fbpx
Таг: Јордан

таг: Јордан

САД лансира воздушни напади во Ирак и Сирија како одговор на нападот на американска база во Јордан

Соединетите Американски Држави лансираа воздушен напад на повеќе од 80 воени цели во Ирак и Сирија кои се поврзани со паравоени сили поддржани од Иран, пренесува Гардијан. „Овие напади започнаа вечерва. Тие нема да завршат вечерва. Ќе преземеме и дополнителни активности, сите со цел да ставиме крај на овие напади и да се намалат капацитетите на иранската револуционерна гарда“, изјави...

Напад во Јордан усмрти тројца американски војници, САД ветува одговор

Воздушен напад врз американска воена база на границата меѓу Сирија и Јордан резултираше со тројца загинати американски војници и 34 повредени, пренесува Гардијан. Групата Исламски отпор изјави дека тие стоеле зад нападот. Станува збор за организација поддржана од Иран. САД исто така го обвинува Иран, предупредувајќи дека ќе има соодветен воен одговор за нападот. „Ние ќе продолжиме посветено да се бориме...

По нападот на болницата во Газа, Јордан го откажа самитот со Бајден и лидерите од Блискиот Исток

Јордан го откажа денешниот планиран самит меѓу американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Јордан, Египет и палестинските власти, откако вчера во експлозијата во болница во Газа загинаа стотици луѓе, објави министерот за надворешни работи на земјата, а пренесе Си-ен-ен. „Нема смисла да се прави ништо во овој момент, освен да се запре оваа војна“, изјавил утринава јорданскиот министер за...

Бундестагот изгласа повлекување на германските трупи од базата Инџирлик

Германскиот парламент изгласа повлекување на своите трупи од воздушната база Инџирлик во Турција. Поради новите тензии помеѓу Берлин и Анкара, трупите ќе бидат префрлени во Јордан. Од 569 пратеници на Бундестагот, 461 гласале за префрлување на опремата и на војниците од Инџирлик во новата база во близина на Азрак, Јордан.

Јордан ги ограничува дипломатските односи со Катар

Портпаролот на јорданската влада, Мухамед Мумани, соопшти дека земјата ќе го ограничи своите дипломатски односи со Катар и ќе ги затвори локалните канцеларии на „Ал Џазира“ во оваа земја. Мумани соопшти дека одлуката е донесена за да се осигури регионална безбедност, за да се координира политиката на арапските земји и да се стави крај на кризата во регионот. Одлуката следи откако Саудиска...

Иванов – Бокова: Македонија ги поддржува програмите на УНЕСКО

Претседателот на Ѓорге Иванов денеска во јорданскиот главен град Аман разговарал со генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова за тековните и идните активности и проекти на Република Македонија во соработка со светската организација за образование, наука и култура. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници ја потврдиле одличната соработка меѓу Македонија и УНЕСКО и изразиле подготвеност за нејзино...

Иванов утре во работна посета на Јордан

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, утре ќе престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан, по повод учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и за Северна Африка, што се одржува во Аман. Претседателот Иванов ќе учествува на пленарната сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и за Северна Африка и на сесијата на тема...

Гутереш порачува арапските земји да се обединат и да ѝ помогнат на Сирија

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика арапските земји да ги остават настрана меѓусебните несогласувања и да помогнат во окончувањето на шестгодишната граѓанска војна во Сирија. Апелот го упати за време на посетата на кампот на бегалци од Сирија во Затарија во Јордан, еден ден пред клучниот годишен самит на арапските земји, чиј домаќин годинава е Јордан. Поделбите меѓу арапските...

Убиени четворица напаѓачи во Јордан

Јорданските безбедносни сили соопштија дека се убиени четворица напаѓачи на југот на Јордан, откако во Карак убија 10 лица, а ранија 27. Безбедносните сили наведоа дека со тоа е завршена операцијата против „терористите злосторници“ во Карак, 20 километри од Аман, туристичка дестинација позната по една од најголемите тврдини од христијанскиот период. Тие додадоа дека заплениле оружје, големo количество експлозив и самоубиствени појаси. Во...

Убиени американски војници во пукање во воена база во Јордан

Двајца американски војници, кои обучувале јордански колеги во воздухопловна база во Јордан, денеска загинаа во престрелка, јавува „Би-би-си“. Автомобил ја пробил капијата на влезот на базата „Принц Фајсал“. Лицата во автомобилот почнале да пукаат на јорданските војници, на што припадниците на армијата возвратиле. Во престрелката настрадале американски војници, а еден јордански војник е повреден. Засега не се откриваат повеќе детали ниту, пак,...

