fbpx
Таг: Јохан Тарчуловски

таг: Јохан Тарчуловски

Мукоски, Василевски, Димовски, Арнаудов и Тарчуловски добија амнестија

Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски се помеѓу првите обвинети што добија амнестија за крвавиот четврток на 27 април минатата година, пишуваат дел од медиумите. Покрај петте пратеници, амнестија е одобрена и за вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Елена Божиновска и Иван Цветановски, како и за обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан...

Јохан Тарчуловски предложен за нов член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ, на својата вчерашна седница ги препорачал Јохан Тарчуловски и Зоран Коцевски за нови членови на Централниот комитет (ЦК) на партијата. Пратеникот Јохан Тарчуловски, кому му се судеше во Хаг за случајот Љуботен, беше и притворен за насилствата во Собранието на 27 април минатата година и кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ. На...

Укинати притворите на Чавков, Мукоски и Василески, Тарчуловски и Димовски

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василески излегуваат од истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, откако вчера попладне Врховниот суд донесе одлука да им го замени притворот со куќен притвор. Врховен суд вчера решавашe по жалбите кои Чавков, Мукоски и Василески ги поднесоа на одлуките на Кривичниот и Апелацискиот суд, со кои...

Пратениците Тарчуловски и Пешевска дојдоа на распит во Кривичниот суд

Во Основниот суд Скопје 1 утрово на распит пред судија на претходна постапка пристигнуваат шесте пратеници кои се осомничени за учество во насилствата во Собранието на 27 април годинава. Досега пристигнаа пратеникот Јохан Тарчуловски и пратеничката Жаклина Пешевска. Пред Кривичниот суд се и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Крсто Јовановски и Зоран Илиевски, како и роднини на осомничените...

Собранието утре напладне ќе одлучува за имунитетот на шестемина пратеници

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за утре напладне ја закажа пленарната седницата на која ќе се одлучува за одземањето на имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, во врска со барањето за нивно притворање што до законодавниот дом го испрати Кривичниот суд во Скопје. Шестемина пратеници се дел од 36-те осомничени...

Утре напладне комисиска расправа за имунитетот на уапсените пратеници

Седница на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за барањата за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот, потврди претседателот на Комисијата, Павле Богоевски. Одлуката е објавена и на веб-страницата на Собранието. Барањата за одземање на пратеничкиот имунитет...

Џафери ги доставил барањата за притвор до надлежната комисија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања вечерва ги доставил барањата за одобрување притвор за пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, известија собраниските служби. Барањата се поднесени вчера од Основен суд Скопје 1, односно од Одделението за организиран криминал и корупција. Џафери ги доставил барањата до надлежната комисија...

Изборната кампања почна валкано – кршење стакла и мачкање измет на штабови

Првиот ден од кампањата на политичките партии за локалните избори почна со оштетувања на штабовите на двете најголеми партии - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Од ВМРО-ДПМНЕ утрово пријавиле дека непознати сторители го искршиле стаклото од излогот на нивниот штаб во општина Кисела Вода. Од партијата го осудија инцидентот, а кандидатот за градоначалник на оваа општина од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тaрчуловски, за медиумите...

Јохан Тарчуловски е градоначалнички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода

Јохан Тарчуловски во Кисела Вода, пратеникот Зоран Илиоски во Битола, а актуелниот Илчо Захариев во Штип. Тоа се дел од имињата што како градоначалнички кандидати извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ му ги препорачал на централниот комитет на партијата, рече денеска поранешниот технички премиер Емил Димитриев, член на ИК. Како што рече тој, во игра за Бутел е Дарко Костовски, во...

Тарчуловски: Народот сака унитарна држава со единствен јазик – македонскиот

„Има кој мисли на татковината, има Македонци чесни патриоти кои до последна капка крв ќе се борат оваа држава да остане таква каква што е, зашто нашите предци ни ја оставиле во аманет и наша чест и одговорност е да ја браниме таа татковина“, изјави Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ на панихидата за сите загинати во конфликтот во 2001 година...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...