fbpx
Таг: Калифорнија

таг: Калифорнија

Погрешно се толкува новиот закон во Калифорнија за старателство врз децата

Новиот закон во Калифорнија не значи дека родителите ќе го изгубат старателството ако не прифатат транзиција на полот на нивното дете. Калифорнија е заговорник за споделено родителство и споделено старателство, а во одлучувањето за секое дете поединечно од страна на судовите ќе се земаат предвид бројни фактори, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме објава на...

Калифорнија тужи пет нафтени гиганти како главни виновници за климатските промени

Американската сојузна држава Калифорнија подигна обемна тужба против нафтените гиганти „ЕксонМобајл“, „Шелл“, „Би-пи“, „КонокоФилипс„ и „Шеврон“, како и против Американскиот нафтен институт (АПИ), а поради повеќедецениско потценување на сознанието дека употребата на нафтени горива предизвикува климатски промени, пренесува Си-ен-ен. Тужбата, која ја поднел државниот јавен обвинител Роб Бонта во Врховниот суд на округот Сан Франциско, тврди дека обвинетите создале непријатности...

Калифорнија окована во студ: Снежни врнежи во Лос Анџелес и Холивуд

Снежни врнежи се регистрирани во Лос Анџелес, Холивуд и други населени места во јужните делови на Калифорнија, додека во Сан Франциско е измерена најниска температура во изминативе 132 години, јавува Би-би-си. Во Сан Франциско во петокот наутро е измерена рекордно ниска температура од 4 Целзиусови степени. Американските метеоролошки служби издадоа предупредување за снежна бура, ветер и поплави за десетици милиони...

Силен земјотрес ја погоди Калифорнија, десетици илјади лица се без струја

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Еурека во Северна Калифорнија рано во вторникот, јавува Си-ен-ен. Според Американскиот геолошки институт, земјотресот ги разбудил луѓето од сон, притоа оставајќи илјадници луѓе без струја и оштетувајќи најмалку еден мост. Земјотресот се случил во 2:34 часот по полноќ и бил со епицентар во Пацификот веднаш до брегот на...

Дезинформации поврзани со неодамнешните пожари во земјата и светот

Иако пожарите се трагични настани, сепак, креаторите на лажни вести не ја пропуштија можноста и од вакви несреќи да извлечат корист, пишува „КриТинк.мк“ во анализата „Топ-7 дезинформации за неодамнешните пожари во земјава и светот“. Ова лето се случија два огромни пожара во светот, гореше Сибир и гореше шумата во Амазон, а во Македонија гореше во Велес и Катланово. Паралелно со...

Калифорнија ќе забрани продажба на не-електрични возила во 2040 година

Секое ново возило што ќе се продава во Калифорнија од 2040 година ќе мора да биде електрично, односно воопшто да не испушта загадувачки гасови и честички, пропишува новиот предлог-закон што оваа седмица влезе во процедура во парламентот на сојузната американска држава. Предвидената забрана е поднесена од пратеникот Фил Тинг од Сан Франциско и е усогласена со целта на гувернерот на...

Во пожарите во Калифорнија 80 загинати и повеќе од 1.200 исчезнати

Бројот на исчезнати лица во големите пожари што ја зафатија Калифорнија од 8 ноември, ноќеска се искачи до повеќе од 1.200 луѓе, а бројот на загинати е 80, јавуваат медиумите од САД. Двата пожара што избија речиси истовремено се сметаат за најдеструктивните досега во оваа сојузна држава. Досега се идентификувани 63 тела на загинати, а пожарот зафати 1.040 квадратни километри. Најголемиот дел...

Полицаец од конвојот на канадскиот премиер повреден во судир со џип во САД

Полицаец на моторцикл кој бил во придружба на конвојот возила во кој бил канадскиот премиер Џастин Трудо бил повреден денеска во Калифорнија откако удрил во џип. Полицаецот е пренесен во болница со повреди, а Трудо не бил повреден. Несреќата ја предизвикал џип што нагло свртел лево додека возел пред конвојот. Несреќата се случила во јужна Калифорнија, кратко откако Трудо ја завршил...

Прва жртва на шумските пожари во Калифорнија

Жена чие што тело е пронајдено на местотот на сообраќајката на пат по кој се вршела евакуација во Јужна Калифорнија е првата потврдена жртва во серијата шумски пожари во оваа сојузна држава на САД. Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во Калифорнија поради пожарите во кои изгореа најмалку 500 куќи, а евакуирани се повеќе од 212.000 жители. Се очекува...

При пожарите во Калифорнија загинаа 35 лица, 600 се исчезнати

На северот на сојузната американска држава Калифорнија, 22 пожари досега однесоа 35 животи. Властите предупредуваат дека бројот би можел да се зголеми затоа што повеќе од 600 лица се водат како исчезнати. Најмалку 3.500 куќи и компании се уништени во најопасните пожари во историјата на Калифорнија, кои во неделата вечерта избија северно од Сан Франциско.

