fbpx
Таг: ЈасСумШарли

таг: ЈасСумШарли

Сите сакаат да заработат од трагедијата во Париз

Милиони луѓе во светот на социјалните медиуми објавија „Je suis Charlie“ („Јас сум Шарли“), идентификувајќи се слоганот кој во себе ја крие пораката „Слободен сум, не се плашам“. Фразата „Јас сум Шарли“ е дело на уметникот Жоашим Ронса, кој непосредно по нападот на својот твитер-профил ја објави сега славната фотографија, на која слоганот е испишан со фонтот на парискиот сатиричен магазин. Таа...

Пророкот Мухамед на новата насловна страница на „Шарли ебдо“

На првата насловна страница на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ по нападот, во кој беа убиени 10 новинари и двајца полицјаци, ќе биде објавена карикатура од пророкот Мухамед, на која тој со солзи во очите држи натпис „Јас сум Шарли“ и на која пишува „Сè е простено“. Од новото издание на „Шарли ебдо“ ќе бидат испечатени рекордни три милиони примероци,...

ИВЗ го осуди терористичкиот напад во Париз

Исламската верска заедница денеска испрати реакција во која категорично се вели дека насилството не е дел од исламот, алудирајќи на терористичкиот напад во редакцијата на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“, каде десет новинари и двајца полицајци ги загубија животите. „Со длабока огорченост ја добивме веста за терористичкиот напад во Париз, Франција. Тајните ги знае само севишниот Алах, но како што...

ЗНМ и МАН: Кукавички напад врз слободата на изразување

Здружението на новинари на Македонија и Македонската асоцијација на новинари изразуваат сочувство до семејствата на новинарите кои вчера во Париз загинаа во терористичкиот напад на неделникот „Шарли ебдо“. „Во овие тажни моменти, изразуваме сочувство на семејствата на настраданите и се солидаризираме со целиот француски народ. Овој кукавички чин не е само напад врз слободата на медиумите, туку е напад и...

„Цивил“ и Хелсиншки комитет изразија поддршка и сочувство до Французите

Центарот за слобода „Цивил“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија изразуваат длабоко сочувство и поддршка до граѓаните на Франција по вчерашниот терористички напад на сатиричниот француски неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12 луѓе, 10 од нив новинари и двајца полицајци. Изрази на сочувство и на поддршка, „Цивил“ упатува и до сите членови на семејствата на...

Омаж за загинатите во француската амбасада

Во Амбасадата на Република Франција во Скопје, денеска се одржа омаж за загинатите во терористичкиот напад на неделникот „Шарли ебдо“ во Париз. Амбасадорката Лоренс Оер истакна дека денеска е ден на нацонална жалост во Франција и во дипломатските и конзуларни претставништва на нивната држава. Таа вчерашниот напад го оцени како кукавички напад и подмолен чин, во кој животот го...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...