fbpx
Таг: јавни набавки

таг: јавни набавки

ЦГК: Секој трет договор за јавна набавка е склучен во постапка во која учествувала само една фирма

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година, како и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по кои различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници. Во клучните наоди е наведено тоа дека...

Милионски тендери од општина Тетово за фирми на семејството Бајрами

Од 2021 година до денес кај три тетовски фирми од мрежата  на семејството Бајрами завршиле милионски тендери од општина Тетово. Станува збор за две фирми основани непосредно пред локалните избори во 2021 година, „Еко-пеу“ и „Ереу-транс“ како и фирмата „Мујо-Бајрами“ основана во 2011 година. Според Електронскиот систем за јавни набавки овие фирми се добитнички на тендери исклучиво од општина Тетово....

Антикорупциска: Веќе е оформен предмет за набавката на лиценциран софтвер за 40 милиони евра

антикорупциска комисија
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека веќе е оформен предмет за набавка на лиценциран софтвер од Генералниот секретаријат на владата по доставена анонимна пријава во која се наведува дека „генералниот секретаријат потпишал договор сo Microsoft за лиценци и сервиси во вредност од околу 26.000.000,00 евра“. Предметот бил оформен минатиот месец, а денешното соопштение на Антикорупциска следува по...

ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, а пожари се гаснат со возила стари по 27 години

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат во просек се стари по 27 години. Според најновите истражувања на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), слично е и кај амбулантните возила. Во земјава има 263 амбулантни возила кои се просечно стари по 12 години, а најчесто се и купени „на старо“. Само 30 од новонабавените вакви возила...

Обвинителството на Ковеши во Бугарија истражува криминал „тежок“ безмалку 500 милиони евра

Европското обвинителство води 143 истраги во Бугарија, за вкупно нанесени штети од 492 милиони евра, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Фрапантната бројка е дел од извештајот на институцијата за работата на ова обвинителство од неговото создавање до 2021 година досега. Вкупно 16 од истрагите што ги вршат европските обвинители во Бугарија се за корупција. Досега по барање на Обвинителството водено од Романката...

ЦГК: Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција

Во втората половина на минатата година, за разлика од истиот период во годината претходно, односно во првата пандемиска година, за повеќе од половина пораснал бројот на нетранспарентни склучени јавни набавки, а за тоа најмногу „заслуги“ имале АД ЕСМ, МВР и МОН. Дополнително, речиси две третини од фирмите признале дека имало меѓусебни договарања за учествата во повиците за јавни набавки. Центарот...

ЦГК: Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за 3,6 милиони евра

Истражување за набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму, покажа дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Возила набавиле 42 државни институции. Според резултатите од анализата на Центарот за граѓански комуникации, најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, која...

ЦГК: Ризици од корупција при јавните набавки поврзани со ковид-19

Во првата половина на 2021 година јавните набавки поврзани со ковид-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, иако зад институциите е цела една кризна година на искуство каква што беше 2020, констатира Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во најновиот Извештај за јавните набавки за заштита од ковид-19 изработен врз основа на длабочинско следење на постапки за јавни...

Вистиномер: Не е точно дека првата одлука на Ковачевски е набавка на златни чинии

Димитар Ковачевски сè уште не е премиер, за да може да одлучува за јавни набавки на Владата. Ковачевски мандатот за состав на Владата го доби на 30.12.2021 година, а собраниската седница за избор на нова влада е закажана за 15.01.2022 година, анализира „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На 12.01.2022 година, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја одлуката на Владата да распише...

ЦГК: Јавните набавки со низа слабости, е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција

Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите, соопшти Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) кој го објави деталниот Извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година. Според наодите од Извештајот, во првото полугодие од 2021, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се...

ЦГК: Расте отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите-секој трет се поништува

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Според податоците добиени од мониторингот на јавните набавки, поништувањата на тендерите достигнаа до 33 отсто, што е највисоко ниво во последните неколку години, а причината за тоа...

ЦГК: Во постапки без објавување оглас, во првите шест месеци лани доделени јавни набавки вредни 11 милиони евра

Расте бројот на нетранспарентни тендерски постапки со преговарање, без објавување оглас, при јавните набавки во земјава, покажува Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2020 година на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Во првите шест месеци од 2020 година, склучени се договори во вредност од 11 милиони евра во вакви нетранспарентни постапки, што е за 15 отсто...

Предлозите за намалување на корупцијата во јавните набавки се доставени, останува да се види примената

Јавните набавки се извор на корупција и го поткопуваат владеењето на правото, истакна амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп на денешниот настан „Претставување на предлозите за намалување на корупцијата во јавните набавки и унапредување на начинот на нивно спроведување“ во организација на Центарот за граѓански комунунации (ЦГК). Тој истакна дека отстранување на корупцијата во јавните набавки е...

Истражување на ЦГК: Детектирани ризици од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“. Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле...

ЦКГ: Потрошени 6,7 милиони евра за „итни набавки“ за заштита од ковид-19

Во првите шест месеци од ковид-кризата, 6,7 милиони евра е вредноста на договорите за итни јавни набавки за заштита од корона вирусот, покажува сумарниот извештај од мониторингот на итните јавни набавки поврзани со заштита од ковид-19, кој го објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) „Една третина од вредноста на овие договори отпаѓа на Министерство за внатрешни работи-МВР, кое со 2,2...

Полог годинава ќе прави географски информациски систем и кампања за чистење смет

Центарот за развој на полошкиот регион годинава склучил договори за јавни набавки во вредност од околу 552.000 евра, но само еден од трите склучени договори бил за јавна набавка од годинешниот план. Годинава, според податоците на Бирото за јавни набавки, Центарот за развој на полошкиот регион треба да оствари вкупно 19 јавни набавки: три на стоки, 11 на услуги...

Центарот за развој на Полошкиот регион лани потрошил 1.300.000 евра, најголем дел за урбанистички планови и машини за чистење

Милион и триста илјади евра, најмногу за урбанистички планови, тротоари и за машини за одржување чистота, потрошил лани за јавни набавки Центарот за развој на полошкиот плански регион. Според податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) на Бирото за јавни набавки, Центарот лани склучил 14 договори во вредност од околу 80 милиони денари или милион и триста илјади...

ЦГК: Град Скопје лани склучил најмногу тендери со најголема вредност од 21 милион евра

Општините и Градот Скопје во 2019 година склучиле 3.686 договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари, односно 130 милиони евра. Споредено со претходната година, вредноста на јавните набавки во 2019 година бележи пораст од 33 милиони евра, односно за 33,8 отсто, покажува  Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2019 година, која...

ЦГК: Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари

Седумдесет и еден процент од вредноста на склучените договори за итни јавни набавки, поврзани со заштита од корона вирусот, отпаѓаат само на 5 фирми, а во најголем број на случаи институциите правеле договори само со една фирма. Вкупната вредност на директните 142 договора изнесува над 3,2 милиони евра, покажува најновиот Извештај на Центарот за граѓански комуникации. Според Извештајот, во период...

Јавни набавки: Секој трети тендер со само една понуда, секој четврти поништен

Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2019 година била влошена во однос на претходните две години. Во дури 35 отсто од мониторираните тендери за јавни набавки е регистрирано дека пристигнала само една понуда, покажува најновиот извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот јануари - јуни 2019 година на Центарот за граѓански комуникации. Просечниот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...