fbpx
Таг: камати

таг: камати

За амортизирање на кризата: Просечната камата на кредитите 5,67 отсто, а на депозитите 1,15 отсто

Неколку банки во земјава (НЛБ Банка, Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје, УНИ Банка и Халк банка) ги објавија понудите за промена на кредитните услови за граѓаните согласно новите законски прописи кои имаат за цел да се амортизира ударот од кризата предизвикана од корона вирусот. Заедничко за сите нив е што каматите на дадените кредити продолжуваат да течат и за време...

Зголемена побарувачка за станбени, намален интерес за потрошувачки кредити

Околу една третина од банките укажуваат на зголемување на побарувачката за станбени кредити во последното тримесечје од минатата година, за разлика од претходните три месеци кога банките сигнализирале намалување на интересот за овој вид кредити, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност на банките. Кај потрошувачките кредити се забележува намалување на нето-побарувачката. Во четвртото тримесечје од 2019 година се...

Конкуренцијата ги тера банките да ги намалуваат каматите на кредитите

Олеснување на кредитните услови за граѓаните има во третото тримесечје од 2019 година, кое е поизразенo во споредба со претходните три месеци, покажуваат податоците од најновата анкета за кредитната активност на Народната банка. Од факторите коишто предизвикуваат промена на условите за одобрување кредити, конкуренцијата од другите банки и натаму е фактор со најизразено влијание врз олеснувањето на условите за одобрување...

Европски правила за задоцнето плаќање со нов закон за облигациони односи

Министерството за правда подготвува предлог-закон за облигационите односи со кој би требало да има усогласување на домашната регулатива со четири европски директиви во однос на задоцнетото плаќање и казнените камати, правата на потрошувачите, на патниците и на самовработените трговски застапници. „Постојниот Закон за облигационите односи е донесен во 2001 год. Со истиот за прв пат се напуштија некои концепти и...

Банките ги намалија каматите, ама заработија милиони евра на провизии

Пораст на приходите од провизии и надоместоци откриваат финансиските извештаи на повеќето македонски банки за работењето во првото полугодие од годинава во услови на историски најниски каматни стапки и намалување на приходите од камати. Дваесет или 30 денари за одржување на картични и трансакциски сметки, различни надоместоци за платен промет, еднократни казни за доцнења при уплата на картици... Најновите биланси...

Експанзија на „легалната“ лихва на грбот на граѓаните: експрес-кредити без камата но со највисоки трошоци

Финансиските друштва за експрес-кредити во последните години се во голема експанзија и покрај критиките во јавноста дека, иако често пати се рекламираат дека не наплаќаат камата, сепак наплаќаат убедливо највисоки трошоци на пазарот, односно многу поголеми од тие на банките. Тоа го констатира и Народната банка. „Активностите на финансиските друштва опфаќаат „брзо“ одобрување кредити на мали износи, но со исклучително...

Од денеска вишокот пари наместо во банка може да се инвестира и во државни обврзници

Граѓаните и деловните субјекти во иднина ќе треба добро да размислат пред да одлучат дали своите заштеди ќе ги пласираат како депозити во домашните банки или пак ќе се решат да инвестираат во државни обврзници. Почнувајќи од денеска на официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност започна тргувањето со 132 емисии на државни обврзници, со вкупна номинална вредност...

Мираковска: Се создаде законска можност да се отпишат долговите на граѓаните

Пратеничката од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата, Соња Мираковска денеска информираше дека со усвојувањето на Законот за отпишување на камата на долгови, создадена е можноста да се отпишат долговите кои со години ги мачат илјадници семејства во Македонија. - Ова финансиско олеснување за граѓаните е конечно решение за граѓаните кои од 2011 година се соочуваат со огромни долгови по основ...

Тевдовски: За сегашната нова зграда на Клинички парите ќе се враќаат

Државата ќе врати 70 милиони евра во Банката на Советот на Европа што беа наменети за проектот за изградба на Клинички центар и од септември, заедно со оваа институција и експерти од Европската комисија, ќе почне да се работи на изноѓање решение за Клинички центар што ќе даде современа здравствена услуга на едно место. Тоа беше кажаното од министерот за...

Елези: Се намалуваат трошоците за брзите кредити до 200 евра

Високите трошоци за брзите кредити се намалуваат, а тоа ќе се овозможи со законските измени, кои ги изготви Министерството за финансии. Вкупните годишни трошоци за потрошувачки кредити се ограничуваат на 55 отсто од кредитот, а порано годишните трошоци не беа ограничени и достигнуваа и до 500 отсто од кредитот. Со измените се опфаќаат и мали кредити под 200 евра кои...

