fbpx
Таг: Јужна Кореја

таг: Јужна Кореја

Бан Ки-мун се врати во Јужна Кореја, навестува претседателска кандидатура

Поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска се врати во својата земја, Јужна Кореја, каде многумина очекуваат да се кандидира за претседател на земјата. Бан пристигна во Сеул, а стотина приврзаници го пречекаа на аеродромот, извикувајќи го неговото име. Тој во обраќањето, кое го пренесуваше државната телевизија, рече дека ќе се посвети на постигнување национално единство. Бан Ки-мун и претходно...

Јужнокорејскиот парламент ѝ изгласа импичмент на претседателката на државата

Парламентот на Јужна Кореја денеска ѝ изгласа импичмент на претседателката на земјата, Парк Геун-хје, со што ги суспендираше нејзините извршни овластувања поради големиот корупциски скандал, јавуваат светските медиуми. Предлогот за отповикување на претседателката го поддржале 234 пратеници, а 56 биле против, од вкупно 300 членови колку што брои јужнокорејскиот парламент. За отповикување на Парк Геун-хје беше потребно двотретинско мнозинство, за...

Јужна Кореја тврди дека има план за целосно уништување на Пјонгјанг

Јужна Кореја има план за целосно уништување на севернокорејската престолнина Пјонгјанг, доколку тамошните власти покажат каков било знак дека подготвуваат нуклеарен напад, објавила јужнокорејската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на воени извори, пренесува „Би-би-си“. Воени извори за агенцијата рекле дека секој агол во Пјонгјанг „ќе биде целосно уништен со балистички ракети и со високо-експлозивни гранати“. Северна Кореја во петокот ја изведе петтата...

ОН најавија нови санкции кон Пјонгјанг по нуклеарната проба

Советот за безбедност на Обединетите нации се согласи да изрече нови санкции кон Северна Кореја, откако Пјонгјанг вчера ја изведе петтата и најсилна досега нуклеарна проба, јавуваат светските медиуми. Одлуката е донесена на вонредниот состанок на 15-члениот совет, јавува „Би-би-си“. Јужнокорејската претседателка, Парк Гуен Хје, вчера жестоко ја осуди нуклеарната проба и изјави дека „провокациите на Северна Кореја го забрзуваат нејзиното...

Северна Кореја ја изведе петтата нуклеарна проба, најсилна досега

Северна Кореја успешно ја извела петтата нуклеарна проба, најсилна досега, соопштија официјални јужнокорејски претставници кои остро го осудија новото тестирање, оценувајќи го како „чин на самоуништување“. Американските, европските и кинеските сеизмолошки служби вчеравечер регистрирале потрес, за кој се претпоставува дека е предизвикан од нуклеарната проба на Пјонгјанг. Нуклеарнот тест го потврди и Северна Кореја. „Нашите нуклеарни научници изведоа проба на најновата нуклеарна...

Кина жестоко се противи на американскиот антиракетен штит во Јужна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг на својата колешка, претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун Хје, ѝ соопштил дека Кина е против распоредувањето на американски противракетен штит во нејзината земја, јавуваат светските агенции. Си Џинпинг, за време на билатералниот состанок, на маргините на Самитот на Г20, кој се одржува во Хангџоу, Кина, ја предупредил дека неадекватното третирање на ова прашање не е добро...

Сеул тврди дека е погубен министерот за образование на Северна Кореја

Севернокорејскиот министер за образование е погубен, а уште двајца членови на режимот во Пјонгјанг биле испратени на превоспитување, објавија властите во Сеул. - Министерот за образование, Ким Јонг-џин, е погубен – изјави на прес-конференција портпаролот на јужнокорејското министерство за обединување, Јеонг Јоон-хее. Министерот Јонг-џин исто така бил и потпретседател на владата. Под обвинение дека е антипартиски и антиреволуционерен агитатор, Ким Јонг-џин бил...

Северна Кореја истрела балистичка ракета од подморница

Северна Кореја истрелала балистички проектил од подморница, јавува севернокорејската новинска агенција „Јонхап“. Проектилот од типот КН-11 бил истрелан од подморница на источниот брег на Северна Кореја и прелетал 500 километри пред да падне во Јапонското Море, соопштил претставник на властите на САД. Јапонскиот премиер Шинзо Абе потегот на Пјонгјанг го нарекол „пакосен чин“. Инаку, Обединетите нации ѝ забранија на Северна Кореја, за која...

