fbpx
Таг: јајца

таг: јајца

Деветгодишни деца се отруле со расипана мoртадела во одморалиштето „Радости“ во Охрид

Пет деца на возраст од девет години пројавиле симптоми од труење со храна во детското одморалиште „Радости“ во Охрид, потврдија во Државниот здравствен и санитарен инспекторат за Мета.мк. Резултатите од лабораторските анализи на земените примероци од храна, покажале дека три примероци од храна (салата од зелка, сирење и мoртадела) не ги задоволиле прописите од микробиолошка безбедност на храната. Исто така,...

Јајцата, боите за јајца и месото под засилени инспекциски контроли пред Велигден

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во пресрет на велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи. Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, при што акцент е ставен на датумот на пакување...

Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот, ограничен извозот на јајца

Владата ги замрзна цените на јајцата и на оризот и го ограничи извозот на јајца. Цените се замрзнуваат на нивото на кое биле на 15 март, што значи дека не може да се продаваат по повисоки цени од тие што биле на тој датум. Одлуката ја соопштија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши по денешната владина седница....

Од утре замрзнуваат цените на јајцата и оризот, ќе се анализираат цените на месните производи

Цените на оризот и на јајцата од утре ќе замрзнат на ниво на една од цените која важела во текот на март, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. „Нема да биде денешната цена, но тоа ќе биде една од цените во текот на месец март. Не сакаме да кажеме која, за да не се подготват трговците и...

Вистиномер: Фотографијата од мајката птица што изгоре е од Иран, а не од Пехчево

Фотографијата што се споделува во оваа објава на Фејсбук е вистинита и веродостојна, но таа не е снимена во Пехчево. Таа е стара повеќе од една година и често пати е пренесувана во контекст на пожари што се случувале во различни земји, ама оригинално е фотографирана во Иран во средината на 2020 година, пишува „Вистиномер“ во анализата на Фејсбук-пост.   Рецензираме...

Агенцијата за храна за шест месеци открила 61 тон небезбедна храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека од почетокот на годината до крајот на јуни открила вкупно 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло, односно месо, производи од месо и од млеко, риби, мед и јајца. Од тоа, АХВ уништила 17.141 килограми небезбедна храна, а поголемиот дел, или 43.668 килограми, биле уништени од фирмите, врз основа на налози од...

Пратениците во Тирана фрлаа јајца и брашно по Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама за време на денешната седница на парламентот беше гаѓан со брашно и јајца поради апсењата на лицата кои протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија. Седницата во неколку наврати беше прекината. По инцидентот беше принудено да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на опозицијата, јавија албанските медиуми.

Трошоците за живот во март се минимално зголемени во однос на лани

Индексот на трошоците за живот во март 2018 година е на исто ниво како и претходниот месец, а има зголемување од 1,6 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Пораст на индексите на трошоците на животот во март, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,1 отсто, житата за...

Засилени контроли на квалитетот и безбедноста на јајцата пред Велигден

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги зајакна инспекциските контроли на квалитетот и безбедноста на јајцата, во пресрет на Велигден кога и потрошувачката е најголема. - Покрај контролите на магацините, зајакнати контроли се спроведуваат и на граничните премини, при увоз, со цел на граѓаните да им се понуди безбеден и квалитетен производ. Секоја недоследност во поглед на овој прехранбен производ граѓаните и...

Раниот Велигден го намали извозот на македонското јагне

Македонското јагне годинава за Велигден повторно ќе заврши на традиционалните пазари во Италија, Хрватска и дел во Турција, но во помали количества од лани. Ристо Михајлов од кланицата „Серта“ за „Мета“ вели дека продажбата на јагнињата годинава оди тешко и побарувачката од страна на традиционалните пазари е послаба. - Грција годинава нема купено ниту едно јагне, за разлика од претходните години кога...

Токсични јајца пронајдени во дури 40 земји

Европска Унија денеска соопшти дека дури во 40 земји, меѓу кои 24 се членки на ЕУ, биле пронајдени јајца контаминирани со „фипронил“. Претставникот на Европската комисија, Вијтенис Андриукаитис, кој е задолжен за здравје и за безбедност на храната, денеска изјави дека само во четири од 28 членки на ЕУ немало јајца заразени со токсичниот инсектицид „фипронил“. Земјите кои не се погодени...