Јордански новинар убиен поради антиисламска карикатура

Вооружен напаѓач го уби истакнатиот јорданскиот новинар и писател Нахед Хатар пред судот каде новинарот се соочил со обвинение дека објавил карикатура која се смета за навреда на исламот, јави јорданската државна агенција „Петра“. Очевидци велат дека непознатиот маж отворил оган пред зградата на судот во квартот Абдали, во главниот град Аман. Педесет и шестгодишниот Хатар е убиен со три куршуми,...

Јордан: Автомобил-бомба експлодира кај сириски бегалски камп

Припадник на јорданската армија загина откако автомобил-бомба денеска експлодира во близина на сирискиот бегалски камп Рукбан во Јордан. Како што јавуваат локалните медиуми, во експлозијата се повредени голем број граничари. Бегалскиот камп Рукбан се наоѓа на осум километри од границата на Јордан со Ирак и со Сирија.

Јордан го повлече амбасадорот од Иран

Јорданските власти денеска го повлекоа својот амбасадор во Иран на консултации, откако Техеран одбил да се меша во внатрешните арапски парашања, соопшти денеска „ТВ Арабија“. - Јорданскиот амбасадор во Техеран е повикан во земјата на разговори – соопшти јорданското министерство за информирање и додаде дека по склучувањето на спогодбата за иранската нуклеарна програма со големите сили, Техеран изнел ставови кои претставуваат...

Крал Абдула: Балканот е првата одбранбена линија на Европа

Јорданскиот крал Абдула синоќа на Минхенската безбедносна конференција оцени дека земјите од Западен Балкан се првата одбранбена линија на Европа против екстремизмот. Тој во говорот рече дека мора да се поддржуваат балканските земји со мнозинско муслиманско население во борбата против екстремизмот. Абдула оцени дека ништо не би ја чинело Европа поскапо од зајакнувањето на екстремизмот на Балканот. Тој рече дека Европа мора...

Во Јордан полицаец уби двајца Американци и еден Јужноафриканец

Јордански полицаец денеска отворил оган во американскиот центар за обука во предградие на градот Аман, при што убил двајца Американци и еден Јужноафриканец, пред да биде убиен, соопшти Мохамед Момани, портпарол на јорданската влада. Момани за новинската агенција „Петра“ изјавил дека уште двајца државјани на САД и четворица државјани на Јордан биле ранети за време на нападот, додавајќи дека еден...

ЕУ: Дополнителни 28 милиони евра за сириските бегалци во Јордан

Европската унија соопшти дека ќе даде дополнителна помош од 28 милиони евра за сириските бегалци во Јордан, за подобро да се соочат со претстојната зима. Европскиот комесар за хуманитарни прашања, Кристос Стилијанисед, го посети кампот северно од Аман, во кој се сместени 80.000 сириски бегалци. - Тие пари ќе помогнат за покривање на итните потреби на бегалците - изјави Стилијанидес. Според податоците...

Се сруши авион на јорданската војска, двајца пилоти погинаа

Авион на јорданската војска се срушил при рутински лет, а двајцата пилоти загинале, соопшти војската. Портпаролот на војската, полковник Мамдух ал Амири, потврди дека се срушил авионот „фајрфлај“ во просторот за обука на пилоти, но не ја навел причината за падот. Ал Амри навел дека погинале јорданскиот пилот потполковник Ибрахим Хасунех и ирачкиот пилот-приправник Лаит Насер. Јорданската војска имаше сличен инцидент во...

Чешкиот претседател ќе го одликува јорданскиот крал

За време на претстојната посета на Јордан, претседателот на Чешка, Милош Земан, ќе го одликува кралот Абдула Втори со орден „Бел лав“ и на тој начин ќе му изрази поддршка во борбата против тероризмот и ќе повика на широка поддршка на арапските земји. Земан, исто така, рече дека тој се противи на воведувањето гранични контроли во Шенген-зоната, бидејќи тоа би...

Јордан го ослободи главниот идеолог на Ал Каеда

Официјален Аман го ослободи Абу Мохамад ал Макдиси, еден од главните идеолози на терористичката организација Ал Каеда, кој од октомври минатата година се наоѓа во затвор во Јордан. Јорданското обвинителство одлучи да ги повлече обвиненијата против Ал Макдиси, кој се најде зад решетки поради објавување на интернет на идеологијата на разгранокот на Ал Каеда, терористичката група Фронт на Нусра. Засега не се...

СВП со проектот „Версополис“ во програмата „Креативна Европа“

Националната установа Струшки вечери на поезијата, утре во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, преку проектот „Версополис“, ќе се претстави во програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Во просториите на ЕУ Инфоцентарот ќе се одржи Инфоден за „Креативна Европа – Програма на Европската Унија“ – категорија „Платформи“. Проектот „Версополис“ ќе биде прва европска поетска платформа, а беше поддржан од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...