fbpx
Таг: каменолом

таг: каменолом

Жителите од струшкото село Лабуништа се гушат во прашината на осумте каменоломи

Жителите од струшкото село Лабуништа се гушат во прашината на осумте каменоломи. Осум илјади жители на ова село секојдневно мака мачат со загадувањето од каменоломите кои се лоцирани во непосредна близина на самото село. Уште пред повеќе од три години, беше формирана и локална комисија составена од советници во претходниот состав на Советот на Општина Струга и општински инспектори, која...

„Стентон градба“ привремено го затвори каменоломот над Битола

Концесионерот на каменоломот на Билбил-камен во близина на Битола, фирмата „Стентон градба“, одлучи привремено да престане со работа сè додека не добие интергирана еколошка дозвола Б од надлежните институции. Ова денеска, на прес-конференција кај каменоломот, го изјави Гоце Стојановски, инженер во фирмата. Според Стојановски, ставањето во мирување на рудникот претставува добар гест поради загриженоста на граѓаните на Битола, која, како...

Каменоломот над Битола продолжува со ископ на гранит и покрај изречената забрана

Во каменоломот над Битола и понатаму се ископува гранит и покрај забраната за работа. Фирмата „Стентон градба“, која стопанисува со каменоломот, не успеа да добие интергирана дозвола Б, потребната за работа, но инспекцискиот надзор на Општина Битола на самото место констатирал дека и понатаму се експлоатира руда. На 31 март инспекции почнале и постапка за изрекување глоба на фирмата концесионер. Ова...

Каменоломот кај Битола не доби Б-интегрирана еколошка дозвола за работа

Новиот рудник за гранит на Билбил Камен над Битола не успеа да ја добие Б-интегрираната еколошка дозвола за работа. Од Општината Битола за „Мета“ потврдуваат дека каменоломот сè уште ја нема оваа дозвола за ископ на руда. Вчера бил последниот ден кога требало да се издаде потребната дозвола. Рудникот е во близина на магистралниот пат од Ресен за Прилеп, кој...

Основното јавно обвинителство – Гостивар трага по напаѓачите на британски државјанин

Британски велосипедист бил пресретнат и нападнат од три непознати лица, вчера на патот од одморалиштето Бунец кон Маврово, соопштија од Јавно обвинителство. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар зел изјава од оштетениот и издал наредби за да се расветли настанот. „Според исказот на оштетениот, лицата го врзале, го внеле во возилото и во исто време му ги одзеле...

Протест против изградба на каменолом во гостиварска Горна Бањица

Жителите од гостиварското село Горна Бањица претпладнево протестираа против одлуката во близина на нивното село да се изгради каменолом. Се работи за ископ кој, според локалните жители, ќе ја загади околината, а ќе создава и голема бучава. - Како што е планирано, каменоломот ќе се наоѓа на 20 метри од стадионот и на стотина метри од селото. При секое минирање ќе се...

Новиот каменолом отвори жестока расправа во битолскиот општински Совет

Новиот рудник за експлоатација на минерали, каменоломот покрај Битола, денеска предизвика жестока расправа во битолскиот општински Совет, особено на темата како тој ќе влијае врз животната средина  во градот и во регионот. Опозицијата пред две недели откри дека во местото Билбил Камен, во близина на Битола, веднаш над населбата Довлеџик, се отвара нов каменолом, за што побара од власта анализа...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...