Апсења во Холандија поради скандалот со затруените јајца

Две лица се уапсени во Холандија во рамки на истрагата за затруените јајца под сомневање дека нелегално користеле инсектицид фипронил на живинарските фарми. Холандското обвинителство соопшти дека двајцата осомничени се директори на компанијата која, наводно, го користела фипронилот на фармите. Иако нема извештаи дека некој се разболел, обвинителите рекле дека имаат докази дека јавното здравје е загрозено со „примената на биоцидот...

Паника во седум европски земји поради затруени јајца

Европската комисија предупреди дека е можно во седум земји да има јајца затруени со инсектициди. Велика Британија и Франција потврдија дека одредено количество такви јајца влегле на нивните пазари, а Белгија се нашла на удар на критики поради прикривање на скандалот иако уште во јуни надлежните знаеле дека во јајцата е присутен фипронил, потенцијално опасна супстанца. Француската влада соопшти дека во...

Ле Пен ја гаѓаа со јајца и доби студен туш од анкетите

Во завршницата на предизборната кампања, ултранационалистичката кандидатка за претседател на Франција, Марин ле Пен, вчера ја гаѓаа со јајца при средба со граѓани во Бретања. Во меѓувреме, таа доби и студен туш од најновите анкети, кои покажуваат дека нејзиниот противкандидат, Емануел Макрон, убедливо води пред неа. Француската кандидатка за претседател, Марин ле Пен, при посета на Дол де Бретањ беше пречекана...

Џиновски гнезда, герила-акција против уништувањето на зеленилото и на дрвјата во Скопје

Анонимни урбани уметници поставија уметнички инсталации, големи гнезда со јајца, на повеќе локации во Скопје, со кои сакаат да алармираат на сè поголемиот број исечени дрвја во градот. Во гнездата има порака „Ги исековте сите дрвја, каде да правиме гнезда? Птиците“. На овој начин тие сакаат да укажат дека за осум години градското зеленило е намалено за 40 отсто, што влијае на...

Изложба во Охрид за историјатот на украсувањето велигденски јајца во Русија

Изложба насловена „Историјат на украсување и на бојадисување велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата ’Фаберже’“, денеска ќе биде отворена во НУБ „Григор Прличев“ во Охрид. Изложбата е посветена на празникот Велигден, а посетителите ќе имаат можност да слушнат и предавање за историјата и за современите тенденци на уметноста на украсување јајца. Исто така, публиката ќе може да учествува во работилницата за...

Минимално зголемување на трошоците за живот во септември

Трошоците на животот во септември, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето е резултат на повисоките индекси на свежиот и разладен зеленчук за 2,6 проценти, јајцата за 2,4 проценти, компирот за 1,3 отсто, месото, рибата, морските плодови и замрзнатото овошје за 0,7 отсто. Во септември, исто така, зголемување на индексите на трошоците за живот е...

Рокот за барања за субвенции за млеко е до 30 јуни

Рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и за предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април е до денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни, инфромираше Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар, а барањата се поднесуваат електронски во подрачните единици на Министерството...

Православните христијани го слават Велигден

Камбаните точно на полноќ во целата земја го навестија Воскресението Христово Велигден. Веста за Христовото воскресение ја објавија свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква (МПЦ) во земјава и во светот. Христос воскресна, навистина воскоресна! Со овие зборови од вечерва по полноќ православните верници во земјава го честитаат најголемиот христијански празник, Христовото воскресение, Велигден. Најголемиот...

Велика сабота – ден пред Велигден

Православните верници вечерва на полноќ ќе го одбележат Христовото воскресение, кога почнува еден од најголемите христијански празници, Велигден. Вечерва се оди во црква, каде што се носи црвено јајце. Христијаните денеска ја слават Велика сабота, ден на свештен трепет пред Христовото воскресение. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црква се останува за големата литургија,...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...