fbpx
Таг: Јемен

таг: Јемен

Самоубистен напад во Адена, убиени 30 јеменски војници

Триесет јеменски војници денеска загинаа во Адена откако бомбаш самоубиец се саморазнесе пред воена база во североисточниот дел на градот, соопштија воени и болнички извори од Јемен. Како што јавуваат странските медиуми, мета на нападот биле војниците кои се собрале да примат плата во воената база. - Напаѓачот ненадејно се појави меѓу војниците во базата Ал Солбан - изјави неименуван воен извор. Одговорноста...

Во воздушни напади во Јемен, загинаа 21 цивил

Дваесет и едно цивилно лице загинаа во денешните воздушни напади во северозападниот дел на Јемен, извршени од арапската коалиција, предводена на Саудиска Арабија. Како што јавуваат светските медиуми, жртвите патувале со пикап-возило кон локалниот пазар во регионот Хиран во северозападната провинција Хиџах, која е под контрола на шиитските бунтовнци Хути, кои ја имаат поддршката од Иран. И покрај илјадниците воздушни напади...

Саудиска Арабија е против продолжување на примирјето во Јемен

Дводневното примирје по двогодишната војна во Јемен истече денеска напладне и нема да биде обновено, рече портпаролот на коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија. Примирјето кое еднострано го објави саудиската коалиција, не помогна да се запрат борбите во земјата меѓу Хутите, кои ги поддржуваат Иран и коалиционите сили. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето. Во текот на 20 месеци, откако...

Бунтовниците од Јемен истрелале ракета кон Мека

Саудиска Арабија денеска соопшти дека бунтовниците во Јемен истрелале балистичка ракета кон светиот муслимански град Мека. Саудиската војска навела дека пресретнала и уништила ракета на 65 километри од Мека, каде се наоѓа Каба, градба кон која сите муслимани се вртат кога се молат пет пати дневно. Како што е наведено, ракетата не причинила штета. Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија од март 2015...

Стапи на сила привремениот прекин на огнот во Јемен

Седумдесет и двочасовниот прекин на огнот во Јемен, каде веќе 18 месеци се војува, стапи на сила на полноќ. Пред примирјето, арапската коалиција и шиитските бунтовници најавија дека ќе го почитуваат прекинот на огнот, но дека ќе одговорат ако бидат нападнати. Прекинот на огнот го иницирале Обединетите нации, кои навеле дека добиле уверувања од завојуваните страни дека ќе го почитуваат. Коалицијата што ја...

На погреб во Јемен убиени 140 луѓе, бомбардер ја погрешил метата

Саудиската воена коалиција која се бори против јеменските бунтовнички сили, наведе дека бомбардер по грешка целел на погреб во Сана, при што биле убиени 140 луѓе. Во соопштението на саудиската војска се наведува дека поради тоа ќе биде поведена дисциплинска постапка. Нападот, кој се случил на 8 октомври, предизвика меѓународни реакции и силна критика од западните сојузници на Саудиска Арабија. Заради непочитување на коалиционите...

Проектили паднале во близина на американски воен брод во Јемен

Два проектили испукани од подрачје под контрола на бунтовниците во Јемен паднаа во близина на американски воен брод - разорувач во Црвено Море, соопшти денеска американската морнарица. Во соопштението се наведува дека ниту еден американски морнар не е повреден и не е причинета штета на разорувачот „УСС Мејсон“, како и дека не е јасно дали бродот бил мета, иако ракетите биле истрелани...

Бројот на загинати во нападот на Јемен достигна 231 лице

Бројот на загинати во нападот во главниот град на Јемен, Сана, за време на погребна церемонија, достигна 231 лице, јавуваат светските медиуми. Претставници на шиитските бунтовници, Хути, кои присуствувале на церемонијата, изјавиле дека врз зградата каде што се одржувал настанот, имало воздушни напади од страна на арапската коалиција. Арапската коалиција, пак, која е предводена од Саудиска Арабија, негираше вмешаност во нападите. Во Јемен постојано се...

Грчки државјанин бара помош да биде ослободен од заложништво во Јемен

Грчки државјанин бара помош од грчката влада и тврди дека е киднапиран и оти го држат како заложник во Јемен. Педесет и шестгодишниот Себоглу Адрианос преку видеоснимка, која пред неколку недели е закачена на видеосервисот „Јутуб“, апелира за помош објаснувајќи дека бил уапсен во декември и веќе 10 месеци го држат како заложник во Јемен. - Веќе 10 месеци никој не...

Седумнаесет загинати во судири во Јемен

Најмалку 17 борци загинаа вo Јемен во судирите со бунтовничките и провладините сили, соопштија денеска јеменските власти во Аден. Бунтовниците денеска одбележуваат две години од заземањето на главниот град Сана. Борбите се интензивираа во Јемен откако на 6 август пропаднаа мировните преговори меѓу шиитските бунтовници Хути и владата, која има поддршка од Саудиска Арабија. По 18-часовните борби на југозападот на земјата, загинаа...

