fbpx
Таг: Јужна Кореја

таг: Јужна Кореја

Северна Кореја ќе испрати 22 спортисти на ЗОИ во Јужна Кореја

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека спортистите од Јужна и од Северна Кореја заедно ќе маршираат на свечената церемонија на отворањето на претстојната Зимска Олимпијада во Пјонгјанг. ИОК, по денешниот состанок во Лозана со олимпските и државните претставници од двете земји, наведе и дека Северна Кореја на Зимските олимписки игри во соседната Јужна Кореја ќе ја претставуваат 22 натпреварувачи во 5...

Северна и Јужна Кореја постигнаа напредок во преговорите

Северна и Јужна Кореја постигнаа договор во преговорите чија цел е смирување на тензиите, соопштија двете страни после првата средба на официјални лица по две години. Двете земји се сложиле да ги стивнат сегашните воени тензии и да одржат воени преговори. После состанокот соопштија дека спортисти и севернокорејски официјални лица ќе отпатуваат на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат...

Северна Кореја сепак ќе учествува на Зимските олимписки игри

Северна Кореја ќе испрати свои спортисти на претстојните Зимски олимписки игри во Пјонгjанг, соопштија јужнокорејски функционери. Покрај натпреварувачите, на Игрите ќе присуствуваат и навивачи, беше соопштено по првата средба на високо ниво по повеќе од две години. Средбата се одржа во Панмунџон во демилитаризираната зона. Со цел да се овозможи настапот на Северна Кореја на Олимпијадата, Јужна Кореја ќе ја разгледа...

Папата предупредува дека нуклеарниот пожар може случајно да почне

Папата Франциск во обраќањето познато како „Состојба во светот“ апелираше до сите нации да го поддржат дијалогот со цел да се намалат тензиите на Корејскиот Полуостров и да се работи на правно обврзувачката забрана на нуклеарното оружје. - Нуклеарното оружје мора да биде забрането - изјави поглаварот на Римокатоличката црква, цитирајќи документ објавен од папата Јован Дваесет и трети за...

САД и Јужна Кореја ги одлагаат заедничките воени вежби

Соединетите Американски Држави се согласија да ги одложат заедничките воени вежби со Јужна Кореја до завршувањето на Зимските олимписки игри (ЗОИ), соопшти денеска Пентагон, јавуваат светските агенции. Портпаролот на Пентагон, Роб Мениниг изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп се консултирал со својот јужнокорејски колега Мун Џае-ин и се согласил воените вежби да бидат одложени. „Министеството за одбрана ја поддржува...

Јужна Кореја ѝ предложи преговори на Северна Кореја за учество на ЗОИ 2018

Јужна Кореја денеска ѝ предложи на Северна Кореја на 9 јануари да одржат преговори на кои делегациите на двете земји ќе разговараат за можно учество на Северна Кореја на Зимските олимписки игри (ЗОИ) оваа година. Ваквиот предлог доаѓа откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека ја разгледува можноста за испраќање на екипи на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во Јужна...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало да учествуваат на заедничка вежба со јужнокорејската војска, јавиле денеска медиумите во Сеул, пренесуваат агенциите. Според медиумите, во Јужна Кореја ќе бидат испратени шест авиони „Ф-22 раптор“ за воздушни борби и со можност за гаѓање цели на земја, кои во моментов се стационирани на јапонскиот...

Два земјотреса „близнаци“ во близина на нукеарна централа во Јужна Кореја

Два земјотресa со магнитуда од 5,5 и од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погодија подрачјето кај јужниот брег на Јужна Кореја, соопшти метеоролошката служба. Во соопштението се наведува дека станува збор за подрачје кое се наоѓа на шест километри северно од пристаништето Поханг. Епицентарот бил на 35 километри од нуклеарната централа, но не е пријавена штета. Потресите се почувствувале и во...

САД има бројни воени опции против Северна Кореја, вели шефот на Пентагон

Соединетите Американски Држави имаат „бројни“ воени опции против Северна Кореја, од кои повеќето не би ја загрозиле Јужна Кореја, односно би го поштедиле Сеул од брутален контранапад, изјвил американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, јавуваат светските агенции. „Пастојат многу воени опции кои можеме да ги примениме, заедно со нашите сојузници, за одбрана на сојузниците и на нашите интереси“, изјавил шефот на...

Вашингтон и Сеул телефонски разговараа за нуклеарниот тест на Северна Кореја

Претседателскиот кабинет на Јужна Кореја соопшти дека највисоките власти на Сеул и на Вашингтон разговарале по шестиот нуклеарен тест што го изведе Северна Кореја. Кабинетот соопшти дека американскиот советник за национална безбедност, Херберт Рејмонд Мекмастер, и неговиот корејски колега, Чунг Уи-јонг, телефонски се слушнале и разговарале околу 20 минути. Денешниот нуклеарен тест на Северна Кореја е најмоќен што досега таа држава го...

