fbpx
Таг: Југохром

таг: Југохром

Синдикатот на „Југохром“ бара итна средба со Димитриев

Синдикатот на „Југохром Алзар - Јагуновце“ бара итна средба со техничкиот премиер, Емил Димитриев, поради ситуацијата со комбинатот, чии печки се исклучени поради пробивањето на рокот за изградба на пречистителна станица. Од синдикатот реагираат на игнорирањето од страна на Владата на нивниот последен допис и бараат средбата со Димитриев да се случи најдоцна в понеделник. Оттаму наведуваат дека за утре, синдикатот...

Вработените од „Југохром“ третпат го блокираа автопатот Тетово – Скопје

Владата да донесе одлука фабриката да работи, а менаџерскиот тим на компанијата да продолжи со изградба на филтер-станицата, побараа вработените од „Југохром“ преку денешната блокада на автопатот Тетово - Скопје кај Желино, која траеше околу два часа. Од синдикатот на „Југохром“ најавија дека утре ќе остварат средба со премиерот Емил Димитриев. Велат дека од одлуката на владата ќе зависи нивната судбина. - Од премиерот...

Вработените во „Југохром“ в четврток повторно ќе го блокираат патот Тетово – Скопје

Синдикатот на „Југохром“ в четврток ќе организира нов протест поради, како што велат од синдикалната организација, неоправданото исклучување на печките на фабриката. Вработените во „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово - Скопје, кај наплатната рампа Желино, во двата правци, а за време на протестот ќе ги соопштат своите барања. „Југохром“ престана со работа на 31 октомври минатата година, откако инспекторатот...

Вработените во „Југохром“ утре ќе го блокираат патот Скопје – Тетово

Утре, од 11 до 13 часот, вработените на „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово - Скопјке, кај наплатната рампа во Желино, во двата правца, поради, како што велат, неоправдано исклучување на печките од погон. Протестот ќе го организира синдикалната организација „Југохром Алзар“, известија оттаму.

Вработените во „Југохром“ во вторник продолжуваат со блокади и со протести

Вработените во „Југохром“ во вторник од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот Тетово - Скопје, кај наплатната рампа Желино. Блокадата, како што велат од синдикалната организација на фабриката, е поради неоправданото исклучување на печките во комбинатот. Од синдикатот на „Југохром“ велат дека во последните десет дена, оствариле средби со премиерот Емил Димитриев и со вицепремиерот Владимир Пешевски, кои...

Вработените од „Југохром“ повторно бараат средба со Димитриев

Синдикалната организација на комбинатот „Југохром“ повторно бара средба со премиерот Емил Димитриев откако по барањето за средба што го испрати на 4 јануари, доби одговор дека со претставниците ќе се сретне советникот на премиерот. „Средбата сме подготвени да се прилагоди во рамки на Вашите слободни термини во кое било време од денот (Ви стоиме на располагање 24 часа). Ургираме средбата да се...

Вработените во „Југохром“ и во новата година на принуден одмор

Статусот на вработените во комбинатот „Југохром“ и во новата година останува ист. Тие сè уште сe на принуден одмор и земаат околу 70 отсто од месечните примања, откако инспекторатот за животна средина во ноември лани донесе одлука за привремено затворање на комбинатот, поради доцнењето на изградбата на филтер-станицата. Од синдикатот на „Југохром“ велат дека за понатамошната судбина на работниците,...

Синдикатот на „Југохром“ со писмо ќе бара да се вклучат печките на комбинатот

Претставници на синдикатот на комбинатот „Југохром“ денеска ќе предадат писмена ургенција до Второстепената комисија при Владата на Република Македонија како охрабрување и поттик комисијата да одговори позитивно на жалбата против неоправданото исклучување од работа на фабриката. Планирано е писмото да се предаде денеска во 12 часот во просториите на Второстепената комисија во Скопје. „Доколку Второстепената комисија веднаш не ја укине одлуката донесена...

Политички партии и „Еко герила“ потпишаа договор за подобрување на животната средина

Трајно решение на проблемот со дивата депонија, работење на комбинатот „Југохром“ по сите еколошки стандарди и уредување на просторот на тетовската касарна во градски парк се трите точки, кои повеќе политички партии се обврзаа дека ќе ги исполнат во идниот парламентарен состав, како дел од договорот кој денеска го потпишаа со еколошкото здружение „Еко герила“. - Знаеме дека тетовската касарна...

Амети: „Југохром“ да постави филтри за вработените да се вратат на работа

Министерот за животна средина, Башким Амети, го повика раководството на комбинатот „Југохром“ да го забрза процесот за поставување филтри за да се исполнат условите комбинатот повторно да почне со работа, како што побараа и вработените што денеска еден час ја блокираа крстосницата кај Судска палата. Амети побара од раководството да најде решение за вработените додека не се постават филтрите на комбинатот. -...