Јужнокорејската морнарица пукала на севернокорејски брод

Јужнокорејската морнарица испукала предупредувачки истрели откако севернокорејски патролен брод и рибарски чамец ја минале спорната граница на Жолтото Mоре кај западниот брег на Корејскиот полуостров, изјавија претставници во Сеул. Двата пловни објекта, кои ја минале северната линија на раздвојување, во близина на јужнокорејскиот остров Јеонпиеонг, ја смениле насоката осум минути откако Сеул испукал предупредувачки истрели и се вратиле во севернокорејските...

Севернокорејски генерал пребегал во Јужна Кореја

Севернокорејски генерал со две ѕвездички минатата година побегал во Јужна Кореја и со тоа станал највисок воен офицер од Пјонгјанг кој пребегал, соопшти денеска јужнокорејската влада. Во соопштението, во кое не се открива идентитетот на офицерот, се наведува дека бил вработен во севернокорејскиот Главен разузнавачки уред и бил задолжен за шпионирање на Сеул, пренесува јужнокорејската агенција „Јонхап“. Информацијата ја потврдија портпаролите...

Северна Кореја истрелала две нови балистички ракети

Северна Кореја истрелала уште два нови балистички проектили, јавуваат јужнокорејските агенции. Според информациите што ги објавила јужнокорејската војска, ракетите прелетале 500 километри и паднале во морето во близина на градот Вонсана, во истиочниот дел на Северна Кореја. Минатиот месец Пјонгјанг лансираше шест проектили во море со помош на повеќеслоен состав за лансирање. Информацијата за лансирање на две нови ракети доаѓа во...

Пјонгјанг ги протера јужнокорејските работници од Кесонг

Северна Кореја денеска соопшти дека ги протерала сите јужнокорејски работници од индустрискиот комплекс Кесонг и го замрзнала имотот. Претходната одлука на Сеул да ги замрзне работите во оваа индустриска зона, откако Пјонгјанг тестираше ракета со долг домет, севернокорејскиот режим ја нарече објава на војна. Без разлика на нестабилните односи меѓу Сеул и Пјонгјанг во изминатите години, Кесонг бил само еднаш затворен...

САД, Јапонија и Јужна Кореја ја засилуваат размената на информации

Водечките воени претставници од САД, Јужна Кореја и од Јапонија договорија засилена размена на информации и координирани безбедносни напори поради засилување на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани. По вчерашниот состанок во Вашингтон, шефовите на одбраната на трите земји издале заедничко соопштение во кое се оценува дека четвртиот нуклеарен тест и неодамнешното лансирање на ракета со долг домет, кое го изврши...

Сеул со предупредувачки истрели кон севернокорејски брод

Јужнокорејската морнарица испукала предупредувачки истрели кон севернокорејски патролен чамец на поморската граница меѓу двете земји, еден ден откако Пјонгјанг соопшти дека лансирал набљудувачки сателит со помош на ракета со долг дострел. Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека севернокорејскиот брод влегол во нејзините територии на Жолто Море. - Бродот се повлекол набргу по предупредувањето – додаде министерството. Јужна и Северна Кореја...

Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел во вселената

Северна Кореја рано утрово лансираше ракета со долг дострел во вселената. Тоа предизвика загриженост кај соседите на оваа земја и во Вашингтон, поради можноста Северна Креја да располага и да тестира нуклеарно оружје. Државната телевизија на Северна Кореја соопшти дека лансирањето во вселената наредено од Ким Јонг Ун било „целосен успех.“ Јужнокорејските и американските воени претставници соопштија дека лансирањето е маска за тестирање балистички...

Јужна Кореја стрелала кон дрон на границата

Војската на Јужна Кореја денеска истрела предупредувачки истрели во правец кон севернокорејското беспилотно летало во близина на границата меѓу двете земји, пренесуваат локалните медиуми. Агенцијата „Јонхап“ пренесува дека дронот потоа се свртел и се вратил на север. Инцидентот се случил на јужнокорејскиот набљудувачки пункт Дорасан, на западниот дел на корејската демилитаризирана зона, пренесува „Спутник“. Јужна и Северна Кореја технички сè уште се...

САД ги активираат бомбардерите „Б-52“ над Јужна Кореја по провокациите од Пјонгјанг

Соединетите Американски Држави (САД) ги активирале своите авиони бомбардери од типот „Б-52“ во јужнокорејскиот воздушен простор, откако Северна Кореја пред неколку дена соопшти дека успешно тестирала „минијатурна“ хидрогенска бомба. Бомбардерите „Б-52“, како што пренесува „Би-Би-Си“, надлетале воздушна база во близина на границата со Северна Кореја. Северна Кореја на 6 јануари соопшти дека успешно тестирала „минијатурна“ хидрогенска бомба. САД ги осудија „провокациите“...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...