fbpx
Таг: јубилеј

таг: јубилеј

Заев до ЛГБТИ-заедницата: Ве охрабрувам да бидете гласни и слободно да се изразувате

Ве охрабрувам да бидете гласни, слободно да се изразувате и да дејствувате во насока на заштитата на правата на граѓаните, истакна премиерот Зоран Заев, во своето обраќање по повод одбележувањето на петгодишнината од формирањето на ЛГБТИ-Центарот во Скопје. Осврнувајќи се на инцидентите и на нападите, кои сè уште не се расчистени и поради кои центарот ја смени својата локација и...

Охрид денеска и утре е домаќин на одбележувањето на 50-годишнината на МПЦ

Во Охрид, градот во кој пред половина век е прогласена автокефалноста на МПЦ, денеска и утре се одбележува црковниот јубилеј. На  17 јули 1967 година на свечена седница во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид,  Светиот архиерејски синод на МПЦ, во состав митрополитот македонски Доситеј, епископот преспанско-битолски Климент, епископот злетовско-струмички Наум, епископот дебарско-кичевски Методиј и епископот американско-канадско-австралиски Кирил, ја донел...

Македонија одбележува 26 години независност

Република Македонија денеска одбележува 26 години од референдумот на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство, повеќе од 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 Септември 1991 година позитивно одговорија на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. На референдумот му...

Повеќе од милион луѓе во Истанбул на годишнината од обидот за пуч

Повеќе од еден милион Турци во Истанбул синоќа беа на гигантскиот собир наречен „Епопеја на победата за демократија“, со кој беше одбележана првата годишнина од обидот за државен удар, што се случи на 15 јули лани. Мостот над Босфор, наречен Мост на мачениците на 15 јули, кој е долг 1,5 километар, беше исполнет со луѓе, а според некои проценки, имало повеќе...

Во Турција се одбележува годишнина од неуспешниот пуч

Во Турција денеска се одбележува првата годишнина од неуспешниот обид за државен преврат. Според турските власти, организацијата ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, прогласена од безбедносните структури за терористичка, е одговорна за пучот извршен ноќта на 15 спроти 16 јули минатата година. Претседателот Реџеп Таип Ердоган објави вчера дека во државата ќе почне „национално демократско бдеење“ и ќе трае до...

ВМРО-ДПМНЕ денеска слави 27 години од основањето на партијата

ВМРО-ДПМНЕ денеска прославува 27 години од формирањето на политичката партија, како и 124 години од основањето на Внатрешно-македонската револуционерна организација. Церемонијата ќе се одржи вечерва, со почеток во 19 часот, во Музејот на македонската револуционерна борба, под мотото „Единствени“. Во рамки на манифестацијата на одбележување на роденденот, вчера и завчера партијата одржа две панел-дискусии: „Единствени кои носат инвестиции и отвoраат работни...

Мандолинскиот оркестар на МКЦ Скопје со концерт одбележува 35-годишен јубилеј

Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар (МКЦ) од Скопје, под диригентската палка на Ванчо Јовчев, вечерва, во 20 часот, во салата „25 Мај“ на МКЦ, со свечен концерт ќе го одбележи својот 35-годишен јубилеј. Влезот е бесплатен. Членовите на оркестарот од сите генерации, собрани по овој убав повод, ќе изведат дела од Бах, Огински, Брамс, Пучини, Марчело, Вагнер, Хрисиќ, Трајковски,...

Заев со честитка до ЕУ: Очекуваме да се отворат вратите за Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на одбележувањето на 60-годишниот јубилеј од потпишувањето на Римскиот договор, со кој се поставени основите на Европската Унија, во свое име и во име на СДСМ, денеска упати честитка до амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, и до Делегацијата на Европската комисија. „Во оваа пригода ја нагласувам цврстата определеност на СДСМ, како...

Белата куќа ѝ го честиташе 60. роденден на ЕУ

Белата куќа ѝ ја честиташе на Европската Унија 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор и од основањето на Европската економска заедница. Белата куќа во соопштението наведува дека двата континенти делат исти вредности и посветеност на унапредување на мирот и на безбедноста. Во пораката на Белата куќа се забележува значителна промена во тонот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кој претходно изразуваше...

Кралицата Елизабета слави „сафирен јубилеј“ – 65 години владеење

Елизабета Втора (90), актуелна кралица на Обединетото Кралство со најдолго владеење во светот, денеска ќе прослави „сафирен јубилеј“ и на тој начин ќе стане првиот британски монарх кој обележал 65 години владеење со кралството. По повод прославата, канцеларијата на британската кралица објави нејзин портрет од 2014 година, на кој кралицата е прикажана како носи сафирен накит, кој го добила од...

