fbpx
Таг: Јапонија

таг: Јапонија

Тројца загинати во тајфун во Јапонија

Најмалку три лица загинаа во тајфунот Лан, кој вчера ја погоди Јапонија, јавија локалните медиуми. Јавниот сервис НХК јавува дека најмалку две лица се потешко повредени, едно се води како исчезнато, а околу 90 добиле полесни повреди. Властите наредија евакуација на околу 80.000 лица во Коријама, град кој се наоѓа северно од Токио, поради поплавите и свлечиштата предизвикани од тајфунот. Јапонскиот премиер...

Коалицијата на премиерот Шинзо Абе пред убедлива победа на изборите во Јапонија

Владејачката коалиција на јапонскиот премиер Шинзо Абе доби најголема поддршка од гласачите на предвремените парламентарни избори што денеска се одржаа во Јапонија, покажуваат резултатите од излезните анкети, јавуваат светските агенции. Јапонските медиуми ги објавиле проекциите на резултатите за кратко време по затворањето на избирачките места во 20 часот по локално време. Според извештаите на медиумите, владејачката коалиција на Шинзо Абе ќе...

Јапонскиот цар ќе абдицира во март 2019 година, јавуваат јапонските медиуми

Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира на 31 март 2019 година, објави денеска весникот „Асахи Шимбун“ повикувајќи се на извори од јапонската влада. Тоа ќе биде прво абдицирање на јапонски цар во последните 200 години. Премиерот Шинѕо Абе ќе се сретне со претставници и со членови на царското семејство во ноември, пред одлуката да биде официјално соопштена. Портпаролот на царското семејство засега...

Еруптира вулканот Шинмоедаке во Јапонија, наредена евакуација на населението

Вулканот Шинмоедаке во јужниот дел на Јапонија еруптираше првпат во последните шест години, исфрлајќи облаци пепел во висина од неколку стотина метри, јавуваат светските агенции. Јапонските власти веднаш издале предупредување и го повикале населението во близина на вулканот на евакуација. Вулканската пепел достигнала висина од 300 метри кога почнала ерупцијата, која најверојатно ќе продолжи и ќе стане поинтензивна, навеле од јапонската...

Силен земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Јапонија, соопшти Американскиот геолошки завод. Земјотресот го погодил подрачјето на околу 300 километри источно од Ивакија, на Хоншу, на длабочина од 77,8 километри. Засега нема информации за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета.

Јапонскиот премиер го распушти парламентот, избори на 22 октомври

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, официјално го распушти долниот дом на јапонскиот парламент, за да се одржат предвремени избори на 22 октомври. Откако претседателот на парламентот, Тадамори Ошима, го прочита писмото на Абе за распуштање на парламентот, пратениците ги подигнале рацете и три пати го повториле традиционалниот јапонски израз „банзаи“, со значење „вечен нека е“. По распуштањето на парламентот, Абе им...

Северна Кореја тестираше уште една ракета над Јапонија

Северна Кореја испукала уште еден проектил од близината на Пјонгјанг. Американците и Јужнокорејците ги анализираат податоците од оваа проба. Јапонија тврди дека една ракета го прелетала островот Хокаидо, а потоа паднала во Тихиот Океан. Јужнокорејскиот совет за национална безбедност одржа итна седница веднаш откако беше објавена веста за новиот ракетен тест на режимот во Пјонгјанг. Јапонскта телевизија НХК објави дека проектил...

Кина ја повика Јапонија да не му воведува нови санкции на Пјонгјанг

Кина ја повика Јапонија да не ѝ воведува еднострани санкции на Северна Кореја поради лансирање на севернокорејската ракета преку јапонската територија, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Министерот Ванг Ји вчера изјави дека едностраните санкции не се во духот на резолуцијата на Советот за безбедност и дека за нив нема основа во меѓународното право и дека затоа Јапонија не треба...

САД тестираше пресретнување балистички ракети

Eден ден откако Северна Кореја лансираше ракета која прелета над Јапонија, американската војска изведе проба за пресретнување балистички ракети кај брегот на Хаваи, соопшти Американската агенција за ракетна одбрана. Во соопштението се наведува дека Агенцијата за ракетна одбрана, заедно со маринците, успешно пресретнала балистички ракети со среден домет од разорувачот „Џон Пол Џон“. Директорот на агенцијата, генерал потполковник Сем Грејвс, вели...

Ракетниот тест е подготовка за воени акции во Пацификот, порача Пјонгјанг

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го оценил вчерашното тестирање на балистичката ракета како успешно и го опишал како подготовка за напад на американскиот остров Гуам во Пацификот, се наведува во соопштението што го пренесе државната новинска агенција на Северна Кореја - КЦНА. Во соопштението се наведува дека Ким Џонг-ун изразил големо задоволство поради успешниот тест и наредил уште неколку слични тестирања во...

