fbpx
Таг: Јавен обвинител

таг: Јавен обвинител

Возач загина во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Струга

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што синоќа околу 21.15 часот се случи на магистралниот пат Охрид - Струга, во близина на бензиската пумпа „Бесјани“. Станува збор за Благоја Р. (37) од струшкото село Мороишта, кој веднаш по несреќата со возило на итна помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сообраќајната незгода...

По урнатиот авион во село Кожле трагале 170 полицајци

Педесет полицајци со 10 моторни возила од Единицата за специјални задачи и 120 полицајци со 15 моторни возила од Единицата за брзо распоредување трагале по авионот што вчера се урна во близина на селото Кожле, информираат од МВР. Во соопштението од полицијата се вели дека службените лица на терен излегле веднаш во 18.45 часот, по известување од жител на селото кој во...

Удавеното момче во Охридско Езеро е од Скопје

Телото кое беше пронајдено вчера во водите на Охридското Езеро, во близина на воениот камп „Св.Наум“, е на 24 годишниот Марко В. од Скопје, соопшти денеска портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски. Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело. Ова е констатирано при извршениот увид во кампот и медицинскиот преглед во амбулантата во Пештани. - Од увидот...

До 15 часот пронајдени телата на 21 загинат во невремето во Скопје

До 15 часот денеска, по прегледот на теренот во подрачјата кои се најпогодени од невремето, пронајдени се вкупно 21 загинато лице во вчерашната елементарна непогода што го зафати главниот град, соопшти попладнево Министерството за внатрашни работи. „Идентификувани се 20 лица и телата на починатите се предадени на семејствата, а за едно лице сè уште трае утврдувањето на идентитетот. Починатите...

Кичевец најден мртов со прострелна рана во главата

Синоќа, околу 20.15 часот, полициски службеници до паркирано возило на магистралниот пат Гостивар - Кичево, го нашле починат 63-годишниот М.З. од кичевското село Трпчин Дол. Како што информираат од полицијата, кичевецот имал прострелна рана на главата, нанесена од огнено оружје, а покрај неговот тело бил пронајден и пиштол. Увид на местото извршил јавен обвинител и екипа од полициската станица во Кичево....

Кривичниот суд има 477 стари нерешени предмети, најстариот е од 1998 година

Во Основниот суд Скопје 1, во одделите за кривично полнолетни, кривично малолетни и Одделението за организиран криминал и корупција, има вкупно 477 стари нерешени предмети, постари од две години, а најстариот е од 1998 година, покажала последната анализа направена во јуни годинава, соопштија денеска од судот. Судии од Апелацискиот суд, кои на почетокот на април биле во посета на првостепениот суд, утврдиле...

Едно лице загина во сообраќајка на патот Радовиш – Струмица

Сообраќајна несреќа се случи на магистралниот пат Радовиш - Струмица меѓу автомобил „форд“, управуван од А.Д. (33) од Радовиш, и возило „фолксваген“, управувано од У.Д. (25) од Радовиш. Во несреќата на самото место починал А.Д., а сопатникот Р.Д. (29) од Струмица добил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар - Струмица, бил пренесен во Клинички центар - Скопје. Увид на местото...

Починато момче пронајдено на скијачка патека на Попова Шапка

Починато момче, М.Ј. (29), било пронајдено вчера на Попова Шапка, на скијачката патека Церипашина, во месноста Казани. Увидна екипа од СВР-Тетово извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Приведен возач на камион кој превезувал мигранти

Полициски службеници при контрола на товарно возило, марка „волво“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од М.Д.(35) од Велес, на локалниот пат од селото Речица кон селото Ваксинце, пронашле 73 мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и од Бангладеш, кои возачот ги превезувал за одреден паричен надомест. Возачот е приведен и се него се врши разговор. Известен е јавен обвинител за понатамошна постапка. Како што известуваат...

Поранешниот министер за труд и социјала, Џелал Бајрами, избран за јавен обвинител

Советот на јавни обвинители денеска донесе одлука Џелал Бајрами, поранешниот министер за труд и социјална политика, член на ДУИ, да го избере за јавен обвинител во Републичкото јавно обвинителство, јавува „Алсат М“. Бајрами стана заменик на јавниот обвинител Марко Зврлевски, заедно со Анита Топалова-Исајловска, сопруга на новоименуваниот заменик-министер за надворешни работи Илија Исајловски. - Џелал Бајрами е избран за да се испочитува принципот...

