fbpx
Таг: Кабул

таг: Кабул

Пендаровски: Конфликтите, тероризмот, пандемијата и нестабилноста ги нарушуваат начините на живот ширум светот

Државите ја имаат главната одговорност кога станува збор за заштитата на бегалците и човековите права. Затоа мораме да предничиме во исполнувањето на обврските преземени со Глобалниот договор за бегалците и Глобалниот форум за бегалци, порача претседателот Стево Пендаровски во неговото денешно обраќање на Меѓународниот форум за заштита на бегалците, организиран од Центарот за право на бегалци и миграција при...

Истрелани ракети кон аеродромот во Кабул, силите на САД ги уништиле

Пет ракети утрово биле испукани од автомобил во правец на меѓународниот аеродром во Кабул, главниот град на Авганистан, но биле навремено уништени од системите за ракетна одбрана на САД, јави Би-Би-Си. Белата Куќа го потврдила нападот, но рекла дека и покрај него, ќе продолжи евакуацијата од Кабул без посебни измени. Авганистански медиуми објавија дека пет ракети биле испалени од автомобил во...

Над 100 загинати во нападите на аеродромот во Кабул, 13 од нив војници на САД

Повеќе од 100 луѓе, од кои 90 Авганистанци и најмалку 13 војници на САД, ги загубија животите во вчерашните бомбашки напади пред аеродромот во Кабул, главниот град на Авганистан, како и во неговата близина, кажуваат најновите податоци од утринава, известува Би-Би-Си. Една експлозија во толпата луѓе што чекаа шанса да бидат евакуирани со авион од аеродромот што го контролираат вооружените...

На аеродромот во Кабул и до 50 полетувања и слетувања за евакуација

Додека евакуацијата на аеродромот на Кабул продолжува, ситуацијата на, и околу аеродромот станува сè подраматична. Така, покрај илјадниците Авганистанци што чекаат евакуација стравувајќи од насилство и убиства од Талибанците, вчера и денеска некои клучни земји од Западот повикаа нивните државјани да не одат на аеродромот поради сигнали за можни терористички напади. Под координација на американската војска, повеќе од десетина земји...

„Airbnb“ понуди бесплатно сместување за 20.000 Авганистанци

Онлајн платформата за сместување „Airbnb“ соопшти дека привремено ќе смести 20.000 авганистански бегалци бесплатно за да им помогне  да се преселат секаде низ светот, јавуваат светските новински агенции. Од платформата велат дека овој потег е одговор на една од најголемите хуманитарни кризи на нашето време. „Стана извонредно јасно дека раселувањето и преселувањето на авганистанските бегалци овде во САД и на другите...

Опасност од терористички напади – западните земји повикаа да не се оди на аеродромот во Кабул

Амбасадите на Германија, САД, Велика Британија и Австралија во главниот град на Авганистан ги повикаа претпладнево своите државјани да го избегнуваат по секоја цена аеродромот во Кабул, поради прилично сигурни дојави за ризик од терористички напади кај портите на аеродромот. Амбасадата на САД повика американските граѓани да не се приближуваат кон аеродромот во главниот авганистански град, поради зголемена опасност од...

Престрелка на аеродромот во Кабул, еден Авганистанец загинал

Во престрелка во која учествувале авганистанските безбедносни сили, но и германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, утрово е убиен еден авганистански војник, а тројца се ранети, пренесува „Дојче Веле“. Според информацијата која Бундесверот (германската војка) ја објави на Твитер, престрелката се случила од 4:13 часот по локално време на северната порта на аеродромот, а нема...

Талибанците влегуваат по домови и бараат соработници на НАТО и на досегашната влада на Авганистан

Според документ од Обединетите Нации, Талибанците во Авганистан ги засилиле своите потраги по луѓе што работеле за силите на НАТО и на доскорешната влада на Авганистан. Милитантите одат од врата на врата за да ги најдат луѓето од списоците и се закануваат на нивните семејства, пренесува Би-Би-Си. Од преземањето на контролата над земјата во неделата исламистичкото движење ги убедуваше Авганистанците...

МНР: Сите македонски државјани пријавени за евакуација го напуштија Кабул

Сите македнски државјани што беа пријавени за евакуација, веќе го имаат напуштено Кабул, главниот град на Авганистан и во моментов се наоѓаат на неколку локации, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија; над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон...

Хаос на аеродромот во Кабул, цивили се обидуваат да се качат на воените авиони за евакуација

На аеродромот во Кабул има голем метеж со стотици Авганистанци на и околу пистите, кои се надеваат дека ќе успеат да се качат на некои од авионите, воени или цивилни, што би полетале по воените авиони со кои се врши евакуација на персонал на амбасади и на некои организации, јави Би-Би-Си. Медиумот објави видео со десетици мажи што трчаат по...

