!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

„Веризон“ го купува „Јаху“ за 5 милијарди долари во готово


Санивејл, 25 јули, 2016 - 15:20 (META) 

Американскиот телекомуникациски гигант „Веризон“ ја купува интернет-компанијата „Јаху“ (Yahoo) за речиси 5 милијарди американски долари во готово, јавува „Би-би-си“.

„Јаху“, како што јавува британскиот национален сервис, ќе биде споена со фирмата АОЛ, уште една интернет-компанија чија слава избледува, а која лани беше купена од „Веризон“.

Инаку, договорот меѓу „Веризон“ и „Јаху“ не го вклучува значителниот удел што интернет-компанијата го има во кинеската фирма за интернет-маркетинг и за продажба, „Алибаба“.

Висината на сумата за која „Веризон“ го купува „Јаху“ е далеку под таа што „Мајкрософт“ ја нудеше за компанијата во 2008 година и која изнесуваше 44 милијарди американски долари или, пак, 125 милијарди долари, колку што беше проценетата вредност на „Јаху“ за време на експанзијата на интернетот.


„Јаху“ го купува „Брајт рол“


Санивил, 12 ноември, 2014 - 10:07 (META) 

„Јаху“ ќе го купи дигиталниот огласувачки видеосервис „Брајт рол“ (Bright Roll) за 640 милиони долари, објавија од компанијата.

„Брајт рол“ овозможува автоматско онлајн-видеоогласување за некои од најголемите светски марки, а чистите приходи на компанијата би можеле оваа година да достигнат 100 милиони долари.

Минатиот месец „Јаху“ извести дека неговите приходи од огласување во третиот квартал се намалиле за пет проценти на годишно ниво. Истовремено, неговиот најголем конкурент „Гугл“ забележал пораст на приходите од огласувањето за 17 отсто.