Власта и опозицијата се договорија за закон за отпишување камата за наплата на долгови

Пратеничката Соња Мираковска од владејачкото мнозинство денеска на прес-конференција изрази задоволство што парламентарни партии постигнале консензус за предлагање и усвојување на закон за отпишување на камата за наплата на долгови. Предлог-законот, како што истакна Мираковска, е од исклучително значење за граѓаните на Република Македонија. - Законот за отпишување на камата за наплата на долгови, што го предложивме вчера, обезбедува отпис на...

Утре е последен ден за пленарна седница и за изгласување на ребалансот на буџетот

Пратениците ја завршија денешната расправа за ребалансот на буџетот, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, продолжението на седницата го закажа за утре, со почеток во 11 часот. Утре е последен ден за пленарна расправа и се очекува пратениците да го изгласаат ребалансот на буџетот за 2017 година. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека вака како што е проектиран, ребалансот на буџетот нема...

Повлекувањето депозити од банките немало поголемо влијание врз кредитите

Во услови на домашна политичка нестабилност, во вториот квартал од 2016 година, активата на банкарскиот систем забележа пад од 1,5 отсто, информираат од Народна банка. Оваа состојба особено била изразена во април и во мај, кога влошените очекувања на економските субјекти доведоа до повлекување депозити од банките. Со повлекувањето на депозитите од банкарскиот систем во второто тримесечје од 2016 година, се намалија...

Граѓаните во јуни повеќе штеделе во денари

Забавување на падот на вкупниот депозитен потенцијал и мало зголемување на штедењето на населението е забележано во јуни, информираат од Народна банка. Населението повеќе штедело во денари отколку во странска валута. - Ваквото однесување покажува значително подобрување на перцепциите на субјектите, а делумно може да е реакција на поместувањата во каматната политика на банките. Имено, во јуни за првпат по подолг временски период, се...

Миноски не одговори дали и без обврзницата во буџетот има пари за плати и за пензии

Министерот за финансии Кирил Миноски, по завршувањето на редовната седница на Комитететот за финансиска стабилност, не одговори на новинарско прашање дали и без парите од еврообврзницата во буџетот има доволно средства за плати и за пензии. Тој истакна дека парите од еврообврзницата ќе се користат за буџетските потреби за оваа и за следната година и дека имало потреба од нејзино издавање. -...

Богов: Повлекувањето на депозити речиси целосно запре

Повлекувањето на депозитите речиси целосно запре и во изминатите две недели имаме стабилизирање на ситуацијата, изјави гувернерот Димитар Богов во интервју за „Ројтерс“. - Има показатели дека граѓаните ги враќаат депозитите во банките, поради што сметаме дека најлошото е завршено - истакна Богов. Имено, во април граѓаните повлекоа рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките, што е 1,6 отсто од вкупните...

Комерцијална банка ги зголеми каматите на кредитите и на денарските штедни влогови

Комерцијална банка ги зголеми каматите на дел од денарските кредити за население за максимум 0,5 проценти годишно. - Согласно Договорот за кредит, Банката ќе испрати писмено известување на домашна адреса на корисниците на кредит, кое содржи податоци за извршената промена, висината на каматната стапка и податоци за висината на месечниот ануитет по промената на каматната стапка - информираат од таму. Истовремено, банката не изврши...

СДСМ: Груевски е директно одговорен за зголемувањето на каматните стапки

„Цели 10 години, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја опустошуваат економијата и затоа кредитниот рејтинг на Македонија е опаднат за цели две нивоа. Груевски ја носи директната одговорност за зголемувањето на каматните стапки“, се вели во соопштението на СДСМ, а по повод зголемувањето на каматните стапки од страна на Народна банка. Во него се додава дека „каматната стапка на еврообврзницата издадена во 2009...

Наумов: Енормно зголемување на каматните стапки во услови на пад во Европа

Министерството за финансии за само една година енормно ги зголеми каматните стапки на државните записи, во услови кога каматните стапки во цела Европа опаѓаат, вклучително и референтната каматна стапка на Европската централна банка, која е на историско најниско ниво од 0,05 отсто, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Според него, на денешната аукција на државни...

Банките лани заработиле 75,4 милиони евра

Банките лани заработиле 75,4 милиони евра, што во однос на 2014 година има зголемување за 47,3 отсто, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор лани, односно околу 80 отсто е направен во големите банки. Средните банки заработиле 16 милиони евра, додека пак кај малите банки значително е намалена и загубата, од 1,5 милиони евра во 2014 година на...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...