fbpx
Таг: јаглен

таг: јаглен

Европската комисија ѝ одобри на Бугарија 1,2 милијарди евра за енергетска трансформација

Европската комисија денеска ги одобри територијалните планови за трансформација за „јагленските региони“ Стара Загора, Перник и Ќустендил, а со тоа практично го дозволи пристапот на Бугарија до 1,2 милијарди евра за еколошка промена на сегашните загадувачки начини на производство на енергија, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Овој чекор доаѓа во последен момент пред Бугарија да ја загуби шансата да ги добие...

Со планот за праведна транзиција од јагленот прво ќе се ослободуваат Битола и Кичево

Министерството за економија денеска ги презентираше клучните точки од нацрт Инвестицискиот план за праведна транзиција, кој е дел од Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција, што С. Македонија ја претстави на КОП28 и од која се очекува, со помош од меѓународни финансиски институции, да се мобилизираат до три милијарди евра, наменети за трансформирање на енергетскиот сектор зависен од јаглен. Инвестицискиот...

Престанете да сонувате за исфрлање на јагленот до 2030 година, вели германски министер

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер ја стави под знак прашалник способноста на Германија за фазно исфрлање на јагленот како енергетски извор до 2030 година, цел којашто беше поставена во договорот на владејачката германска коалиција пред две години, пишува германската новинска агенција ДПА. „Сè додека не е јасно дека енергијата е достапна под пристапни услови, ние треба да престанеме со...

Германија зимоска ќе реактивира електрани на лигнит за да зачува гас

Германската влада одлучи повторно привремено да активира три електрани на лигнит во периодот од октомври до март 2024, известува Блумберг. Истата практика беше применета и претходната зима. Оваа одлука е донесена за да се зачува земен гас, за да не дојде до недостиг на струја во следната грејна сезона. Според Ројтерс, недостигот на гас кој се компензира со оваа мерка е директна...

Селото Белица е зелената оаза на кичевскиот крај загаден од јаглен [галерија]

Кичевското село Белица има сè што природата можела да подари - шуми, плодна почва, вода и чист воздух. Сместено под падините на Илинска планина, ова место е чиста оаза во кичевскиот крај, познат по децениската употреба на јаглен и загадувањето на животната средина. Белица последните години има петнаесетина постојани жители. Во летниот период, пак сликата се менува. Доаѓаат многу семејства...

ДЗР: Енергетската криза ја дочекавме неподготвени, немало големи инвестиции во производство на струја

Мерките и активностите кои се преземаат од надлежните институции во секторот енергетика не се доволно ефикасни за да обезбедат сигурност и одржливост во обезбедувањето на електрична енергија на долг рок во Република Северна Македонија, се вели во конечниот извештај за извршена ревизија на успешност „Подготвеноста на енергетскиот систем да се справи со енергетската криза“ на Државниот завод за ревизија. Ревизорите...

ТЕЦ „Битола“ лани бил најголемиот загадувач со сулфур диоксид и честички во Западен Балкан

Термоелектраната во склоп на РЕК „Битола“ во 2022 година била најголемиот загадувач со сулфур диоксид и честички прашина на целиот Западен Балкан. Емисиите од оџаците на ТЕЦ Битола се скоро дуплирани споредено со 2021 година, иако поради пожарот на трансформаторот во третиот блок, тој беше вон употреба цела година и електраната работеше со намален капацитет, соопштуваат од Еко-свест. Според новиот...

Кичевското село Белица е првата зелена комуна: Од јаглен се насочува кон одржлив развој

Кичевското село Белица ќе биде првата зелена комуна во земјава. Одржливото користење на ресурсите, зачувувањето на биодиверзитетот и намалувањето на влијанието на климатските промени кои ќе се имплементираат во Белица ќе послужат како модел за трансформација на целиот кичевски регион од јаглен кон зелен развој и чисти извори на енергија. Дел од активностите кои треба да ја започнат зелената трансформација...

Нуредини: Амбициозни сме, но напуштањето на јагленот ќе мора да го одложиме за две години

„Северна Македонија е најамбициозната земја на Западен Балкан кога станува збор за намалување на емисиите на стакленички гасови, која цели кон целосна транзиција и напуштање на употребата на јаглен. Сепак, веројатно ќе треба процесот да го одложиме за уште една или две години, бидејќи реалноста е дека ние исто како и секоја земја во Европа, почнавме да користиме повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со затворањето на загадувачите Осломеј до 2023 година и на РЕК Битола до 2027 година

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со затворањето на Осломеј до 2023 година и на РЕК Битола до 2027 година, бидејќи тоа, како што изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски, ќе остави 4.000 семејства на улица и најмалку уште 40.000 кооперанти кој што зависат од работата на овие два производни капацитети на базна енергија. Мицкоски информираше дека партијата нема...