Северна Кореја истрела ракета преку Јапонија, итна седница на Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе одржи итна седница на барање на САД, Јапонија и на Јужна Кореја, откако Пјонгјанг истрела балистичка ракета што ја прелета територијата на Јапонија пред да падне во Тихиот Океан. Како што јавуваат светските медиуми, сирените за тревога се активирале во северниот дел на Јапанија, предупредувајќи ги луѓето да побараат засолниште, а железничкиот...

Пјонгјанг испали три балистички ракети во Јапонското Море

Американската војска соопшти дека Северна Кореја испукала од покраината Гвангвон три балистички проектили со краток домет кои летале 250 километри и паднале во Јапонското Море. По минатомесечното испукување интерконтинентални балистички ракети, Пјонгјанг се закани дека ќе ги насочи своите проектили кон американскиот остров Гуам, но најновите нуклеарни тестови не се закана ниту за САД, ниту за островот, соопшти американската војска. -...

Пронајдена бомба во близина на нуклеарната електрана Фукушима

Бомба за која се претпоставува дека е од Втората светска војна е пронајдена на градилиште во близина на комплексот на нуклеарната електрана Фукушима во Јапонија. „Работниците рано утринава ја забележале бомбата ископувајќи земја на едно паркиралиште, кое е околу еден километар оддалечено од реакторот, кој во 2011 година беше уништен со земјотресот и со цунамито“, стои во соопштението на операторот...

Во налет на тајфун во Јапонија повредени 51 лице

Најмалку 51 лице е повредено во Јапонија во налетот на тајфунот Нора, проследен со обилен дожд кој предизвикал поплави. Тајфунот ги погодил западните делови на земјата, проследен со ветер кој достигнал брзина и до 108 километри на час. Метеоролозите истакнуваат дека тајфунот се поместува накај североисток. Јапонската телевизиска станица НХК известува дека 51 лице се повредени, како и дека многу куќи и...

18 жртви и многу исчезнати во поплавите во Јапонија

Најмалку 18 лица загинаа, а 27 се водат како исчезнати во поплавите што го погодија југот на Јапонија, соопштија јапонските власти. Островот Кјушу е опустошен откако реките се излија од коритата, а водата однела делови од патиштата, куќите и од училиштата. Повеќе од илјада луѓе се евакуирани и префрлени во привремени засолништа во школски сали и во јавни згради, но голем дел се...

Јапонски воен авион исчезна со четиричлен екипаж

Јапонското министерство за одбрана испратило авиони и хеликоптери за да пронајдат авион со четиричлен екипаж, кој денеска исчезна на северот на Јапонија. Извидувачкиот авион исчезнал од радарите во близина на аеродромот Јакадате, на островот Хокаидо, додека се обидувал да собере пациент во Хакодате, на барање на градоначалникот на градот, соопшти портпаролот на министерството. - Пративме четири хеликоптери и два авиона да...

Абе сака да го реши спорот со Русија

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, вели дека земјата сака да го реши територијалниот спор, кој фрли сенка на односите со Русија по завршувањето на Втората светска војна. - Мировниот договор помеѓу Јапонија и Русија сè уште не е заклучен, дури и 70 години по завршување на Втората светска војна. Ова е крајно необична ситуација – им рече Абе на новинарите...

Јапонија се подготвува за прием на бегалци ако дојде до корејска криза

Владата на Јапонија работи на планови за непредвидени ситуации во случај кризата на Корејскиот Полуостров да доведе до бранови бегалци во Јапонија, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе. Тој на седница на парламентот рече дека јапонската влада формулира мерки, кои вклучуваат заштита на странци, процедури за слетување, изградба и функционирање на засолништа, како и проверка на баратели на азил. Абе појасни...

Јапонија го прифати биткоинот како средство за плаќање

Криптовалутите, од кои најпознат е биткоинот, од вчера се официјално средство за плаќање во Јапонија. Парламентот на Јапонија вчера изгласа закон за валутна регулација, во кој стои дека криптовалутата има функција на валута во Јапонија, но дека официјална парична единица е само јенот. За редица прашања што оваа измена ги отвора засега нема одговор. Тие се однесуваат главно на даночните...

Трговска војна помеѓу ЕУ и САД би била штетна за двете страни, смета Јункер

Трговска војна помеѓу Соединетите Американски Држави и Европа би била штетна за двете страни, вели претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во интервју за викенд-изданието на германскиот весник „Билд“, јавуваат светските агенции. Прашан дали Европа може да издржи трговска војна со САД, Јункер вели дека „трговска војна не би била во интерес ниту на ЕУ, ниту на САД“. Претседателот на ЕК...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...