Се зголемува бројот на жртвите во нападот во Аден

Шеесет загинати и десетици повредени е последниот биланс од самоубиствениот напад врз воен камп за обука во јеменскиот град Аден, соопшти организацијата „Лекари без граници“, додавајќи дека бројот на жртвите би можел да се зголеми. Светските агенции јавуваат дека напаѓачот со возило влетал во група регрути. Нападот е изведен во делот на градот каде контрола имаат припадниците на Народниот отпор,...

Петнаесет загинати во самоубиствен напад во Јемен

Во самоубиствен напад во камп за обука на војската во Аден, втор по големина град во Јемен, загинаа 15 лица, соопштија безбедносните претставници. Напаѓачот со возило влетал во група регрути. Бројот на жртвите би можел да биде и поголем, пренесуваат светските агенции.

Нападната воена база во Јемен, убиени шест војници и 20 напаѓачи

Шест војници загинаа при напад на јеменската воена база Солабан, соопшти армијата, додавајќи дека при одбраната на базата, ликвидирани се околу 20 напаѓачи. Како што јавуваат локалните медиуми, базата прво била нападната со два автомобили бомби, по што напаѓачите упаднале во воениот објект и зазеле позиции во неколку згради во базата. По четиричасовна престрелка, напаѓачите биле убиени. Засега никој ја нема преземено...

Во Јемен убиени повеќе од 800 припадници на Ал каеда

Повеќе од 800 осомничени припадници на Ал каеда се убиени во офанзивата на јеменската војска против џихадистите на југот на земјата, соопшти денеска арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија. „Операцијата е окончана откако се убиени повеќе од 800 припадници на Ал каеда, меѓу кои и лидерите на организацијата“, се наведува во соопштението на коалицијата. Јеменските војници почнале операција од југот да...

Турција го замрзна имотот на поранешниот претседател на Јемен

Турција ги замрзна средствата на поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех, во согласност со одлуката на Советот за безбедност на ОН, соопшти портпаролот на турската влада. Во соопштението се наведува дека е замрзнат имотот на Салех во турските банки и во другите финансиски институции, вклучувајќи ги и сефовите. Салех е осомничен дека во времето кога бил на власт присвоил околу 60...

Саудиска Арабија разменила 109 бунтовници за девет Саудијци

Властите во Саудиска Арабија денеска соопштија дека коалицијата која ја предводат во борбите против шиитските бунтовници во Јемен разменила 109 бунтовници за девет Саудијци заробени на таа територија. Во соопштението не се прецизира како и кога саудиските државјани биле заробени во Јемен, иако јеменските власти објавија дека тие биле заробени за време на операциите во близина на границата на Саудиска...

Борбен авион на ОАЕ исчезна во воена мисија во Јемен

Обединетите Арапски Емирати денеска соопштија дека им исчезнал еден борбен авион кој учествува во војната во Јемен. Војската на Емиратите објави соопштение во една реченица, кое го пренесе државната новинска агенција „ВАМ“. Во соопштението се наведува дека е „изгубено борбено летало“. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија минатата година почна да ги бомбардира шиитските бунтовници во Јемен, познати како Хути, кои претходно ја...

Европарламентот бара ембарго за Саудиска Арабија

ЕУ да воведе ембарго за оружјето во Саудиска Арабија, а Велика Британија, Франција и другите земји од Унијата да престанат да ѝ продаваат оружје на земјата, која напаѓа цивили во Јемен, побара денеска Европскиот парламент. Вкупно 359 европратеници гласаа за поддршка на резолуцијата која нема обврзувачко дејство, 212 беа против резолуцијата, а 31 се изјасниле воздржано. Европратениците се надеваат дека резолуцијата...

Девет загинати во напад во Јемен

Најмалку девет регрути загинаа на југот на Јемен, кога бомбаш-самоубиец активирал експлозив на својот појас при влезот во воен камп. Нападот се случил кај камп во близина на јужниот град Аден, кој меѓународно признаената влада и борците предводени од Саудиска Арабоја го користат како база за воздушни напади против шиитските бунтовници Хути, кои го контролираат градот, соопштија јеменските претставници. Разгранок на...

Убиен лидер на Ал каеда во Јемен

Во воздушни напади на југот на Јемен, кои, како што се верува, ги извршило американско беспилотно летало, убиен е лидер на разгранокот на Ал каеда во таа земја. Убиен е Џалал Белаиди, познат како Абу Хамза, командант на Ал каеда на Арапскиот Полуостров, заедно со двајца чувари, објавија членови на неговото семејство. Нападот се случил во областа Макареш, во јеменската провинција Абијан.  

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...