Дезинформациите како оружје во војната за енергенси

Секоја војна се води на повеќе фронтови. Во однос на војната во Украина, најстрашна е онаа што се одвива на теренот каде што секојдневно се губат животи, се уништуваат цивилни објекти, а трагедијата и бесмисленоста на војната секој ден остава длабоки лузни во душата на луѓето. Војна се води и на полето на дипломатијата, но она што за првпат...

Енергетската криза го запали црвеното светло за зголемено загадување на воздухот во Тетово

Поскапувањето на струјата, според екологистите, е еднакво на зголемувањето на загадувањето на воздухот и животната средина, особено во зимскиот период. Создадената состојба се очекува негативно да се одрази во Тетово и околината, каде воздухот во зимскиот период веќе долги години е многу загаден. Од Министерството за животна средина велат дека одговорноста за воздухот ја делат со Општина Тетово. Од...

Ковачевски: Договорено е Грција да обезбеди непречен извоз на јаглен и мазут за производство на струја

Премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со шефот на грчката влада Киријакос Мицотакис во Атина изјави дека на состанокот е договорено Грција да обезбеди непречен извоз на мазут и јаглен како суровини за производство на електрична енергија во Македонија. „Снабдувањето со јаглен ќе се одвива непречено во четвртиот квартал од 2022 и првиот квартал од 2023 во РЕК Битола и...

ЕСМ: Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Увид во нормализирањето на состојбите денеска направи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. „Сакам да упатам...

CEE Bankwatch Network и „Еко свест“: Само во Новаци шестмина умираат предвреме како последица од РЕК Битола

Комплексот РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи во Европа, а термоелектраната предизвикува до шест предвремени смртни случаи само во општината Новаци, открива новата анализа изработена од CEE Bankwatch Network. Во документот „Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Северна Македонија“ подготвена од CEE Bankwatch Network во соработка со „Еко-свест“ уште еднаш се потврдуваат претходните наоди дека...

Обновливите извори на енергија се единствената алтернатива за одржлив развој на земјата

Намалување на зависноста на земјата од увоз на електрична енергија, но и намалување на загадувањето на воздухот, особено во зимските месеци кога е актуелно затоплувањето на објектите со фосилни горива, се меѓу главните приоритети кои треба да ја водат земјата кон исполнувањето на целите поставени со Стратегијата за енергетика. Насочувањето кон обновливите извори на енергија, особено искористувањето на енергијата од...

Еко-свест ги осудува најавите за отворање на нов рудник за лигнит во Живојно

По денешните најави на директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски дека актуелната криза ја отворила потребата од подолго користење на рудниците и планираната инвестиција во нови ископи во рудникот Живојно во РЕК Битола и рудникот Гуштерица во РЕК Осломеј, со реакција и најостра осуда излегоа од Еко-свест. Од Центарот за истражување и информирање за животната средина најостро...

Загадениот воздухот во регионот предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи. Ова го изјави Европскиот фонд за Балканот при овомесечната имплементација на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан...

Климатските промени и аерозагадувањето во 2021 година: Многу документи, малку имплементација

Реализацијата на проекти на национално и локално ниво коишто ќе имаат директен удел во намалување на аерозагадувањето и ублажување на климатските промени недостигаа во изминатата 2021 година. Северна Македонија усвои серија од важни стратегии и закони, а се обврза на Конференцијата за климатски промени на ОН - КОП 26 и со потпис на меѓународни договори, но имплементацијата дури и...

Наместо печки на дрва, сончевите колектори се спас од аерозагадувањето и за поевтина струја

Меѓународната енергетска криза, која што влијаеше на енормно зголемување на цените на електричната и топлинската енергија, го вклучи „црвениот аларм“ кај граѓаните во земјава. Прашањата за висината на сметките за струја од 1 јануари 2022 година, пропратени со шпекулациите дека ќе има рестрикции на електрична енергија, ги стимулираа граѓаните есенва да се пренасочат кон набавка на печки на дрва,...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...