fbpx
Таг: Југохром

таг: Југохром

Пак дишеме отров, сите мерни станици покажуваат дека воздухот е загаден

Со заладувањето на времето и со почетокот на грејната сезона, се зголеми и загадувањето на воздухот и се намножија канцерогените честички што ги вдишуваме. Утринава сите мерни станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваа средно или високо ниво на концентрација на канцерогените ПМ10-честички во воздухот. Високо ниво на загадување бележат мерните станици Ректорат и Миладиновци, а средно ниво на загаденост...

Теута Арифи ќе побара Владата зимава да го затвори „Југохром“

Ако комбинатот „Југохром“ не постави филтри, тогаш зимава треба да биде затворен. Вакво барање до Владата ќе достави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Според неа, неработењето на комбинатот драстично ќе придонесе во воздухот да се намали концентрацијата на честичките штетни по здравјето на тетовци. - Ќе побараме „Југохорм“ да не работи до март 2017 година, ако не постави филтри. Така...

Изаири: „Југохром“ требаше да ги врати на работа сите отпуштени работници

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, смета дека комбинатот „Југохром“ не ја запазува социјалната димензија. Тој изјави дека на работа требаше да се вратат сите 1.100 работници, што беше еден од условите Владата да го продолжи рокот за изградба на системот за отпрашување на фабриката. - Кога Владата го продолжи рокот за поставување на филтри на оџаците, го...

Коцевски: „Југохром“ да покаже поголема општествена одговорност

Градоначалникот на општина Јегуновце, Тони Коцевски, изрази разочарување од ниската општествена одговорност, која според него ја покажала фабриката „Југохром“ во изминатиов период. -И локалната и централната власт, спрема комбинатот биле толерантни во врска со поставување на филтри на оџаците. Ние како Општина му нудиме и морална и материјална подршка на комбинатот, за возврат од него не добиваме ништо - посочи...

Фабриката „Југохром“ почна да работи 

Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце почна да работи. Денеска беа вклучени две печки кои работат со капацитет од 25 мегавати, а на работа се вратени 400 работници. - Се надеваме дека наредниот месец ќе вклучиме и уште една печка со која комбинатот ќе работи со моќност од 50 мегавати и на работа ќе бидат околу 700 работници - изјави Васко Скендеровски,...

Протест на вработените од „Југохром“

Министерството за животна средина да престане да врши притисок врз комбинатот „Југохром“ за негово затворање, сите вработени да се вратат на работа на 1 март годинава, а раководството да го имплементира процесот на поставување филтри на фабриката. Ова се трите барања што денеска вработените на „Југохром“ и синдикатот ги упатија на денешниот протест одржан пред фабриката. - Ако не се исполнат барањата,...

Во април годинава ќе се знае кои се најголемите загадувачи на воздухот

Министерството за животна средина во соработка со владите на Финска и на Австрија почна проект со чија реализација ќе се дознаат факторите што придонесуваат за аерозагадувањето и колкаво е нивното учество во загадувањето на амбиенталниот воздух. Проектот е почнат уште во мај минатата година, кога на повеќе локации во Тетово и во Скопје се поставени филтри каде ќе се апсорбираат...

И без „Југохром“ воздухот во Тетово e екстремно загаден

Воздухот во Тетово синоќа беше загаден 17 пати повеќе од дозволеното. Мерните станици на Министерството за животна средина измерија 857 микрограми ПМ10-честички на еден кубен метар. Затворањето на „Југохром“ не придонесе за намалување на аерозагадувањето, иако комбинатот на протестите против загадениот воздух, беше посочуван како најголем загадувач на воздухот. Фабриката на 31 декември ги исклучи печките. Оттаму соопштија дека нема да...

„Југохром“ го прекинува производството поради загадувањето

Фабриката „Југохром“ од Тетово, поради високото ниво на загадување на воздухот, соопшти дека од 31 декември до февруари следната година ќе го прекине производството. „Имајќи слух за моменталната ситуација со загадувањето во Тетово, иако менаџментот на фабриката е на ставот дека „Југохром“ во стечај не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот, донесе одлука за доброволно исклучување на двете...

Згаснаа три печки во „Југохром“

„Југохром“ од Јегуновце го намали производствениот процес откако утринава комбинатот одлучи да бидат згаснати три печки. Од раководството на „Југохром“ велат дека сега фабриката ќе работи со намален капацитет за околу 20 отсто, што е вообичаена практика во секоја зимска сезона, за да се намалат трошоците за струја, која е поскапа во месеците што следат. Оттаму уверуваат дека нема да има...

„Еко герила“ бара увид во поставувањето филтри на „Југохром“

Движењето „Еко герила“ ја поздрави одлуката за поставување филтри на најголемиот загадувач „Југохром“. Поради сомневање и евентуално манипулирање во имплементирање на овој проект, од движењето бараат да се запознаат поблиску со програмата што треба да се имплементира, за да се спречи понатамошно загадување и труење на воздухот. Во спротивно, велат од движењето, ќе сметаат дека се работи за уште една...

Тетовци протестираа против загадувањето од „Југохром“

Околу 200 граѓани, со заштитни маси на лицата и со пароли „Стоп за еколошкиот геноцид“, денеска протестираа пред комбинатот „Југохром“, објави „Нова ТВ“. Организатор на протестот е движењето „Еко герила“, чии членови уште еднаш побараа од раководството на комбинатот да постави филтри на оџаците. - Протестираме против загадувањето на воздухот во Тетово од страна на комбинатот „Југохром“, кој секојдневно ги труе...

Дали македонската влада ќе им го скрати животот на своите граѓани?

Проблемот со загадувачот на воздухот во полошкиот регион, фабриката „Југохром фероалојс“ не е вчерашен. Компанијата која што произведува железо, челик и легури од железо, со неколку прекини во нејзиното работење, во Македонија работи од 1952 . Тоа значи дека повеќе од 50 години оваа фабрика систематски ги труе граѓаните бидејќи, според експертите, таа е најголемиот загадувач во регионот, чијшто чад...

Граѓанските здруженија од Тетово загрижени поради „Југохром“

Од еколошкото здружение „Еко Герила“ се разочарани од владината одлука
Граѓанските здруженија од Тетово се загрижени поради продолжувањето на законскиот рок за имплементирање на еколошките стандарди за работа на еден од најголемите загадувачи на воздухот во полошкиот регион, комбинатот „Југохром“, пренесе радио МОФ. Граѓаните од тетовскиот регион ја коментираат различно одлуката за продолжување на рокот за уште две години, која, според надлежните, е донесена од економско-социјални и еколошки причини. За...

„Југохром“ ќе нè труе уште две години

Од еколошкото здружение „Еко Герила“ се разочарани од владината одлука
„Југохром“ доби нов рок од две години и ќе продолжи да работи без обезбедена А-интегрирана еколошка дозвола. „Макстил“ соопшти дека донеле одлука за прекин на производството во погонот „Челичарница“ сè додека не ја инсталираат опремата. Партијата на зелените ДОМ е разочарана од одлуката на Владата да му дозволи на „Југохром“ да работи без да ги воведе потребните филтри и да...

„Макстил“ затвора, „Југохром“ бара ново продолжување на рокот

Во согласност со предвиддените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди, „Макстил“ од денеска го прекинува производството во погонот „Челичарница“. Како што информираат од компанијата, производството ќе биде прекинато во погонот сè до ставање во целосна функција на новата филтерска постројка. - Во претстојниот период, од ноември 2014 до јануари 2015 година, следува завршната фаза од реализацијата на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...