Двајца загинати во сообраќајка на булеварот Партизански одреди во Карпош

Две лица ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што утринава, околу 3.30 часот, се случила на булеварот Партизански одреди во населбата Карпош. Несреќата се случила кога такси-возило, марка „мерцедес“, од засега непознати причини, излетало од коловозот, а потоа првин удрило во жардињера, па во дрворедот на булеварот. Во несреќата на самото место починале возачот на такси-возилото, 35-годишниот А.В., и 37-годишната С.К....

Скопјанка пронајдена мртва со убодна рана од нож во градите

Шеесет и деветгодишен скопјанец вчера околу 12.45 часот пријавил дека ја нашол својата сопруга 46-годишната П.Ш. почината, со убодна рана од нож во градниот кош, во нивниот дом, на улицата „Саса“, информираат од МВР. Според МВР, сопругот Д.Ш. во разговор со полициските службеници изјавил дека истиот ден, околу 11.40 часот, кога се вратил од пазар ја пронашол жената во ходникот,...

Мајка го пронашла синот починат во стан во Скопје

Вчера, околу 18 часот, С.К. (70) пријавила дека на булеварот Партизански oдреди во нејзиниот дом го пронашла починат нејзиниот син Александар К. (44). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.  

Кучиња скитници до смрт искасале 58-годишна дебранка

Педесет и осумгодишната Фитнет Ф. од селото Баланци во Општина Центар Жупа, им подлегнала на повредите откако попладнево била нападната и искасана од глутница кучиња скитници на околу 150 метри од куќата во која живеела. По нападот Фитнет Ф. итно била префрлена во Медицинскиот центар во Дебар, каде бил присутен и јавен обвинител. Во болницата лекарите констатирале смрт како последица...

Полицијата ги истражува случаите за двете безживотни тела пронајдени во Прилеп

Две безживотни тела вчера попладне биле пронајдени на две различни локации во Прилеп, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 16 часот, на улицата Трајко Николовски, кај гаражите на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, бил пронајден машки леш во фаза на распаѓање. Еден час подоцна, во куќа на улицата Александар Македонски, била пронајдена почината 64-годишната Л.Ј. од Прилеп. Претходно, Е.Т.Ш. пријавила дека...

Претепан до смрт 80-годишен жител на мариовското село Маково

Осумдесетгодишен жител на мариовското село Маково денеска бил претепан до смрт, од помладо лице. Мотивите за физичкиот напад засега не се познати, а според неофицијални информации, полицијата веќе го привела осомничениот. Од битолската клиничка болница потврдуваат дека попладнево на ургентното одделение бил донесен повозрасен маж со тешки телесни повреди на главата и по целото тело. Тој веднаш бил префрлен на одделот...

Детето што беше пријавено за исчезнато во Прилеп, пронајдено удавено во канал за вода

Двегодишното момче што вчера беше пријавено за исчезнато во полициската станица во Прилеп, утрово било пронајдено мртво во канал за вода во населбата Тризла во градот. - Вчера, околу 15.30 часот, родителите на двегодишниот Омер Н. пријавиле дека детето исчезнало. Потрагата по него траеше до утринските часови. Неговото безживотно тело е пронајдено околу 6.30 часот од членови на семејството, во каналот...

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје - Велес, на 2 километри по наплатната станица кај Сопот, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, автомобил марка „фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот од десната страна и слетал во провалија. Поради непристапноста на теренот, припадниците на единицата за специјални задачи на МВР...

Убиен 43-годишен жител на тетовското село Лисец

Со прострелна рана во срцето, попладнево околу 15.30 часот во Мала Речица убиен е 43-годишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец. Убиството се случило во угостителски објект на улицата Љуботенска. - Лицето Хасани е убиено со еден куршум, истрелан од пиштол кон срцето, а смртта настапила веднаш - изјави јавниот обвинител Борислав Нешоски од Основното јавно обвинителство во Тетово. Осомничениот за убиството, кој...

МВР: Нема обдукција врз телото на Софески

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на поранашниот воен разузнавач, Горан Софески (44) нема да се врши обдукција, информира денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај ова, во информацијата во полицискиот билтен, пишува дека телото на Софески било најдено вчера (23 ноември), во 8.35 часот кај местото Бела вода, во атарот на кичевското село Раштани. „Смртта е констатирана од Итната...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...