fbpx
Таг: ЈКП

таг: ЈКП

Наместо да се намалува, расфрлањето со вода за пиење во Македонија расте [инфографик]

Македонските општини минатата година не воделе грижа за намалувањето на загубите на вода за пиење во водоводните системи, со кои управуваат нивните јавни комунални претпријатија. По период од четири години во кој континуирано се намалуваше процентот на неприходувана вода, лани за првпат е забележан негативен тренд на пораст на загубите на вода за пиење. Дури 62,45 отсто од производената...

Пречистителните станици чистат фекалии, ама лани ги „набилдаа“ и сметките за струја на општините

Помалку од половина македонските општини имаат изградено пречистителни станици за отпадни води (ПСОВ), а постоечките минатата година се соочија со огромни тешкотии во работењето поради набавката на електрична енергија на слободниот пазар. Јавните комунални претпријатија едвај успеаја да се справат со месечните сметки за струја, а владата дури кон крајот на годината одлучи нив да ги врати на регулираниот...

АНАЛИЗА: Даноци и давачки за животна средина – како се наплаќале и каде завршувале парите?

Јавни претпријатија наплаќаат вода, а немаат дозвола за управување на вода. Граѓаните и фирмите плаќале за регистрација на возила, но не се знае дали вистинските суми за даноци биле уплатени на сметка на Министерството за животна средина, пишува Порталб.мк. Ревизорскиот извештај кој под лупа ги става даноците за животна средина во функција на политики за заштита на истата, открива...

Граѓаните бараат казни за загадувачите и чиста вода за пиење во домовите

Почест мониторинг на квалитетот на водата за пиење, населението директно да се информира за резултатите од мерењата и да се обезбеди еднаков пристап до вода за пиење за сите граѓани во државата преку инвестиции во нова и одржување на постојната инфраструктура. За поефективна контрола и санкционирање на загадувачите потребен е редовен инспекциски надзор, како и подобра едукација на граѓаните...

Никако да започне чистењето на дивите и општинските депонии во Источниот и Североисточниот регион

Од март преку април до септември. Ова беа досегашните ветувања за почеток на чистењето на дивите и општинските депонии што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион. И по поминати неколку месеци, од Министерството за животна средина и просторно планирање нема прецизна информација за тоа кога официјално ќе почне затворањето на општинските депонии во 18-те општини од двата...

Чистењето на расфрланиот отпад во Источниот и Североисточниот регион ќе започне во септември

По неколку одложувања на почетокот на работите, во септември треба да започне чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во моментов се вршат подготвителните активности за расчистувањето на отпадот и рекултивација на локациите, додека целокупниот проект е предвидено да...

Инспекцијата подели казни за загадување на воздухот од депонијата во Росоман

Државниот инспекторат за животна средина подели казни за Јавното комунално претпријатие и одговорното лице во Росоман заради горење на локалната депонија. Инспекторите минатата недела направиле надзор на депонијата, која во овој период од годината многу често се опожарува и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот. Депонијата горела и во моментот кога инспекторите биле на терен, а надлежните...

Постојат 55 претпријатија низ земјава што ги одведуваат урбаните отпадни води, само 17 ги прочистуваат [инфографик]

Од 80 македонски општини, грижата за собирање и одведување на урбаните отпадни води што ги создаваат домаќинствата ја споделуваат вкупно 55 јавни комунални претпријатија. Од нив, само 17 од овие даватели на водни услуги ги прочистуваат ваквите отпадни води, со што не вршат загадување на подземните води, реките, езерата и акумулацииите низ земјава. Овој загрижувачки податок од Годишниот извештај...

Селекцијата на отпадот е скапа инвестиција, македонските општини сами не можат да ја покријат

Една канта за отпад од 120 литри чини 10 евра. При непостоење на селекција неопходен е само тој сад за одлагање на отпадот, додека ако се врши селекција на отпадот, тогаш се неопходни минимум три различни контејнери во кои граѓаните ќе треба да го фрлаат ѓубрето. Ова значи и набавка на посебни комунални возила за собирање на селектираниот отпад,...

ЈКП Тетово ветува дека во 2019 година ќе обезбеди 200 нови контејнери со капаци

Проблемот со контејнерите за отпадоци без капаци, што е една од клучните пречки за одржување на хигиена во Тетово, Јавното комунално претпријатиe од Тетово ветува дека ќе почне да го решава во текот на следната година. Тие планираат половина од нив да  ги заменат со нови контејнери кои ќе имаат капаци, известува „Порталб.мк“. - Во план-програмата за 2019 година предвидовме да...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...