fbpx
Таг: ЈСП

таг: ЈСП

Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“

По повод манифестацијата „Бела ноќ“, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатeн на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот, информираат од ЈСП. „Бесплатниот превоз ќе важи од 19 часот во сабота (6.10.2018 година), до 6 часот во недела (7.10.2018 година)“, велат од таму. Во сабота, 6 октомври, по 14. пат ќе се одржи 24-часовната манифестација „Бела ноќ“ и ноќта...

Линијата број 25 од Транспортен центар до Водно со изменет возен ред

Линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно од претстојниот викенд (6-7 октомври) ќе има измена во возниот ред, информираат од ЈСП. „Терминот за поаѓање на автобусот во 7.30 часот, се менува, односно поаѓањето сега ќе се реализира во 8 часот. Изминатиот период, терминот за поаѓање во 7.30 часот за време на викенди се должеше на барањето на...

Јавниот автобуски превоз во Скопје од утре по зимски возен ред

Автобусите на ЈСП и на приватните превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по зимски возен ред, соопшти ЈСП Скопје. Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Владата на денешната седница ќе расправа за пругата Куманово – Бељаковце

Владата на Република Македонија денеска во 9 часот ќе ја одржи 84 седница на која Македонски железници ќе информира за имплементацијата и состојбата на проектот „Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII фаза 1 делница Куманово - Бељаковце“. На денешната седница министрите во владата ќе ја разгледаат и Информацијата за потребата од склучување на Договор за грант...

Од утре „9-ка“ на нова траса поради изградбата на подземната сообраќајница под Јужен булевар

Од утре во следните шест години, поради изградбата на подземната сообраќајница зад ТЦ „Рамстор“ и Стара железничка станица, односно под Јужен булевар, автобусите на линијата „9“ ќе сообраќаат по нова траса, извести Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Изградбата ќе ја изведува компанијата „Лимак“, која го гради деловно-станбениот комплекс долж улицата Јордан Мијалков. Автобусите кои од Клинички центар одат кон Скопје Север...

Градските автобуси од утре може да задоцнуваат на „Партизанска“

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека од утре до 3 септември, е можно да доцнат градските автобуси поради зафат на булеварот „Партизански Одреди“. Во овој период ќе се вршат геодетски мерења и дупчења на потегот на булеварот од раскрсницата со булеварот 8 Септември до мостот Обединети нации, што може да го попречува нормалното движење, па поради тоа ќе има...

Автобусот на ЈСП од Железничка кон Водно наместо во 8 ќе тргнува во 7.30 часот

Линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно ќе има измена во возниот ред, информираат од ЈСП. „Терминот за поаѓање на автобусот предвиден во 8 часот, се менува, односно поаѓањето ќе се реализира во 7.30 часот. Промената во возниот ред ќе важи за време на викендите и државните празници. Измената во поаѓањето е по барање на планинарите...

Автобуската постојка на ЈСП во подрумот на ГТЦ нема да биде во функција

Утре, (среда) автобуската постојка во подрумот на ГТЦ нема да биде во функција од 12 часот, па се до наредниот ден во утринските часови, информираат од ЈСП. „Автобусите на линијата „50“ во тој период ќе ја користат автобуската постојка до паркот Жена борец. Привременото затворање на постојката е поради централниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ кој ќе се...

ЈСП и Град Скопје ќе купуваат 30-тина нови автобуси на гас

Од идната година по скопските улици ќе возат 30-ина нови автобуси на гас, соопштија на прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и директорот на ЈСП, Кристијан Чушков. За купување на автобусите, ЈСП ќе зема кредит, а тендерот ќе биде распишан наесен, додека до крајот на годината би требало да биде потпишан договорот со избраниот добавувач, појасни Шилегов. - ЈСП Скопје донесе...

Се запали автобус на ЈСП во Кисела Вода, нема повредени

Градски автобус на ЈСП-Скопје што сообраќа на линијата „24“ претпладнево се запалил на постојка во Кисела Вода, повредени патници нема. Од ЈСП-Скопје, велат дека пожарот настанал од инсталацијата. Возачот интервенирал за да го изгасне пожарот, но повикал и екипи од Противпожарната служба. Три пожарникарски возила и осуммина пожарникари речиси еден час го гаснеле пожарот кој се случил на последната станица во...

