fbpx
Таг: Јемен

таг: Јемен

Ал каеда зазеде град во Јемен

Припадниците на Ал каеда без отпор зазеле град на југоистокот на Јемен, каде во тек се судири со властите и со шиитските бунтовници, соопштија јеменските сили за безбедност. Ал каеда го зазела градот Азан, кој се наоѓа на патот меѓу два големи града на југоистокот на Јемен, јавуваат светските агенции, додавајќи дека во градот се виори знаме на терористичката организација. Во...

Бомбашки напад кај резиденцијата на претседателот на Јемен

Шест војници загинаа откако автомобил-бомба експлодира на контролен пункт пред резиденцијата на јеменскиот претседател, соопштија локалните власти. Се проценува дека нападот бил насочен кон конвој кој влегувал во комплексот на резиденцијата во градот Аден, на југот на Јемен, а во кој се наоѓал и градоначалникот на градот, Аидарус ел Зубаиди. Ел Зубаиди минал без повредни, а светските агенции јавуваат дека повредени...

Одложени мировните преговори за Јемен

Јеменските мировни преговори, првобитно закажани за 14 јануари, нема да се случат на тој датум, но би можеле да се случат за една или неколку недели, соопшти денеска портпаролот на ОН, Ахмад Фавази, на редовниот брифинг за новинари во Женева. - 14 јануари е споменат како датум за почеток на преговорите, но мислам дека тој датум повеќе не е на маса....

Ракетирана болница на „Лекари без граници“ во Јемен, најмалку четворица загинати

Најмалку четири лица загинале во ракетен напад на болница на меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“, во северниот дел на Јемен, јавуваат светските медиуми. Од организацијата соопштиле дека во нападот на болницата во провинцијата Сада, која е упориште на бунтовниците Хути, биле ранети уште десетина луѓе. Засега, како што соопштиле од „Лекари без граници“, е нејасно дали болницата е погодена при...

Гранатирана Саудиска Арабија – убиени тројца цивили

Три цивили, меѓу кои едно дете, убиени се на југот на Саудиска Арабија во гранатирање од правец на Јемен, соопшти денеска сириската државна новинска агенција СПА. Гранатирањето се случило синоќа, а мета на нападот била провинцијата Џазан, на границата со Јемен. - Билансот е смрт на три цивили, меѓу кои и едно дете. Девет лица се ранети и префрлени во болница...

Џихадистите наредиле затворање три факултети во Аден

Џихадистите денеска наредиле затворање на три факултети на универзитетот во Аден, на југот на Јемен, за да ги принудат студентите од различен пол да не се мешаат во кампусите, велат очевидци. Станува збор за втор инцидент од овој тип во Аден, втор град по големина во Јемен, каде ривалските групи Ал каеда и Исламска држава во последните месеци го користат хаосот...

Нов ракетен напад на бунтовниците во Јемен

Коалицијата предвидена од Саудиска Арабија денеска им се закани на бунтовниците од шиитската група Хути дека жестоко ќе одговори на нападите, по вчерашното пресретнување на балистички ракети на територија на Јемен. Како што пренесуваат светските медиуми, саудиските сили уништиле платформа од која биле испукани проектилите кон пограничниот саудиски град Јазан. Тоа бил петти ракетен напад на Хутите од петокот. Коалицијата предводена од...

Во Швајцарија почнаa преговорите меѓу јеменските власти и бунтовниците

Преговорите меѓу јеменските власти и шиитските бунтовници со посредништво на Обединетите нации почнаа денеска во Швајцарија, соопшти портпаролот на ОН во Женева, Ахмад Фавзи. Преговорите почнаа откако напладне во Јемен стапи на сила прекин на огнот. Најмалку 5.878 лица загинаа во судирите од март, откако меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија покрена воздушни напади против бунтовниците Хути. Фавзи рече дека во преговорите во...

Јемен: 16 војници загинаа од подметната бомба

Шеснаесет војници вчера загинаа во јеменската провинција Маариб откако со возилото нагазиле на подметната бомба, соопштија провладини вооружени сили. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Провинцијата Маариб во последните неколку месеци е центар на судири меѓу бунтовниците Хути и владините сили.

Бан: Да се утврди одговорноста за нападот на болницата во Јемен

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска го осуди бомбардирањето на болницата во Јемен, управувана од организацијата Лекари без граници. Болницата беше погодена за време на воздушниот напад на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија. Портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дујарик, соопшти дека Бан побарал брза, ефикасна и непристрасна истрага за да се утврди одговорноста за нападот и ги повикал...

