fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

Лекар од Скопје пронајден во автомобил избоден до смрт во Железара

На паркингот пред поранешната клиника Железара, во возило „Киа“ вчеравечер бил пронајден починат 67-годишниот А.Т. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој бил пронајден во сопствениот автомобил со повеќе убодни рани. Јавното обвинителство соопшти дека починатиот бил лекар. Го пронашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. „Лекар од Итна медицинска помош констатирал...

Месечно по три лица сo обвинение за злоупотреба на лични податоци

Во текот на минатата година, во основните јавни обвинителства низ државата биле примени 86 кривични пријави за Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик, од кои 39 биле решени со поднесено обвинение или предлог за издавање казнен налог, се вели во анализата на Јавното обвинителство. Во 2022 година, пак, во обвинителствата биле примени 88 кривични пријави за...

Поведена истрага против битолчанец за силување на 14-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Битола поведе истрага против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. „Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата Прилепска во Битола, во повеќе наврати...

Битолчанец истурил бензин и запалил слот машини во казино

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35 годишен жител на селото Долно Оризари, кој е осомничен за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска во Обвинителството. „На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола, се качил на спратот од објектот каде што...

Љупчо Коцевски ја презеде функцијата државен јавен обвинител

Љупчо Коцевски од денеска и официјално е новиот државен јавен обвинител, откако ја презеде должноста од досегашниот вршител на функцијата - јавната обвинителка Соња Симовска. Коцевски и Симовска одржаа средба на која разговараа за актуелните состојби во Јавното обвинителство, како и за приоритетните активности во следниот период. Се зборуваше во насока на зајакнување на системот за борба против криминалот и...

ЈО: Обвинение за жител на Демир Капија за ширење омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата

Јавното обвинителство утрово соопшти дека, по спроведена претходна постапка, обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднел обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, преку коментари на социјалните мрежи напишани под вест на еден веб-портал во јули 2023...

Професионален војник осомничен за доставување телефони на затвореници во „Идризово“

Обвинителството поведе постапка против 23-годишник, вработен во Армијата на Северна Македонија кој го обезбедувал затворот „Идризово“, под сомнеж дека ја злоупотребил службената положба бидејќи за затворениците обезбедил 10 мобилни телефони, информираа истражните органи. За вработениот во Армијата обвинителството бара да му се определи мерка притвор. Настанот, според МВР, се случил вчера, кога полициски службеник за обезбедување на Казнено – поправната...

Поведена постапка за ученици кои монтирале фотографии од нивни соученички за да ги исмеваат

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднел Барање за поведување подготвителна постапка против шест малолетници. Станува збор за ученици од деветто одделение во основно училиште, кои како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници. Целта на учениците, како што соопшти Јавното обвинителство била да ги навредуваат, исмеваат и да нанесат...

Уапсени четворица за злоупотреби на Клиниката за онкологија, меѓу кои и ексдиректорот Нино Васев

По речиси целодневен молк, од Јавното обвинителство потврдија дека за аферата со злоупотреби на Клиниката за онкологија, по налог на обвинителството биле извршени претреси на три локации, а уапсени се четири лица. Од обвинителството велат дека акцијата за случајот со Клиниката за онкологија е во тек и дека подоцна ќе бидат соопштени повеќе детали. Меѓу уапсените и задржаните во полициска...

Куќен притвор и за петтиот осомничен за упадот во М-НАВ кој беше во бегство

За еден од од осуммината осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, кој повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше уапсен на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определил мерка куќен притвор. „Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука“, соопштија од Јавното обвинителство. За упадот во М-НАВ во бегство се уште три лица,...

Уапсено уште едно лице за упадот во М-НАВ, обвинителството бара притвор

Јавен обвинител денеска бил известен од полицијата дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за упадот во Македонска навигација (М-НАВ). Станува збор за еден од четворицата кои не беа достапни за истражните органи. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд ќе достави предлог за...

Обвинителството бара притвор за таткото што си ја претепа до смрт двегодишната ќерка

Основното јавно обвинителство Кичево донело наредба за спрoведување истражна постапка против Ф.Д (29), за кривично дело – убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. МВР денеска соопшти дека тој се сомничи дека на 18 декември крвнички ја претепал својата двегодишна ќерка, која по 21 ден борба за живот, починала...

Се бара притвор за четворица за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај во М-НАВ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството. Еден од осомничените е Беким Незири, советник на извршниот директор и координатор на партискиот...

Предизвикал сообраќајна несреќа, па ја грабнал повредената во своето возило и ја претепал

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти за случај на грубо насилство, во кое осомничено 65-годишно лице предизвикало сообраќајна несреќа, а потоа насилно ја турнало повредената во своето возило, по што ја извадил и ја тепал со клоци и со тупаници. Настанот се случил на 27 декември 2023 година, додека оштетените, мајка и син, со своето возило се движеле по булеварот „Јане...

Од трите кандидати за нов републички јавен обвинител, остана само Љупчо Коцевски

Од тројцата пријавени кандидати за преземање на улогата на републички јавен обвинител остана само Љупчо Коцевски. На денешната седница на Советот на јавните обвинители се даваше мислење за пријавените кандидати за огласот за јавен обвинител на Република Северна Македонија, а овој филтер не го поминаа обвинителките - кандидатки Лидија Раичевиќ и Фатиме Фетаи. Фетаи испадна од игра поради несоодветна документација,...

Јовески го заврши мандатот со анкета дека граѓаните имаат доверба во судството

Мандатот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески завршува денеска, по што тој ѝ се обрати на јавноста и на јавните обвинители. Јовески во своето поздравно обраќање кажа дека во последниот извештај на Европската комисија, навистина се ниски оценките за борбата против корупцијата во земјава и од тоа не можеме да бидеме задоволни. „Но, ниту една критика не е...

Очув од Делчево е под истрага за обљуба на 15 годишно девојче

Очув од Делчево е под истрага поради сомнение за обљуба на 15 годишно девојче. Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кој постои сомнеж дека од летото во 2022 година па сè до крајот на месец ноември оваа година ги искористувал моментите кога мајката на малолетничката не била дома и во повеќе наврати вршел...

Приведено лице под сомнеж дека му помогналo на Палевски да избега од Бугарија во Турција

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил - Помагање, извести обвинителството. Лицето се сомничи дека со автомобил Ланд Ровер му помогнал на Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски да избега од Бугарија во Турција. Сомневањето...

Обдукцијата е завршена, телото на Вања е предадено на семејството

Обдукцијата на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие безживотно тело беше пронајдено во неделата е завршена, потврдија од Јавното обвинителство. Наодите треба да покажат кога настапила смртта кај младото девојче и на кој начин таа била убиена, со оглед на тоа што во јавноста се шират голем број различни информации. Обдукцискиот наод треба да биде доставен до обвинителството, но оттаму нема да...

Истрага против пазарен инспектор осомничен за примање поткуп

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица отворило истражна постапка против едно лице од Струмица за кое постои сомнеж дека примил мито. Струмичанецот бил вработен во Државниот пазарен инспекторат како помлад пазарен инспектор и во два наврата директно побарал и примил парични средства од лица од Радовиш за да не изврши службени дејствија што морал да ги спроведе, информираа од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...