Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит во СЈО за „МПМ“


Скопје, 13 септември, 2018 - 12:03 (META) 

Поранешните први луѓе на Медиа принт Македонија (МПМ), Срѓан Керим и Јана Станисављева, се повикани на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), јави „Сведок“.

Двајцата треба да дадат исказ во рамки на истрагата за бројни злоупотреби во МПМ, што ја води ова обвинителството откако предметот го презеде од Основното јавно обвинителство.

Компанијата беше издавач на згаснатите весници „Дневник“,„Вест“ и „Утрински весник“.

Обвинителката Лиле Стефанова за овој случај веќе распрашала и поранешни вработени во весниците, подносители на пријавата, а била одземена и документација за овој случај.

Во Основен суд Скопје 2, во тек е постапка за стечај врз МПМ.


СЈО го презема затворањето на весниците на МПМ


Скопје, 24 јули, 2018 - 13:51 (META) 

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) комплетно ја презема надлежноста за случајот со затворањето на весниците на МПМ од скопското обвинителство, јави ТВ 24.

Се истражуваат наводи од една од „бомбите“, односно  злоупотреба на функциите на тогашните први луѓе Срѓан Керим и Јана Станисављева.

Се прават проверки за евентуален економски криминал, по поднесена кривична пријава од ССНМ. Се проверуваат финансиските  исплати во време кога весниците згаснуваа поради наводна финансиска криза.