!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Ураганот Марија стигна до Порторико


Сан Хуан, 20 септември, 2017 - 14:26 (META) 

Ураганот Марија стигна до Порторико каде што бурата има јачина од четврта категорија со ветер со брзина од 230 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Претходно ураганот со разорна сила го погоди малиот карипски остров Доминика.

Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, претходно предупреди дека бурата Марија би можела да го погоди островот со сила каква што не е видена со децении.

– Ќе изгубиме голем дел од инфраструктурата на Порторико – изјави Росело.

Властите ги предупредија граѓаните кои имаат куќи со дрвена или слаба конструкција да пронајдат сигурно засолниште и да се евакуираат.

Вчера е потврдено дека на францускиот остров Гвадалупе, едно лице загина во ураганот Марија, а пријавено е исчезнување на две лица.


Ирма падна на ниво на бура, но ветерот е со јачина на ураган


Мајами, 11 септември, 2017 - 18:00 (META) 

Ирма ослаби на ново на тропска бура, но и понатаму предизвикува ветер кој речиси има сила на ураган, соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани.

Ирма која беше означена како најсилен ураган над Атлантскиот Океан, во осум часот изутрината по локално време забележана е на околу 170 километри северозападно од Тампа во сојузната држава Флорида, со најсилни удари од ветер од 110 километри на час.

Од Националниот центар за урагани велат дека се очекува дополнително слабеење на бурата од вторник до петок по локално време.


Земјотрес од 5,3 степени кај Бодрум


Бодрум, 8 август, 2017 - 10:57 (META) 

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтерова скала е регистриран кај туристичкото место Бодрум во Југозападна Турција, соопшти американскиот геолошки институт.

Засега нема извештај за евентуална штета или повредени.

Земјотресот е регистриран на околу 15 километри југоисточно од Бодрум.
Ова е трет земјотрес регистриран во таа област во последните 48 часа.

Два умерени земјотреси со јачина од 4,8 степени и 4,2 степени според Рихтеровата скапа вчера го погодија Бодрум.


Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Италија


Рим, 2 јануари, 2017 - 13:24 (META) 

Централна Италија беше погодена од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтерова скала, пренесуваат италијанските медиуми.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал 30 километри од местото Матињано, околу 100 километри од Рим.

Според податоците, земјотресот се случил ноќеска, на длабочина од 10 километри, а засега нема податоци за жртви или предизвикана материјална штета.

Централна Италија пред неколку месеци беше погодена од два силни земјотреси кои предизвикаа голем број жртви и огромна материјална штета.


Земјотрес со јачина од 3,7 степени повторно почувствуван во Скопје


Скопје, 12 септември, 2016 - 14:36 (META) 

Земјотрес повторно го затресе Скопје попладнево во 14.19 часот. Овојпат земјотресот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и се случил на 2 километри североисточно од скопското село Булачани.

Послаб земјотрес скопјани почувствуваа и претпладнево, во 11.50 часот, со јачина од 2,3 степени. До 10 часот утрово сеизмолошката опсерваторија регистрирала десетина послаби земјотреси.

По вчерашниот земјотрес со јачина од 5,3 степени, кој ги исплаши скопјани, отворен е посебен телефонски број 195, на кој сите граѓани можат да побараат проценка дали нивните објекти се безбедни за живеење.

Како што информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, АРМ и МВР, како и надлежните институции, се во состојба на зголемена готовност.


Нов земјотрес во Скопје со јачина од 2,3 степени


Скопје, 12 септември, 2016 - 12:26 (META) 

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтерова скала претпладнево, во 11.50 часот, го погоди Скопскиот Регион.

Земјотресот бил на длабочина од 1 километар и се случил на 6 километри источно од Скопје.

До 10 часот утрово сеизмолошката опсерваторија регистрирала десетина послаби земјотреси.

По вчерашниот земјотрес со јачина од 5,3 степени, кој ги исплаши скопјани, отворен е посебен телефонски број 195, на кој сите граѓани можат да побараат проценка дали нивните објекти се безбедни за живеење.

Како што информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, АРМ и МВР, како и надлежните институции, се во состојба на зголемена готовност.


Силен земјотрес утрово почувствуван во Скопје


Скопје, 11 септември, 2016 - 8:18 (META) 

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу 7 часот ги вознемири жителите на Скопје.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на три километри североисотчно од Скопје, во околината на селото Црешево, на длабочина од 2 километри.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека утрово биле регистрирани серија земјотреси со епицентри во Скопското епицентрално подрачје. Два од земјотресите се почуствувани во Скопје и во околината.

Првиот е регистриран во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а вториот една минута потоа, со јачина од 2,8 степени по Рихтер.


Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер го погоди Еквадор


Роза Зарате, 18 мај, 2016 - 11:25 (META) 

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер се почувствува во Еквадор, во Јужна Америка.

Земјотресот се почувствувал на 34 километри од градот Роза Зарате и на 36 километри од градот Мисин во кој се уште се чувствуваат последиците од претходните земјотреси.

Повеќе од 600 лица загинаа, а повеќе од 2.500 луѓе беа повредени кога земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди Еквадор.

 


Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди Авганистан


Ишкашим, 10 април, 2016 - 18:44 (META) 

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Авганистан.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 210 километри и на 39 километри од градот Ишкашим.

Потресите се почувствувани и во Индија, Пакистан и во Таџикистан.

Сведоците раскажуваат дека земјотресот бил почувствуван во главните градови на Авганистан и на Пакистан, а неколку згради биле евакуирани и во Њу Делхи.


Најмалку 51 загинат во Пакистан и 19 во Авганистан во силниот земјотрес


Исламабад/Кабул, 26 октомври, 2015 - 13:34 (META) 

Најмалку 51 лице загинале во Пакистан, а според медиумските извештаи, уште 20 луѓе ги загубиле животите во Авганистан, во силниот земјотрес што утрово ги погоди северните делови на Пакистан, Авганистан и на Индија, јавува „Би-Би-Си“.

Земјотресот бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во планините во регионот Хинду Куш, на длабочина од 212 километри, соопшти геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (САД).

По силниот потрес, зградите во главните градови на сите три држави веднаш биле евакуирани.

Во авганистанската провинција Такар, како што пренесува „Би-Би-Си“ повикувајќи се на новинските извештаи, во стампедо што настанало поради потресот, 12 ученици загинале, а уште 25 биле повредени.

Според болнички извори, уште пет лица загинале во градот Џалалабад, на истокот на Авганистан.

Најголем дел од жртвите во Пакистан се регистрирани на северот на земјата.