Сè поголем бројот на загинати во пожарите на северот на Калифорнија

Најмалку 17 лица загинале, а 150 се водат како исчезнати во пожарите што беснеат во северните делови на американската сојузна држава Калифорнија, јавуваат светските медиуми. Стотици пожарникари се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија во која досега изгореа 1.500 куќи, а десетици илјади лица се евакуирани. Работата на пожарникарите им ја отежнува ветерот, кој на моменти дува со брзина...

Најмалку 10 загинати во пожарите во Калифорнија

Најмалку десет лица загинале во пожарите што од вчера беснеат во американската сојузна држава Калифорнија, соопштиле утрово локалните власти, јавуваат светските агенции. Повеќе илјади лица биле евакуирани, а поради силниот ветер, пожарот се проширил на 14 места, изјавил на прес-конференција во Сакраменто Кен Пимлот, шеф на службата за заштита на шума. Пожарите се активни во осум окрузи во Северна Калифорнија, вклучувајќи ги...

Вонредна состојба во Лос Анџелес поради големиот пожар

Поради големиот пожар кој го зафати поголемиот дел на Лос Анџелес, гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба. Околу илјада пожарникари, со стотина противпожарни возила, како и девет специјализирани хеликоптери се вклучени во гаснењето на пожарот, кој досега уништи неколку станбени згради, куќи, а се приближува и до реонот на Бурбенк. Досега на реонот на Бурбенк се евакуирани повеќе од 300 куќи,...

Бројот на загинати во пожарот во Оукленд можно е да достигне 40 лица

Властите во градот Оукленд, во американската сојузна држава Калифорнија, стравуваат дека бројот на загинати во пожарот што избувна во магацин од зграда за време на забава, би можел да изнесува неколку десетици лица, јавуваат светските медиуми. Локалните власти веќе ја потврдија смртта на девет лица кои присуствувале на забавата, но оттаму посочиле дека бројот на загинати можно е да достигне 40...

Најмалку девет загинати во пожар во Оукленд, Калифорнија

Најмалку девет лица загинале, а 25 се водат како исчезнати во пожар во градот Оукленд, во американската сојузна држава Калифорнија. Пожарот избувнал во магацин во зграда во кој се одржувала забава, соопштиле денеска од локалната противпожарна служба, додавајќи дека засега сè уште не е позната причината за пожарот. Пожарот избувнал триесетина минути пред полноќ, според локално време, а од огнот...

Калифорнија воведе состојба на подготвеност поради можен земјотрес

Жителите на Северна Калифорнија се во состојба на подготвеност до вторник поради зголемена можност од силен земјотрес, соопштија официјални лица. – Такви предупредувања обично се соопштуваат еднаш или двапати годишно - изјави претставник од кабинетот на гувернерот, задолжен за вонредни ситуации. Експерти предупредуваат дека веројатноста за земјотрес со интензитет од 7 степени или посилен во областа Сан Андреас е еден спрема...

Над 80 илјади лица евакуирани поради огнената стихија во Калифорнија

Стотици пожарникари се борат со шумскиот пожар кој го зафати јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија. Поради огнената стихија, која досега опустошила површина од 12.140 хектари, евакуирани се над 80.000 луѓе, јавуваат светските агенции. Пожарот, кој избувнал вчера утро северно од градот Сан Бернардино, во подрачјето на планинскиот премин Кахон, досега уништил голем број на објекти, соопштиле претставници...

Стотици евакуирани поради пожарите во близина на Лос Анџелес

Неколку стотици жители на Лос Анџелес се евакуирани поради шумските пожари што зафатија повеќе од 20 квадратни километри во близина на градот, јавуваат американските медиуми. Поради огнената стихија која беснее на околу 40 километри од Лос Анџелес, 750 жители од загрозените подрачја биле принудени да ги напуштат своите домови. Во пожарите засега нема жртви, но властите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа. Двата пожари,...

Идентификувани напаѓачите во Сан Бернардино

Властите на американскиот град Сан Бернардино ја идентификуваа двојката што уби најмалку 14 лица во пукањето во зградата на регионалниот центар „Инленд“, како Сајед Ризван Фарук (28) и Ташфин Малик (27). Шефот на полицијата во калифорнискиот град, Џарод Берган, рече дека Фарук е роден во САД и дека бил административен работник во центарот „Инленд“. Напаѓачите биле гости на забава во центарот, кој во еден...

САД: Убиени 20 лица при пукање во Калифорнија

Засега непознат број лица убиле 20 луѓе во близина на голф-терен во градот Сан Бернандино во Калифорнија, објави „Би-Би-Си“. Полицијата ги предупреди граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот. Пожарникарската служба на Сан Бернандино на „Твитер“ сподели информација дека нејзините единици реагирале за инцидент во кој има 20 жртви и дека се работи на расчистување на случајот. https://twitter.com/SBCityFire/status/672131690978906112 Портпаролката на полицијата во Сан...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...