fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

Очув од Делчево е под истрага за обљуба на 15 годишно девојче

Очув од Делчево е под истрага поради сомнение за обљуба на 15 годишно девојче. Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кој постои сомнеж дека од летото во 2022 година па сè до крајот на месец ноември оваа година ги искористувал моментите кога мајката на малолетничката не била дома и во повеќе наврати вршел...

Приведено лице под сомнеж дека му помогналo на Палевски да избега од Бугарија во Турција

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил - Помагање, извести обвинителството. Лицето се сомничи дека со автомобил Ланд Ровер му помогнал на Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски да избега од Бугарија во Турција. Сомневањето...

Обдукцијата е завршена, телото на Вања е предадено на семејството

Обдукцијата на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие безживотно тело беше пронајдено во неделата е завршена, потврдија од Јавното обвинителство. Наодите треба да покажат кога настапила смртта кај младото девојче и на кој начин таа била убиена, со оглед на тоа што во јавноста се шират голем број различни информации. Обдукцискиот наод треба да биде доставен до обвинителството, но оттаму нема да...

Истрага против пазарен инспектор осомничен за примање поткуп

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица отворило истражна постапка против едно лице од Струмица за кое постои сомнеж дека примил мито. Струмичанецот бил вработен во Државниот пазарен инспекторат како помлад пазарен инспектор и во два наврата директно побарал и примил парични средства од лица од Радовиш за да не изврши службени дејствија што морал да ги спроведе, информираа од...

Истрага за 23 луѓе осомничени за трговија со дрога и оружје

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, е спроведена полициска акција во охридско – струшкиот регион. Со акцијата е сузбиена повеќечлена криминална група чии членови, со цел противправно стекнување на имотна корист, подолг временски период се занимавале со неовластено набавување и продажба на наркотична дрога...

Лога: ИТ системот во обвинителствата полн со недостатоци, следуваат законски измени

Министерот за правда Кренар Лога одржа средба со голем број претставници од правосудните инстанци, политичките партии и граѓанскиот сектор, а во врска со потребата за изготвување измени во Законот за јавното обвинителство и нов Закон за јавнообвинителската служба, со оглед на тоа што, како што вели тој, се констатира дека актуелниот информатички систем има недостатоци и не ги дава...

Јовески: Ни треба систематски пристап кон наодите од ревизорските извештаи

Потребен уште посистематски пристап кон наодите од ревизорските извештаи, пред сè од страна на владините институции кои треба да ги отстранат слабостите, но и од истражните органи во поглед на постапките против можните злоупотреби. Ова го истакна јавниот обвинител Љубомир Јовески на работилницата во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и на начинот на постапување по ревизорските извештаи, на која...

Јовески пред Грковска се пожали за недостигот од обвинители и ИТ кадар во обвинителствата

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа состанок со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на кој биле отворени прашања со недоволните кадровски капацитети во овие институции, и од аспект на недостиг на обвинители, но и на информатички и друг стручен кадар, што ја отежнува работата и перформансите на јавните обвинителства. На средбата присуствувале...

Случај „Синџир“: 26 физички лица и 28 фирми се сомничат дека го оштетиле буџетот за 8 милиони евра

Врз основа на спроведената акција од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што го спроведе Финансиската полиција, осомничени се 26 физички лица и 28 фирми. Денеска, по повеќемесечна истрага, имаше голем претреси на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, а сомнежите се дека буџетот е оштетен за...

Кривична пријава за негувателката што им давала на децата да пушат електронска цигара

Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против В.И.(38) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик. Пријавената, вработена како негувателка во детска градинка „Димче Мирчев“ во Велес, овозможила деца од градинката да користат електронска цигара. Основното јавно обвинителство Велес пред извеcно време оформи предмет...

Полски државјанин баран од Интерпол фатен на ГП Богородица со лажна лична карта

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против полски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик, информираат оттаму. „На 26 октомври, осомничениот како патник во автобус со грчки регистарски ознаки се јавил за влез во земјава на граничниот премин „Богородица“. При редовна контрола од страна на овластени...

Предметот за узурпираниот паркинг кај „Бит Пазар“ пет месеци е во предистражна фаза

Пет месеци по отворањето на предметот за узурпираниот простор зад Поликлиниката „Бит Пазар“, кој незаконски се користи како паркинг со наплата, предметот сè уште е во предистражна фаза, а во меѓувреме узурпаторите продолжуваат незаконски да земаат пари од граѓаните, пишува Порталб.мк. Од Обвинителството информираат дека предметот е во фаза на предистражна постапка, во рамките на која издадени се барања за доставување...

Скопјанец осомничен дека ја претепал бремената сопруга

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – тешка телесна повреда. Според обвинителството, осомничениот вчера ја претепал неговата сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот. Додека заедно со жртвата и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот прво почнал да се расправа, а потоа и...

Обвинителство: Осуммина обвинети од предметот „Багер“ признаа вина

На првото одржано рочиште за предметот под кодно име „Багер“, осуммина обвинети кои извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство, ​ги признале делата за кои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јуни годинава поднело oбвинителен акт. Како што соопштија од Јавното обвинителство, сите обвинети сториле кривично дело Злосторничко...

ОЈО: Градоначалникот Стевчо Јакимовски добивал закани по живот, поднесена е пријава

Основното јавно обвинителство повело постапка против 60-годишен скопјанец, под сомнеж дека му се заканувал на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. ОЈО Скопје го сомничи скопјанецот за кривичното дело - загрозување на сигурноста. На 4 октомври, според обвинителството, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство и...

Се бара притвор за скопјанец – ја гризел и ја гребел сопругата пред двегодишната ќерка

Основното јавно обвинителство поведе постапка против 25-годишен скопјанец за семејно насилство. За него се бара притвор, поради нанесување телесни повреди и неизвршување на судска одлука. Како што известува обвинителството, осомничениот на 3 октомври годинава, алкохолизиран дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ во Кисела Вода, и прво со висок тон се обратил на жената со која биле во бракоразводна...

Обвинители од земјава во Косово бараа докази за злоупотреби на Клиниката за онкологија

Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден биле во косовското Обвинителство и оствариле директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, информираа од Јавното обвинителство. „Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа на...

Избодел со нож двајца скопјани откако го предупредиле дека вози брзо на плочникот во ТЦ „Бисер“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство и Предизвикување општа опасност. Од обвинителството соопштуваат дека на 11 септември, осомничениот се обидел со умисла да лиши од живот две лица, кои вербално протестирале затоа што со голема брзина управувал автомобил „Ленд ровер“ по плочникот кај трговскиот центар...

Првите наоди од обвинителството за Клиниката за онкологија укажуваат на дела против здравјето на луѓето

Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, соопштуваат од Јавното обвинителство, во однос на објавените информации дека со години на клиниката имало злоупотреби со...

Еден обвинител лани во просек работел на 192 предмети

Обвинителствата лани во работа имале 33.355 предмети против познати сторители (од кои 13.421 се предмети пренесени од 2021 година), што пак покажува дека секој јавен обвинител во основно јавно обвинителство во текот на годината просечно имал во работа околу 192 предмети. Оваа бројка во одредени обвинителства, со оглед на нивната надлежност, е и значително поголема. Ова се вели во Годишниот...

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...