Делегација на СДСМ оддаде почит на првиот претседател на државата, Киро Глигоров

Делегација на СДСМ денеска, во чест на 8 Септември - Денот на независноста, оддаде почит и положи свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров. Во состав на делегацијата беа членовите на извршниот одбор на партијата, Љупчо Николовски, Аднан Џаферовски и Рената Јајоска. „Претседателот Глигоров со мудрите и обединувачки политики ги постави темелите на слободна, независна и...

МВР денеска го одбележува Денот на македонската полиција

Денеска, со почетокот во 12 часот, Министерството за внатрешни работи со централна свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје ќе го одбележи 7 Мај - Денот на македонската полиција. На свеченоста, како што е предвидено, ќе говорат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанче Савовски, и Славчо Петрушевски, командат на Единицата за специјални...

Работен ручек на Иванов со амбасадорите од Вишеградската група

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го приреди традиционалниот работен ручек со амбасадорите на четирите земји членки на Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија. На средбата присуствуваа амбасадорите на Чешка, Полска, Словачка и на Унгарија - Мирослав Рамеш, Јацек Мултановски, Мартин Безак и Јожеф Бенце - на кои Иванов им се заблагодари за личниот ангажман и за посветеноста во унапредување на...

Народна банка одбележува седумдецениско работење

Со низа активности, Народна банка ќе одбележи 70 години од постоењето. Одбележувањето на јубилејот ќе се одвива во текот на целата година, под мотото „Запознајте ја централната банка“. - На овој начин Народната банка има цел да ја доближи банката до пошироката јавност и да ја унапреди информираноста на граѓаните за доменот на дејствување на институцијата, нејзината улога и значењето што...

Дваесет години од возобновувањето на монашкото братство во Бигорскиот манастир

Празнувањето на 20-годишниот јубилеј од возобновувањето на монашкото братство во Бигорскиот манастир ќе почне в четврток, на 10 септември, во 18.30 часот, со вечерна богослужба, при што двајца членови од свештеното братство ќе добијат монашки чин. По вечерната богослужба следува свечена програма, на која ќе се промовиран јубилејниот зборник „Бигорски манастир – 20 години возобновено монаштво“. Следниот ден, петок, 11 септември,...

Јубилејна 40. „Струшка музичка есен“

Од 4 до 6 септември, во хотелот „Дрим“ во Струга, Сојузот на композиторите на Македонија, ќе ја организира јубилејната 40. „Струшка музичка есен“. На годинешната манифестација, темата ќе биде „Меморија и перспективи“. – Цели четири децении „Струшка музичка есен“ нуди можност за средба, размена на идеи и за дебати на актуелни теми кои ја преокупираат македонската музичка јавност. Оваа година...

Вкупно 25 илјади посетители на „Охридско лето“

Приредбите на „Охридско лето“ ги проследиле  рекордни 25.000 посетители меѓу кои и гости од Хрватска, Србија, Чешка, Албанија, Франција  и други земји. Изведени се 29 музички концерти, 13 драмски претстави и 10 настани од дополнителната програма. Овие бројки на  два дена пред официјалното завршување излегоа денеска на прес конференција, тројцата првенци кои го менаџираат фестивалот. - Не радува фактот што имавме...

Во Македонија работат 150 германски компании

Бројот на германски компании што работат во Македонија изнесува 150 и од 2000 година досега, таа бројка е зголемена 10 пати. - Билатералната трговска размена од околу 2,4 милијарди евра во 2014 година многу бргу се зголемуваше и претпоставувам дека оваа сума ќе продолжи да се зголемува. На тој начин, Германија останува најважниот трговски партнер на Македонија. Македонија меѓу германските претпријатија важи...

Прв „Звучен буквар“ на македонски јазик

Издавачката куќа „Просветно дело“ слави 70 години постоење и на јубилејот од излегувањето на првиот буквар, оваа издавачка куќа ќе го објави првиот „Звучен буквар“ на македонски јазик. - „Просветно дело“ презеде една од најодговорните и најсуштествените задачи на полето на образованието во услови на отсуство на традиција на пишување, издавање и на печатење учебници и во недостиг на стручни...

Македонски народен театар прославува 70 години

Македонскиот народен театар прославува 70 години од основањето. На 3 април 1945 година, МНТ почна да работи со изведба на претставата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Ќостаров. Прославата на јубилејот почна со промовирање на новиот тетарски музеј во кој што се изложени костими, скици од сценографии, лични предмети, фотографии, драмски текстови и на многу други реквизити...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...