Влада: Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни

Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни и се работи на нивна брза евакуација, Северна Македонија се приклучува на глобалната хуманитарна мисија за спас на локалното население, соопшти Владата, нагласувајќи дека со внимателност ја следи ситуацијата во Авганистан и е во постојана координација со сојузничките држави од НАТО Алијансата, а првенствено со САД. Владата е во директна комуникација со...

Талибанците ја прогласија војната за завршена, по претседателот на Авганистан, заминуваат и дипломатите

Талибанците ја прогласија за завршена војната во Авганистан по преземањето на претседателската палата, откако претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата. Припадниците на исламистичкото движење вчера влегоа во Кабул без да наидат речиси на никаков отпор, а Гани замина велејќи дека сака да избегне крвопролевање. Според најновите информации, тој сега се наоѓа во Оман. Во меѓувреме стотици Авганистанци се обидуваат...

Талибанците околу Кабул, за неколку часа мирно ќе ја преземат власта над Авганистан

Според авганистанската телевизија „1 ТВ Њус“, во претседателската палата во Кабул се одвиваат преговорите на Талибанците, кои веќе навлегуваат во главниот град на Авганистан, и авганистанската влада и претседател за мирно примопредавање на власта во следните неколку часа. Талибанците веќе контролираат 90 отсто од територијата на Авганистан и сите гранични премини. Во Кабул, иако нема известувања за посериозни борби, огромен...

Авганистанската влада ги засилува мерките за безбедност во Кабул

Авганистанската влада одобри нов безбедносен план за Кабул по низата напади на милитантите на главниот град, јавуваат светските агенции. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Нусрат Рахими изјавил дека планот ќе биде имплементиран во следните две недели. Тој изјавил дека повеќе од 100 улици кои водат кон центарот на Кабул ќе бидат под строг надзор. Планот содржи 52 мерки и...

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот на хотелот во Кабул

Одговорноста за синоќешниот напад врз хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул ја презедоа талибанците. Во нивното образложение се вели дека пет напаѓачи со самоубиствени појаси барале странци и припадници на авганистанската власт. Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид изјавил дека бунтовниците првично планирале хотелот да го нападнат во четвртокот вечерта, но нападот се одложил затоа што во тоа време таму се одржувала свадба,...

Убиени напаѓачите на хотелот во Кабул, пет лица загинати

Нападот на хотелот „Интерконтинентал“ во главниот град на Авганистан, Кабул е завршен, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Надиб Даниш. Четворицата напаѓачи се убиени, а 153 луѓе биле спасени, вклучувајќи и 41 странец. По 13 часа судир со напаѓачите од хотелот, загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и еден странец а вкупно шест се повредени за време на...

Експлозија во Кабул кај американската амбасада, четворица мртви

Силна експлозија одекнала во Кабул кај американската амбасада. Според локалните власти, четири лица загинале, а најмалку деветмина се повредени. Експлозијата се случила на централниот плоштад Масуд, каде што се наоѓаат бројни амбасади и на други западни земји. Авганистанската полиција соопштила дека мета на нападот најверојатно била филијалата на „Кабул банка“. Според локалните медиуми, од јачината на експлозијата оштетени биле неколку згради. https://twitter.com/SputnikInt/status/902431209866846208

Автомобил бомба усмрти 49 лица во Кабул

Во експлозија во дипломатскиот дел на Кабул, утринава загинаа 49 лица, а 300 се повредени, соопшти авганистанското министерство за здравство, додавајќи дека ова се првични бројки и дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголемува. Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека автомобил бомба експлодирал во дипломатскиот дел на Кабул, односно во делот на градот каде се наоѓаат неколку амбасади...

Триесет убиени и десетици повредени во нападот на болницата во Кабул

Најмалку 30 лица се убиени, а десетици се повредени во нападот на воената болница во Кабул, која се наоѓа во непосредна близина на американската амбасада, соопшти авганистанското министерство за одбрана. Напаѓачите влегле во болницата облечени во лекарски униформи по експлозијата и пукањето. Воената болница има 400 легла и се наоѓа покрај две цивилни болници. Авганистанските командоси убиле четворица напаѓачи. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани...

Најмалку 27 загинати во самоубиствен напад во Кабул

Најмалку 27 лица загинаа денеска во Авганистан, а 35 се повредени во самоубиствениот бомбашки напад на шиитска џамија, соопшти полициски претставник. Министерството за внатрешни работи потврди дека нападот на се случил во џамијата во западниот дел на Кабул. Шефот на полицијата во Кабул, Фаредун Обиади, рече дека напаѓачот дошол пеш и го активирал експлозивот меѓу верниците во џамијата.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...