fbpx
Таг: ЈужнаКореја

таг: ЈужнаКореја

Јужна Кореја: Доживотен затвор за капетан на брод поради несреќа

Врховниот суд на Јужна Кореја денеска ја потврди доживотната затворска казна за капетанот на ферибродот што потона минатата година, при што загинаа повеќе од 300 лица, кои оделе на школска екскурзија. Официјалните претставници на Врховниот суд рекле дека е потврдена одлуката на нижиот суд, според која Ли Јун-сеок (70) е осуден на доживотна казна затвор поради обвинението кое вклучува и убиство. Судот оценил...

Картер: Северна Кореја нама шанси да ја победи Јужна Кореја

Северна Кореја нема никакви изгледи за воена победа над Јужна Кореја и над нејзините сојузници, изјави вчера американскиот министер за одбрана Ештон Картер, неколку дена откако се зголеми напнатоста на полуостровот. - Мораме да ги увериме Севернокорејците дека ќе следи одговор на секоја провокација и дека немаат никакви изгледи да ја победат Јужна Кореја и нејзиниот американски сојузник - рече Картер. САД...

Постигнат договор помеѓу Јужна и Северна Кореја

Јужна Кореја и Сверна Кореја денеска постигнаа договор по маратонските разговори посветени на смирувањето на тензииите помеѓу двете земји. Сеул и Пјонгјанг потпишаа договор за мир на Корејскиот полуостров, после неколку кризни дена во кои двете страни употребија оружје на границата. Сверна и Јужна Кореја во саботата започнаа преговори на највисоко ниво, во обид да пронајдат решение за излегување од кризата...

Јужна Кореја: Нема да прекинеме со емитувањето пропагандни пораки

Парк Гуен Хје, претседателката на Јужна Кореjа изјави дека Сеул нема да го прекине емитувањето на пропагандните пораки на границата на Јужна и Северна Кореја, ако Северна Кореја не се извини за провокациите кон Сеул. –Северна Кореја треба да упати јасно извинување и да гарантира дека нема да има натамошни провокации-рече Гуен Хје, префрлувајќи ја вината на Пјонгјанг за предизвикување...

Јужна Кореја евакуира население по размена на оган со Северна Кореја

Јужна Кореја наредила евакуација на нејзиното население долж западниот пограничен регион, откако денеска наутро дошло до размена на оган со Северна Кореја, јавуваат светските агенции. Според информациите, Северна Кореја испукала граната кон единица на јужнокорејската војска, по што од југот возвратиле со повеќе истрели од артилериско оружје, соопштило министерство за одбрана на Јужна Кореја, јавува „Би-Би-Си“. Во враска со инцидентот, за...

Сеул и Пекинг: Јапонија не се извини доволно

Јапонија која ја одбележа 70 годишнината од крајот на Втората светска војна, денес со соочи со критики од Јужна Кореја и Кина, која ја обвинија дека не се извинила доволно за своите злодела во текот на војната. Јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хје побара од Јапонија да ги усогласи своите зборови и дела откако во петокот јапонскиот премиер Шинзо Абе изрази жалење...

Погубен вицепремиерот на Северна Кореја

Вицепремиерот на Северна Кореја, Чое Јонг-гон, бил погубен во мај оваа година, по наредба на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун, соопштиле властите на Јужна Кореја, врз основа на извештаите од надзорот на состојбите кај северниот сосед, јавува „Би-Би-Си“. Тој бил погубен откако, наводно, „изразил несогласување со политиката за пошумување на младиот лидер“, соопштила јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, која обично прва ги...

Се самозапалил пред јапонската амбасада во Сеул

Еден постар Јужнокореец се самозапали пред Амбасадата на Јапонија во Сеул, на протест одржан неколку дена пред одбележувањето на 70-годишнината од јапонската колонизациска окупација на Корејскиот Полуостров. Човекот, за кој медиумите јавуваат дека има околу осумдесет години и оти не е во животна опасност, се запали во текот на демонстрациите на кои учесниците барале раководството на Јапонија да се извини...

Северна Кореја воведува своја временска зона

Северна Кореја ќе премине во нова временска зона, а во рамките на одбележувањето на нејзиното ослободување од јапонската окупација и на крајот на Втората светска војна, соопштија државните медиуми во земјата. Северна Кореја во моментов е во иста временска зона со Јужна Кореја и со Јапонија, кои се девет часа пред Гринич. Пјонгјанг, според најавите, ќе ги врати часовниците за 30...

Јапонија, Кина и Јужна Кореја на трилатерален самит оваа есен

Јапонија, Кина и Јужна Кореја планираат да одржат трилатерален самит оваа есен за ублажување на дипломатската напнатост во односите помеѓу тие земји. Самитот треба да се одржи помеѓу септември и ноември во Јужна Кореја. Истовремено, Токио и Сеул ја разгледуваат можноста за организирање на прва билатерална средба на јапонскиот премиер Шиноз Абе и јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе на маргините на тој...

