fbpx
Таг: Јавен обвинител

таг: Јавен обвинител

По две години опозицијата ќе може да предлага јавен обвинител, вели Заев

Премиерот Зоран Заев денеска го оцени како лицемерен предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ, јавниот обвинител да се избира по предлог на опозицијата. - Ќе го дефинирам предлогот како мало лицемерие. Ние ветивме дека по втората година, на предлог на опозицијата ќе се избира јавен обвинител. Сега на Македонија ѝ треба да биде исправена пред реформите и најдобриот експерт што можеме да го најдеме дома да...

Разрешувањето на Зврлевски се помести понапред на собраниската седница

Пратениците на Собранието на Република Македонија го усвоија дневниот ред на 6. седница и решија барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, да биде петта наместо 30. точка на дневниот ред. Зврлевски до паузата не се појави во собраниската сала. Тој има право да им се обрати на пратениците. Претходно пратениците одбија два предлога на опозицијата за...

ВМРО-ДПМНЕ побара јавниот обвинител да го предлага опозицијата

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат во иднина државниот јавен обвинител да го предлага опозицијата. Ова денеска на прес-конференција во Собранието на Република Македонија го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, непосредно пред собраниската седница на која треба да се разгледува и да се одлучува за барањето за разрешување на актуелниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски. Како што рече Димовски, опозицијата до...

Штипјанец пронајден мртов во својот стан

Педесет и петгодишниот К.Г. вчера околу 20.15 часот бил пронајден мртов во неговиот стан на улицата Стојан Гологанов во Штип, информираше денеска полицијата. Засега нема информации за причините за смртта на штипјанецот, која била констатирана од страна на лекар. Јавен обвинител, лекар патолог и екипа на СВР Штип извршиле увид на местото, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот...

Разрешувањето на Зврлевски, на седница на Собранието на 3 јули

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, е на дневен ред на шестата седница на Собранието на Република Македонија, која е закажана за 3 јули. Како што може да се види од агендата за седницата, објавена на интернет-страницата на Собранието, разрешувањето на Зврлевски е последна, односно 30. точка од дневниот ред. „...Предлогот за разрешување на Марко Зврлевски...

Средовечен маж се удавил во Охридско Езеро

Безживотно машко тело, синоќа околу 17.50 часот, е забележано во водите на Охридското Езеро, на плажата Сараиште, информираат од СВР-Охрид. Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десетина метри од езерскиот брег. По извршениот увид на местото на настанот, предводен од јавен обвинител и од полициски екипи, констатирано е дека удавеното...

Советот за јавни обвинители го прифати предлогот за разрешување на Зврлевски

Советот на јавни обвинители на денешна седница со мнозинство гласови го прифати предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. - На денешната седница членовите на Советот со мнозинство гласови позитивно се изјаснија по предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител на Македонија. Ние уште денеска ќе го доставиме мислењето до Владата заедно со краткото образложение...

Заев ќе ја убедува Грција да дозволи да влеземе во НАТО под референцата

Премиерот Зоран Заев во интервју за МРТВ изјави дека планира експертската бранша да биде вклучена во изборот на јавниот обвинител, но и експерти да ја водат државната телевизија. Заев истакна дека разрешувањето на јавниот обвинител и измените во судството се неопходни, имајќи предвид дека проблемите со правосудниот систем се постојано нотирани во извештаите на Европската комисија. - Размислувањата кои ги имам јас...

Владата почнa постапка за разрешување на Зврлевски

Новата Влада на својата втора седница, што се одржа денеска, донела одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Одлуката за разрешување на Зврлевски, како што соопштија попладнево од Владата, била донесена поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, а предлогот, се додава во соопштението, ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители кој треба да...

Јавен обвинител врши увид на местото каде што беше убиен градоначалникот Идризи

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид на местото каде околу 10.40 часот беше убиен градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, информираат од обвинителството. „Според првичните информации, осомничениот го паркирал своето возило во непосредна близина на Општина Боговиње и се упатил кон бурекџилницата од спротивната страна, каде во тој момент седел градоначалникот на општината. По кратка...