Американски бомбардери изведоа вежба во близина на Северна Кореја

Американските стратешки бомбардери, кои можат да носат нуклеарно оружје, изведоа заедничка вежба со јужнокорејските сили во близина на источниот брег на Јужна Кореја. Војската на Јужна Кореја соопшти дека станува за вежба во која учествуваат два американски бомбардери „Б-1Б“ и четири „Ф-35“ како и јужнокорејските бомбардери „Ф-15“. Северна Кореја потврди дека во вторникот лансирала ракета која ја прелетала Јапонија и дека...

Ракетниот тест е подготовка за воени акции во Пацификот, порача Пјонгјанг

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го оценил вчерашното тестирање на балистичката ракета како успешно и го опишал како подготовка за напад на американскиот остров Гуам во Пацификот, се наведува во соопштението што го пренесе државната новинска агенција на Северна Кореја - КЦНА. Во соопштението се наведува дека Ким Џонг-ун изразил големо задоволство поради успешниот тест и наредил уште неколку слични тестирања во...

Северна Кореја истрела ракета преку Јапонија, итна седница на Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе одржи итна седница на барање на САД, Јапонија и на Јужна Кореја, откако Пјонгјанг истрела балистичка ракета што ја прелета територијата на Јапонија пред да падне во Тихиот Океан. Како што јавуваат светските медиуми, сирените за тревога се активирале во северниот дел на Јапанија, предупредувајќи ги луѓето да побараат засолниште, а железничкиот...

Американците го поставиле системот „Патриот“ во Јужна Кореја

Американската војска го поставила во Јужна Кореја противвоздушниот систем „Патриот“ за да одговори на заканите за ракетен напад од Северна Кореја. Како што се наведува, 35-та бригада на американската војска во моментов ја обучува јужнокорејската војска како да ракува со системот. Покрај „Патриот“, бригадата веќе поседува 13 ракетни системи, меѓу кои ПАК-2 со четири ракети и ПАК-3 со 16 ракети и...

Северна Кореја се закани дека ќе ја погуби поранешната претседателка на Јужна Кореја

Северна Кореја соопшти дека се обврзува да ги погуби поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, и шефот на разузнавачката служба кој на позицијата бил за време на нејзината власт. Пјонгјанг ги обвинува за планирање на убиство на врховниот севернокорејски лидер, Ким Јонг-ун. Официјалната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА објави дека Северна Кореја бара од Јужна Кореја да ги предаде Парк...

Јужна Кореја избира нов претседател на државата

Граѓаните на Јужна Кореја денеска избираат нов претседател на земјата, откако во март оваа година од функцијата шеф на државата беше сменета Парк Геун-хје, поради корупциски скандал. Како што пренесуваат светските агенции, анкетите предвидуваат победа на либералниот кандидат Мун Џае-ин, кој, меѓу другото, се залага за подобрување на односите со Северна Кореја. Негов најжесток ривал е Ан Чеол-су. Мун Џае-ин е...

Уапсен потпретседателот на „Самсунг“ поради истрага за корупција

Јужнокорејските власти го уапсија потпретседателот на компанијата „Самсунг електроникс“, Ли Џае-јонг во рамки на истрага за корупција, која доведе до отповикување на јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе. Судот во Сеул соопшти дека е неопходно Ли Џае-јонг да биде уапсен поради нови докази. Сепак, судот го одби барањето за апсење и на претседателот на компанијата, Парк Санг-јин. Канцеларијата на специјалниот обвинител во вторникот...

Состанок на Советот за безбедност на ОН поради ракетните тестови на Северна Кореја

Соединетите Американски Држави, Јапонија и Јужна Кореја денеска побараа итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации за севернокорејското лансирање на нов тип балистичка ракета со среден до долг дострел, соопшти денеска претставник на мисијата на САД во ОН. Како што соопшти јужнокорејската војска, Северна Кореја користела систем „студено исфрлање“, каде проектилот го покрева компресиран гас. Јужнокорејската војска наведе...

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското море

Северна Кореја истрела балистичка ракета, соопшти министерството за одбрана на Јужна Кореја, оценувајќи дека станува збор за провокација кон новата администрација на американскиот претседател, Доналд Трамп. Ракетата, како што пренесуваат светските медиуми, била лансирана во 7.55 часот според локално време од базата Бангјон во западниот дел на Северна Кореја и летала на исток, кон Јапонското море, каде паднала. Проектилот...

Бан Ки-мун нема да се кандидира за претседател на Јужна Кореја

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, објави дека нема да се кандидира за претседател на Јужна Кореја и дека се повлекува од политиката. Бан тоа го соопшти на претходно ненајавена прес-конференција во парламентот, по состанокот со лидерите на конзервативните партии, јавува јужнокорејската агенција „Јонхап“. – Се повлекувам од политиката. Жал ми е што разочарав многу луѓе – рече Бан,...

„Шорткат“: Нема казни за предизвикувањето на шумските пожари

Пожарите, покрај поплавите, се најчестите природни непогоди кои се случиле во земјата во изминатите две децении. Најчесто ги има во периодот меѓу март и септември, што укажува дека се...