Нови осум случаи на БИРС во Јужна Кореја

Јужна Кореја соопшти дека се регистрирани осум нови случаи на блискоисточен респираторен синдром (БИРС) и уште едно лице починало, со што вкупниот број на жртвите од овој вирус се искачи на 20. Вкупно 162 лица се заразени со овој вирус во Јужна Кореја, од минатиот месец, кога почна најголемата епидемија надвор од Саудиска Арабија. Јужнокорејското министерство за здравство соопшти дека 19...

Сè поголем бројот на починати од БИРС

Во Јужна Кореја пријавени се уште пет случаи на заболени од блискоисточен респираторен синдром (БИРС), а бројот на починатите достигна 16. Вирусот погоди вкупно 150 лица, изјави јужнокорејскиот министер за здравство. Избивањето на БИРС довело до меѓународна загриженост за јавното здравство, ја забавува економијата на земјата и резултира со откажување на 100.000 туристички посети.

Јужна Кореја го потврди единаесеттиот смртен случај од БИРС

Властите на Јужна Кореа денеска ја потврдија и 11. жртва која починала од инфекција од вирусот блискоисточен респираторен синдром (БИРС). Министерството за здравство соопшти дека 72-годишна жена умрела денеска. Оваа пациентка починала од воспаление на белите дробови. Повеќе до 120 лица во Јужна Кореја се заразени со БИРС откако минатиот месец се појави првиот случај.

Се зголемува бројот за заболени од БИРС во Јужна Кореја

Министерството за здравство на Јужна Кореја соопшти дека се потврдени уште 14 нови случаи на блискоисточен респираторен синдром (БИРС). Бројот на заболените е зголемен на 122. Повеќе од илјада лица се наоѓаат во карантин поради епидемијата, а затворени се 2.474 училишта, вклучувајќи и 22 универзитети. Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, поради ситуацијата ќе ја одложи посетата на САД. Таа требаше...

Уште две лица загинаа од БИРС во Јужна Кореја

Во Јужна Кореја уште две лица починаа од Блискоисточен респираторен синдром (БИРС), соопштија денеска локалните власти. Вкупниот број на смртни случи се искачи на девет. Поради ситуацијата со епидемијата, претседателката Парк Геун-Хје ја одложи својата посета на САД од 14 до 18 јуни. Во Јужна Кореја се забележани 13 нови случаи на БИРС, а вкупно се заболени 108 лица. Повеќе од 3.000...

Сеул ја потврди седмата жртва на БИРС

Министерството за здравство на Јужна Кореја денеска потврди дека починал и седмиот пациент од инфекцијата со вирусот блискоисточен респираторен синдром (БИРС). Во соопштението се наведува дека Министерството реагирало на уште осум нови случаи, со што вкупниот број на заразени се искачил на 95. Корејските власти во меѓувреме затворија многу школи и универзитети. Нам Кјунг Пил, гувернер на Кјандиго, во која се наоѓа Сеул,...

Нападнат американскиот амбасадор во Јужна Кореја

Приврзаник на идејата за обединување на Јужна и на Северна Кореја, денеска го нападна американскиот амбасадор во Сеул, Марк Липерт, јавуваат јужнокорејски медиуми. Напаѓачот, кој, според медиумите, се викал Ким, во себе носел брич и извикувал: „Јужна и Северна Кореја треба повторно да се обединат“. Четириесет и двегодишниот Липерт, кој ужива голема популарност во Јужна Кореја, е полесно повреден. https://www.youtube.com/watch?v=mCw99k9wzAs

Јужна Кореја: Двајца загинати и 65 повредени во верижен судир

Две лица загинаа, а најмалку 65 се повредени во верижен судир во Јужна Кореја, во кој учествуваа стотина автомобили. Судирот, кој најверојатно се случил поради магла и замрзнатата улица, се случил во Сеул, на мост во близина на аеродромот „Инчеон“. Седуммина се потешко повредени, но бројот на загинатите би можел да се зголеми ако се има предвид дека спасувачките екипи сè уште...

Произведена е батерија што може да се витка

Иновациите во ИТ-светот се чести и интересни, но научниците од Јужна Кореја го воодушевија светот претставувајќи ја флексибилната батерија на саем во Јапонија. Батеријата „џеј флекс“ (J.Flex) е дизајнирана за да ѝ помогне на индустријата за мобилни уреди, која завладеа со светот. Ваквата батерија ќе помогне при дизајнирањето на идните уреди, затоа што нема да има потреба од ригидни батерии. Произведувачите и...

Јужна Кореја: Голем пожар во Виџеонбу

Три лица загинаа, а околу 100 се повредени откако пожар изби во станбена зграда во јужнокорејскиот град Виџеонбу. Според првичните информации, осуммина од повредените се во критична состојба. Локалните медиуми јавуваат дека жителите се евакуирани со хеликоптери и оти пожарот се проширил и на соседната зграда.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...