали ќе завршиме со убиствово?

„За жал, камерите кога се случи грозоморното убиство не беа во функција и не можевме да сметаме на една ваква технолошки моќна алатка за разоткривањето на најтешкото кривично дело со кое сме се соочиле. Меѓутоа, со несебично залагање на сите припадници на Министерството за внатрешни работи, кои буквално деноноќно работеа на терен од моментот кога се случи убиството до...

Од три улици во Тетово крадел „ајфони“, камери, цигари…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.А. (23) од Тетово, за сторени пет тешки кражби и два обида за тешка кражба. Во периодот од август до октомври 2014 година, на градското подрачје на Тетово, на улиците Илинденска, ЈНА и Страшо Пинџур, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден предмет, вршел тешки кражби во супермаркети, продавници, кафулиња и аптеки, при што одзел...

Веб-страница пренесува снимки од хакирани безбедносни камери, 56 од Македонија

На веб-страницата „Инсекам“ (Insekam) собрани се преку 73.000 стримови во живо од безбедносни камери, чии сопственици не ја промениле основната лозинка. Во Македонија има 56 такви сигуроносни камери, кои се поставени во Битола, Гостивар и во Добри Дол. „Инсекам“ тврди дека емитува стримови од камери од целиот свет, вклучувајќи преку 11.000 од САД. Покрај снимки од паркиралишта, фабрички погони и продавници, на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...