fbpx
Таг: Југохром

таг: Југохром

Шукова: Пречистителната станица против шестовалентниот хром во „Југохром“ мора да функционира

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска оствари средба со вработените од пречистителната станица за намалување на загадувањето со шествалентен хром лоцирана во фабриката „Југохром“. „Состанокот беше инициран од страна на вработените од Југохром – во стечај, заради проблеми со исплатата на месечните приходи, побарување на дополнителни средства за дежурства во неработните денови, како и обезбедување дополнителна...

Годинава ќе се инвестира во пречистителната станица во „Југохром“ за справување со шестовалентниот хром

Министерството за животна средина и просторно планирање во 2023 година ќе го стави фокусот на непречено одржување во функција на пречистителната станица за отпадни води во кругот на фабриката „Југохром“ од Јегуновце, каде се доведуваат на прочистување водите-исцедокот од индустриската депонија со опасниот шестовалентен хром, лоцирана крај реката Вардар во тетовското село Јегуновце. Министерот за животна средина и просторно планирање...

Со средства од буџетот ќе се изработи студија за решавање на проблемот со шестовалентниот хром во Јегуновце

Со буџетскиот ребаланс што вчера помина на владина седница, а Собранието на РСМ треба допрва да го усвои, се издвојуваат финансиски средства за трајно решавање на проблемот со индустриската депонија во Јегуновце, информираат од Министерството за финансии. На оваа локација во моментов се складирани 850.000 тони индустриски отпад од работењето на фабриката „Југохром“, а меѓу отпадните материи се наоѓа...

ДИЖС лани бил во Јегуновце, неправилности со прочистување на шестовалентниот хром не утврдил

Пред една година, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) за последен пат бил во инспекциски надзор на пречистителната станица за отпадни води во фабриката „Југохром“ во Јегуновце. На барање на Мета.мк, од ДИЖС добивме информација дека на 24 март 2021 година бил извршен редовен инспекциски надзор, при што не биле утврдени неправилности во работењето при прочистувањето на шестовалентниот хром...

Ако не се реши проблемот со депонијата на „Југохром“, шестовалентниот хром може да е закана и за изворот Рашче

Шестовалентниот хром од депонијата на „Југохром“ во Јегуновце и бесконечното одложување на решението за овој проблем може да бидат закана и за изворот Рашче од кој со вода за пиење се снабдува речиси цело Скопје. Мешањето на подземните води, контаминирани со отпадот од депонијата и водите во Жеденскиот масив, со кои се напојува изворот на чиста вода за главниот...

Канцерогениот шестовалентен хром од депонијата во Јегуновце го демне здравјето на граѓаните [фото]

Фабриката „Југохром“ од Јегуновце била отворена во далечната 1955 година, но уште од самиот почеток на нејзиното работење не се посветило доволно внимание на заштитата на животната средина, особено на загадувањето на подземните и површинските води во овој дел од Полошкиот регион. Отпадната хроматна кал и отпадната згура од производството на феролегури од „Југохром“ почнала да се носи во...

Анѓушев: Со 1,5 милиони евра кредит, „Југохром“ ќе се рестартира до јуни 2019 година

По одлуката на владата за обезбедување кредит од 1,5 милиони евра за комбинатот „Југохром“ од Јегуновце, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при посетата на фабриката порача дека комбинатот може профитабилно да работи, а работниците можат да ја гледаат својата егзистенција во „Југохром“. - Преку одобрувањето на кредитот е постигнат договор за рестартирање на „Југохром“. Повторно ќе работаат најголемите печки,...

Владата се изјасни негативно за предлог-амнестијата за настаните на 27 април

На вчерашната 104. седница, Владата донела одлука да му додели кредит на металуршкиот комбинат „Југохром“ од Јегуновце за набавка на филтри. Владата донела и негативно мислење за Предлог-закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година, кој беше доставен од група пратеници во Собранието. Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) од Посебниот...

Загадувањето во Тетово е за 60 отсто намалено по затворањето на „Југохром“ (инфографик)

Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, 60 отсто од загадувањето на воздухот во Тетово било резултат на работењето на комбинатот „Југохром“ чие производство е запрено во ноември 2016 година поради недостиг на соодветна филтер-станица. Во 2015 година, просечната среднодневна концентрација на ПМ10 честичките во Тетово била 298 микрограми на еден кубен метар. Забележителен е пад од повеќе...

Еко герила: „Југохром“ ќе се рестартира без филтри, ни се закануваат за да молчиме

Движењето Еко герила денеска алармираше дека во изминатите денови различни поединци им испраќаат пораки, заедно со финансиски понуди, за да го замолчат движењето да не реагира на новиот обид да се рестатира металуршкиот комбинат „Југохром“ без соодветни филтри. „За ова е известена полицијата и денес баравме директна средба со премиерот Зоран Заев за да го информираме за овие закани и...