Автобуските линии на ЈСП со летен режим на работа

ЈСП информира дека од 10 јуни (недела), автобуските линии почнуваат со летен режим на работа, а возниот ред може да се види на нивната веб-страница www.jsp.com.mk. Од таму потсетуваат дека викендов, автобуските линии 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) нема да сообраќаат, освен линијата 25 со редовен возен ред после 16 часот во сабота, односно...

Привремен сообраќаен режим претстојниот викенд на Водно

Градот Скопје информира дека на дел од улицата „Тодор Александров“ и патот кој води до Средно Водно, овој викенд ќе се одржи брзинско – ридски натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“. „За таа цел, дел од улицата „Тодор Александров“, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ул. Тодор Александров бр. 165) и патот до Средно Водно...

ЈСП воведува бесплатен превоз до Македонско село за викенди и празници

ЈСП Скопје, со одлука на Советот на Град Скопје, воведува бесплатен превоз на патници на автобуската линија број 28 од Транспортен центар до Нерези, (Македонско село), информираат од претпријатието. Превозот ќе биде бесплатен со цел, како што велат од ЈСП, промовирање на градските историско-културни знаменитости. Бесплатниот превоз ќе важи за деновите од викендот и во денови на државен празник. „Истовремено, донесена...

Картичката „Скопска“ ќе може да се купи и дополни само на билетарите на ЈСП

Граѓаните нема да може да купуваат и да ги надополнуваат електронските картички „Скопска“ од продажни места кои не се во сопственост на ЈСП Скопје, бидејќи денеска завршил договорот помеѓу ова јавно претпријатие и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги, информираат од ЈСП Скопје. „Купувањето и надополнувањето ќе може да се направи исклучиво во продажната мрежа на ЈСП Скопје која ја сочинуваат...

Саемот на книга го посетиле 44.300 посетители

Саемот на книга 2018 завршува денеска, а манифестацијата до вчера ја посетиле 44.300 посетители, информираа организаторите. На 30. јубилејно издание се претставиле 70-на издавачки куќи од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија. „Соработката со Министерството за култура, како покровител на манифестацијата, Владата, Град Скопје заедно со ЈСП, со воведувањето на двете вонредни линии специјално за најголемата културна манифестација, придонесоа, покрај промената...

Електричен автобус ќе сообраќа шест месеци на линијата „15“ во Скопје

Новиот електричен автобус, за кој Град Скопје пред неполни три месеци потпиша договор со израелската компанија „Чериот Моторс“ за пробно користење, од денеска во наредните шест месеци ќе сообраќа на линијата „15“. - Автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус кој троши минимално количество електрична енергија и е опремен...

Во Скопје скратени градски линии, пречки во сообраќајот до Попова Шапка

Поради големите врнежи на снег вчеравечер и во текот на ноќта, има скратување на линиите на јавниот автобуски превоз во Скопје, како и одредеи проблеми на патот до Попова Шапка. Поради снегот денеска во Скопје не сообраќаат автобусите со број 69 и 69а. Како што информира ЈСП Скопје, автобусот со број 25 место до Средно Водно сообраќа до комплексот „Соравиа“, а...

Поради снегот дел од автобуските линии во Скопје се скратени или во прекин

Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќа автобусот до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 80, 80а и 180. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусот со број 3 место до „Панорама“ сообраќа до Клинички центар, а 16 место до Пржино сообраќа до црквата „Св. Петка“. Автобусот со број 24 сообраќа само...

Автобус на ЈСП прегазил жена кај Бит Пазар

Засега неидентификувана жена денеска го загубила животот на булеварот Крсте Мисирков кај Бит Пазар, кога автобус на ЈСП удрил во неа, по што жената починала. Автобусот се движел во правец од џамијата Јаја Паша кон Центар кога околу 12.10 часот удрил во жената. Се очекува увидот да заврши наскоро, велат од СВР Скопје за „Мета“.

Автобусите на ЈСП со нов возен ред кон Водно

Поради големиот интерес на граѓаните, автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час, информираат од ЈСП. Пробната линија со број 25А сообраќа на релација од Стара железничка станица до Средно Водно, а пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...