fbpx
Таг: јајца

таг: јајца

Демолирана народната канцеларија на Иванов во Тетово

Утринава околу 5.50 часот демолирана е народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во Тетово. Според Секторот за внатрешни работи Тетово, непознати сторители фрлиле тврди предмети кон изложните стакла и кон вратата на канцеларијата, која се наоѓа на улицата Борис Кидрич, во центарот на градот. Како што информираат од полицијата, биле фрлени и неколку јајца во внатрешноста на објектот. Екипи на...

(Видео) Демонстрантите фрлаа со јајца кон канцеларијата на Иванов

Околу 50 јајца завршија во излогот на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов која се наоѓа во центарот на градот. Неколку стотици граѓани револтирани од одлуката на претседателот да ги аболира сите политичари му порачаа дека е фикус. Демонстрантите извикуваат „Хорхе, ти си фикус“, „Мафија во робија“, „Убијци, убијци“, „Нема правда нема мир“. https://youtu.be/diJuTxqYFW0

Со фрлање јајца и со извици „судска мафија“, граѓани протестираа пред Уставниот суд

Со фрлaње јајца по фасадата на зградата на Уставниот суд и со извици „Судска мафија“, „Партиски судии“, „Мафијашка држава“, „Оставка“, „Готово е Никола“, „Робија“,„Нема правда - нема мир“, стотици граѓани протестираа пред судот поради одлуката за која, како што велат, е во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори. Протестот под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“...

Еди Рама нападнат со јајца во Тирана

Припадници на приштинското движење Самоопределување го погодија автомобилот на албанскиот премиер Еди Рама со јајца во Тирана, за што повеќе лица се уапсени. Како што пренесуваат приштинските медиуми, уапсени се осум лица, од кои најмалку четворица се припадници на радикалното опозициско движење од Косово. Припадниците на Самоопределување, како што наведуваат албанските медиуми, оваа акција ја извеле во знак на протест поради...

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...