Анѓушев: Владата ќе направи напори за помош на „Југохром“ за поставување на филтрите

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како што известија од неговиот кабинет, на денешната средба со менаџментот и синдикатот на „Југохром Алзар“ и на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) порачал дека комбинатот не може да почне со работа сè додека не се постават филтрите за отпрашување, а Владата е подготвена да помогне тоа да се реализира. „Вицепремиерот истакна...

Синдикатот на Југохром бара итна средба со премиерот, во спротивно ќе протестираат

Синдикатот на Југохром Алзар на 17 април доставил допис до владата за одржување на неодложна средба, поврзана со статусот на Југохром Јегуновце, информираат од таму. Но, како што се додава во соопштението, средба немало. „Затоа со овој допис повторно ви се обраќаме со барање за одржување на итна неодложна средба. Доколку до крајот на неделава не се одржи средбата, ние како...

Кочовски: Состојбата во металната индустрија се подобрува, тоа ќе влијае и на економијата

Во металната индустрија се чувствува заживување на пазарот, се зголемува обемот на нарачки и со тоа поголема е искористеноста на производствените капацитети, поголеми се производство, извозот и приходите, рече денеска на прес-конференција, претседателот на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, Митко Кочовски. Политичката криза, но и случувањата на светскиот пазар од кои најмногу зависи оваа индустрија влијалеле на стагнацијата во...

„Југохром“ ќе стави филтри за да спречи загадување и ќе почне да работи догодина

Фабриката „Југохром“ од Јегуновце ќе почне со работа кон крајот на мај или на почетокот на јуни наредната година, а планирано е да се постави филтер за отпрашување на печките 7 и 8 за да се спречи загадувањето. Ова беше истакнато на денешното потпишување на меморандумот за разбирање помеѓу Владата и „Југохром“. - Фабриката ќе продолжи да работи, сопственикот ќе инвестира во системот...

Договорен меморандум за разбирање за рестартирање на „Југохром“

Владата на денешната 31. седница го усвои предлогот за потпишување меморандум за разбирање, кој треба да придонесе за надминување на состојбите поврзани со работењето на „Југохром“, соопшти владината прес-служба. „Владата на Република Македонија го донесе ова решение со единствена цел – надминување на проблемите во оваа компанија кои доведоа до запирање на нејзиното работење откако нејзината управа не ги обезбеди...

Синдикатот на „Југохром“ бара нова средба со Заев

Синдикатот на компанијата „Југохром“ бара нова средба со премиерот Зоран Заев, бидејќи, како што велат оттаму, сè уште ништо не е реализирано од претходниот состанок помеѓу нивните претставници и Владата, што се одржа на 18 јуни оваа година. Од синдикатот велат дека сакаат да бидат информирани од премиерот за „моменталната состојба и за неговото видување на статусот на комапнијата“, бидејќи, како...

На владина седница ќе се расправа за дислокацијата на тетовската депонија

Се работи на решение за дислокација на депонијата во Тетово и тоа прашање наскоро ќе се најде на владина седница. Што се однесува до комбинатот „Југохром“,  прашањето ќе се решава со писмени гаранции за преземени обврски од сите засегнати страни. Тоа премиерот Зоран Заев на денешната средба, на која биле и вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за животна средина и просторно...

Заев, Анѓушев и Спасовски разговарале со претставници на синдикатот на „Југохром“

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерите Кочо Анѓушев и Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и претставникот од Министерството за животна средина, Лирим Шабани, на денешната средба со претставниците на синдикатот на работници во комбинатот „Југохром“, Бајрам Амити и Светислав Спасовски, како и со генералната секретарка на СИЕР, Маре Анчева, разговарал за можноста за рестартирање на „Југохром“,...

Еко-активистите имаат големо влијание врз институциите за заштита на околината

Активностите и дебатите за еколошките теми имаат големо влијание врз надлежните институциите во преземањето соодветни чекори за заштита на животната средина, беше истакнато на денешната панел-дискусија „Жените во заштита на животната средина“, организирана во чест на Денот на Европа. Универзитетската професорка Беса Арифи смета дека досегашните акции на невладините организации дале плод и дел од институциите презеле превентивни мерки во областа на екологијата. -...

„Југохром“: Филтер-страницата би била готова за 8 месеци ако Владата ни дозволи да работиме

Денеска почнаа градежните активности за бетонирање на темелите на системот за отпрашување на комбинатот „Југохром“, чија изградба претставува услов поставен од Владата за овој некогашен гигант да продолжи со работа. Активностите почнаа во присуство на раководството и на синдикатот на „Југохром“. Оттаму истакнаа дека филтер-станицата со сигурност би ја изградиле во наредните осум месеци, доколку централната власт дозволи во овој период „Југохром“...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...