Бомбардирана болница на Лекари без граници во Јемен

Во воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска е погодена јеменска болница, со која раководат Лекари без граници, објави организацијата. Станува збор за најново бомбардирање на цивилни мети во седуммесечната воздушна кампања во Јемен. - Болницата на Лекари без граници во Саади, Јемен, минатата ноќ неколкупати била мета да напади, додека пациентите и лекарите биле внатре во зградата – објави...

Јемен: 23 мртви во воздушен напад

Во воздушен напад на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, загинаа 23 лица, кои биле на свадба во Јемен. Ова е втор воздушен напад изминатите седум дена во кој настрадале сватови во Јемен. Инцидентот се случил вчера во покраината Дамар, околу 80 километри јужно од главниот град Сана. Вкупниот број на загинатите би можел да се зголеми бидејќи се претпоставува дека има уште...

Јемен: Убиени 15 војници на арапската коалиција

Во денешните напади на неколку цели во јеменскиот град Аден се убиени 15 војници од коалицијата на арапските држави, на чело со Саудиска Арабија, пренесува државната новинска агенција ВАМ. Експлозии утринава се случиле во хотел во кој биле сместени јеменските претставници и во заливската воена база во Аден, соопшти портпаролот на Владата. Ова е најголем напад на државните сили откако во...

Јемен: Ракетиран хотелот во кој се сместени премиерот и владата

Хотелот „Каср“ во Аден, во кој престојува јеменскиот премиер Калед ал Бахах, заедно со членовите на владата, денеска е погоден со три ракети и е во пламен, објавија извори од безбедносните служби. Локален претставник, кој побарал да остане анонимен, изјави дека „неколку лица се ранети или загинати“ во утринскиот напад, но не прецизирал дали меѓу жртвите има членови на владата. Хотелот...

Саудиска Арабија негира дека ја бомбардирала свадбата

Официјален Ријад денеска ги отфрли обвинувањата на јеменските власти дека нејзините воздухопловни сили се одговорни за завчерашното убиство на 130 цивили на свадба во jугозападниот дел на Јемен. Саудиска Арабија тврди дека за време на инцидентот, нивните воздухопловни сили, како и силите на членките на меѓународната сунитска коалиција, не учествувале во никакви воени операции во Јемен. Јеменските медиуми јавуваат дека жртви биле...

Јемен: Во воздушни напади убиени 131 лице на свадба

Најмалку 131 лице во Јемен се убиени при воздушен напад на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, јавуваат светските медиуми. Коалицијата, чија мета биле шиитските бунтовници, по грешка од воздух нападнала свадба во селото Ел Вахга, во близина на морскиот теснец Баб ел Мандеб. Меѓу жртвите има најмалку 80 жени. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ги осуди нападите во Јемен повикувајќи...

Два бомбашки напади на џамија во Јемен

Дваесет и пет лица загинаа, а десетина се ранети во двојниот самоубиствен напад во џамија во јеменскиот главен град Сана. Мета на нападите, извршени на првиот ден од Курбан-бајрам, биле шиитските верници и припадниците на Хутите. Светските медиуми јавуваат дека во армијата прво одекнала експлозија, а потоа на излезот, кога верниците почнале да бегаат, се разнел бомбаш-самоубиец.

Во воздушен напад на јеменски хотел загинаа 20 лица

Најмалку 20 лица, поголемиот дел цивили, загинаа во воздушен напад од саудиските воздухопловни сили на хотел во јеменскиот главен град Сана. Официјални лица рекоа дека станува за хотелот „Марина“, лоциран во јужниот дел на Сана. Ова се случува откако коалициските воздушни сили извршија напади против хутските сили во Сана во петокот и убија најмалку 40 цивили, а беа повредени најмалку 130...

Во Јемен загинаа 14 цивили

Четиринаесет цивили, меѓу кои има жени и деца, загинаа при бомбардирање на позициите на бунтовниците во градот Таез на југозападот на Јемен. Силите под команда на племенскиот лидер Хамуд ал-Микхлафи сега контролираат 75 отсто од градот, вклучувајќи ја и претседателската палата и резиденцијата на поранешниот претседател Али Абдула Салех кој е близок со бунтовниците. Првите конфликти околу градот Таез почнаа на...

ОН: Јемен е на работ на глад

Конфликтот во Јемен помеѓу бунтовниците и силите на локалните власти ја довела земјата на работ на глад, предупреди извршната директорка на Светската програма на Обединетите Нации за храна. Ертарин Кузин истакна дека на пазарот на Јемен нема доволно храна да се прехранат 24 милиони граѓани кои живеат во земјата, од кои за 13 милиони итно е потребна помош. Хуманитарните организации немаат...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...