Синдикатот на „Југохром“ со едночасовна блокада побара да проработи комбинатот

Вработените во комбинатот „Југохром“ денеска точно напладне излегоа на протест во Скопје и еден час ја блокираа крстосницата пред Судска палата. Тие бараат да се вратат на своите работните места. Синдикатот на „Југохром“ бара да се тргне забраната за работа на фабриката затоа што, како што велат, возможно е поставувањето филтри во текот на работниот процес. Во моментов, вработените од „Југохром“...

Вработените од „Југохром“ во 12 часот ќе блокираат кај Судска палата

Синдикатот на вработените на комбинатот „Југохром“ денеска ќе организира уште еден протестен собир поради, како што велат, неоправданото исклучување на печките на фабриката. Мирниот протест ќе се одржи во Скопје, каде вработените еден час ќе ја блокираат крстосницата пред Судска палата. Протестот ќе почне во 12 часот. По 13 часот вработените ќе се упатат пред Инспекторатот на Министерството за животна средина,...

Вработените од „Југохром“ утре ќе ја блокираат раскрсницата пред Судска палата

Синдикатот на вработените на комбинатот „Југохром“ утре ќе организира уште еден протестен собир против, како што велат, неоправданото исклучување на печките на фабриката. Мирниот протест ќе се одржи в четврток во Скопје, каде вработените еден час ќе ја блокираат крстосницата пред Судска палата. Протестот ќе почне во 12 часот. По 13 часот вработените ќе се упатат пред Инспекторатот на Министерството за...

Вработените од „Југохром“ го блокираа автопатот Тетово – Скопје

Повлекување на одлуката на инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на „Југохром“, добивање на статус на работниците додека не се рестартира фабриката и забрзување на изградбата на филтер-станицата на комбинатот. Ова се трите барања што вработените, преку Синдикатот за индустрија енергетика и рударство, ги упатија на денешната блокада на автопатот Тетово - Скопје, кај наплатната рампа Желино. - Ние...

Вработените од „Југохром“ на принуден одмор

Месецов вработените од „Југохром“ ќе бидат на принуден одмор, соопштија денеска од синдикатот на комбинатот. - Успеавме да издејствуваме од одборот на „Југохром“, работниците да бидат пратени на принуден одмор, односно ќе земаат 70 проценти од платата и ќе седат дома. За наредните месеци не се знае судбината на вработените, но ние ќе продолжиме да преговараме со раководството на комбинатот -...

СДСМ ја обвини власта за загадувањето и за затворањето на „Југохром“

Државните институции се виновни што комбинатот „Југохром“ сè уште не поставил филтри на станиците, поради што беше принуден да ги исклучи печките, а со тоа и 720 вработени да останат на улица, обвинија денеска од СДСМ. - Печките на „Југохром“ се исклучени, но со тоа власта, преправајќи се дека решава еден проблем, направи нов проблем. 720 вработени сега се во неизвесност за...

„Југохром“ до полноќ ќе ги исклучи сите печки

Раководството на „Југохром“ постапи по одлуката на државниот инспекторат за животна средина, кој вчера донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече пред два дена. Генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски, во телефонска изјава рече дека од синоќа етапно почнале со исклучување на печките и дека до полноќ сите...

Државниот инспекторат за животна средина одлучи да го затвори „Југохром“

Државниот инспекторат за животна средина донесе одлука за затворање на комбинатот „Југохром“ поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече вчера. Оваа одлука ја соопшти министерот за животна средина, Башким Амети, кој претпладнево се сретна со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. - Денеска ја информирав Арифи дека инспекторатот донесе одлука за затворање на „Југохром“. Ова решение...

„Еко-герила“: Истекува рокот на „Југохром“ за филтри, комбинатот поминува неказнето

Денеска истекува рокот што пред две години Владата на Република Македонија му го одреди на комбинатот „Југохром“ за да се прилагоди со еколошките стандарди и да набави филтри. Од еколошкото движење „Еко-герила“ велат дека „Југохром“ ги злоупотребил сите досегашни рокови и дека за тоа проаѓа неказнето. „Фактот што „Југохром“ ги злоупотреби сите досегашни рокови и проаѓа неказнето од Министерството за екологија и...

#Одговорност е да не се дозволи труењето на граѓаните

Канцерогените честички ПМ10 во воздухот во Тетово и понатаму се присутни во големи количества. Од 2009 година, Тетово и околните села дишат загаден воздух, во кој нивото на ПМ-честичките неколкупати ја надминува дозволената граница. Само во 2015 година, во Тетово воздухот беше загаден дури 260 дена. За загадениот воздух во Тетово, граѓаните, меѓу другите, ја обвинуваат и фабриката „Југохром“ и...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...