Љупчо Шврговски ќе го брани Бобан С. за кражбата на 3 милиони евра од НЛБ

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски му е адвокат на 40-годишниот Бобан С., осомничен за кражбата на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје. Информацијата за „Мета“ ја потврди самиот Шврговски. - Да, јас сум му адвокат - ни рече Шврговски, но не сакаше да коментира ништо во врска со случајот. Бобан С., осомничениот за најголемата кражба во историјата на независна Македонија, трезорот...

Пронајден мртов маж во тетовско Палчиште

Мртов маж е пронајден во тетовското село Палчиште, во канал меѓу две ниви во местото Пропаст, информираат од тетовската полиција. Се работи за 77-годишен маж од селото. Телото го пронашле неговите внуци, кои веднаш го пријавиле случајот во полиција. Јавен обвинител, екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид. На безживотно тело немало пронајдени траги...

Битолчанец, кој бил пријавен за исчезнат, пронајден мртов

Вчера во 12.35 часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на улицата Партизанска бил пронајден починат 68-годишниот М.Ј. од Битола, соопшти МВР. Како што информираат од полицијата, М.Ј. на 12 март оваа година бил пријавен за исчезнат. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

Притвореник починал на пат кон болница

На Р.А. (1951) од Струмица, притвореник во истражниот затвор „Скопје“, вчера му се слошило по што од страна на доктор од затворот му била укажана прва помош. Потоа било повикано возило на итна медицинска помош и бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, но по пат починал. Доктор од итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде...

Притвор за осомничениот за убиство на сосетката во Охрид

Поради основан сомнеж дека сторил разбојништво, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во стан на улицата Галичица во Охрид, информираат од СВР Охрид. Нему, Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во казнено-поправна установа во Скопје. - На 20 овој месец, во 11.45 часот, пријавениот, заради стекнување противправна...

Разбојник убил жена во Охрид

Засега непознато лице, синоќа усмрти жена во потесното централно подрачје на Охрид, на улица Галичица. Од СВР Охрид информираат дека се преземаат интензивни мерки за расчистување на кривичното дело разбојништво со последица смрт. - СВР Охрид трага по сторител кој во текот на вчерашниот ден, во времето од 11 часот и 30 минути до 19 часот и 25 минути, влегол во...

26-годишен кочанец пронајден мртов со траги од насилство

Дваесет и шестгодишно момче утринава било пронајдено мртво во подрумот од зградата во која живеело во Кочани, а на телото имало видливи траги од насилство, соопшти Јавното обвинителство. „Веднаш по добивањето на информацијата, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид заедно со увидна екипа од МВР. Со оглед на тоа што на телото беа најдени видливи траги на...

Цимерот на бездомникот од Битола е осомничен за неговото убиство

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.А. (53) од Битола, поради постоење основан сомнеж дека извршил убиство. Настанот се случил во текот на ноќта помеѓу 24 и 25 јануари, во неутврдено време, при што пријавениот со употреба на физичка сила и тврди предмети, на свиреп и подмолен начин, му нанел повеќе повреди по целото тело и на тој начин го лишил...

Одложено рочиштето за „Поткуп“, следното закажано за 23 февруари

Судијката Дијана Груевска-Илиевска го одложи денешното рочиште за случајот „Поткуп“ бидејќи надлежното јавно обвинителство сè уште не донело одлука по барањето на адвокатите на Зоран Заев за изземање на обвинителот Златко Биковски. Одлуката за иземање, сепак, треба да ја донесе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, од каде, пак, одбија да одговорат на барањето затоа што не...

Адвокатите на Заев побараа изземање на обвинителот за случајот „Поткуп“

Судењето за случајот „Поткуп“ не почна затоа што адвокатите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, побараа изземање на јавниот обвинител Владимир Милошевски бидејќи против него СЈО води истрага за неколку кривични дела. Како што наведе еден од адвокатите на Заев, Јаким Наумов, јавниот обвинител Милошевски е дел од злосторничко здружување во врска со објавените снимки на „Јутјуб“ од посебните истражни...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...