fbpx
Таг: извршители

таг: извршители

Уставен суд со 13 предмети ќе ги разгледува измените на Законот за извршување

Уставниот суд информираше дека се формирани 13 нови предмети по поднесени иницијативи во кој се оспорени законските измени на Законот за облигациони односи и иницијативи за измените на Законот за извршување од 20 јули 2023 година. Во дел од иницијативите се оспорени и двата закона.  Според списокот со предметите кој го објави Уставниот суд меѓу подносители се адвокати, граѓани, Адвокатската...

АНАЛИЗА: Извршителите од граѓаните наплатиле 40,5 милиони евра за една година

Највисоки износи на долгови присилно се наплатени од фирмите, потоа од граѓаните, а на трето место е државата. Во исто време, компаниите биле и први на листата доверители кои успеале да наплатат највисок износ на побарувања од должниците, пишува Порталб.мк. Најновиот извештај за работата на извршителите покажува дека во 2022 година е наплатен рекорден износ на долг, повисок од 144...

АНАЛИЗА: Отпис на камати – извршителите почнаа со пресметки, застарувањето на долговите направи “хаос”

Извршителите ги започнаа пресметките за наплата на затезна камата според новите усвоени законски решенија – се стопира наплатата каде износот на каматата го одстигнал главниот долг. Но, во канцелариите на извршителите голем број на граѓани бараат застарување на долговите – како што предвидуваат измените на Законот за облигациони односи. Во пракса – ова решение е тешко спроведливо. Во најава...

Изгласани новите законски измени: каматите нема да можат да бидат повисоки од долгот

Пратениците од параламентарното мнозинство денеска ги усвоија законските измени со кои каматата нема да може да биде поголема од долгот. Станува збор за измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување со кои дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. На овој начин драстично се намалуват вкупните трошоци за брзи...

Русинот се криел во фрижидер од судски извршители во 2015 година, а не бегал од мобилизацијата на Путин

Видеото прикажано во постот не е  сегашно и воопшто не се однесува на  мобилизирање на руски војници за да учествуваат во воената инвазија на Русија врз Украина. Клипот е од 2015 година и прикажува судски извршители кои бараат престапник кој не се појавувал на суд.Тој бил баран за кривично дело кражба, одбегнувал да се појави на судско рочиште и...

Вистиномер: Старите сметки ги одраа граѓаните, се офајдија адвокатите и нотарите

Ана Глигорова од „Стоп за грабежот“ ја поздравува одлуката на Владата да се намалат тарифниците за нотарите и извршителите, но посочува дека сега адвокатите неколкукратно ги зголемиле тарифниците. Ако сега на пример, за услугата на нотарот некој должник, кој има неплатена сметка за режиски трошоци, треба да плати 2.600 денари, за адвокатската услуга треба да одвои 5.200 денари, посочува...

Владата донесе уредба, извршителите да не вршат присилни наплати до 30 јуни

Владата на 27. седница донесе уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување, извршување до 30 јуни 2020 година. „Според оваа Уредба се утврдува дека извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен во предметите за побарувања врз основа на законска издршка,...

Извршителите протестираат бидејќи нема да заработуваат милиони (инфографик)

Незадоволни од определбата на Владата да ја стави заработувачката на извршителите во некакви нормални граници, денеска тие го затворија канцелариите во знак на протест против новиот тарифник со кој се предвидува намалување на наградата при извршување на парични побарувања од граѓани од 1.000 на 300 евра. Претседателот на Комората на извршители, Зоран Димов преку соопштение до јавноста наведе дека остануваат...

Ќе почекаме за пониски тарифи од извршителите и нотарите

Предлог-измените на Законот за извршување и Законот за нотаријатот со кои меѓу другото се предвидува и намалување на тарифите за услугите на извршителите и нотарите останаа заглавени во Собранието, кое во изминатиов период се посвети на спроведување на референдумот и на процедурата за уставни промени. Се додека не бидат донесени измените на законот во Собранието не може да се...

Штипската Клиничка болница плати над 346.000 евра долг кон вработените

Со аванс од Фондот за здравствено осигурување, Клиничката болница од Штип им го плати долгот на болничарите, медицинските сестри и докторите, кои во периодот 2015-2017 година не добивале надоместок за дежурство. Над 80% од персоналот ангажиран во дежурствата имаше извршни решенија за наплата, со што на болницата и се закануваше блокада на сметката. Покрај основниот долг од 364.000 евра,...

Tрошоците во постапките пред нотарите и извршителите се намалуваат

Владата на 90. седница ги прифати предлог – законите за изменување и дополнување на законот за извршување и на законот за нотаријат. Од таму информираат дека главната цел на овие измени е намалување на трошоците на најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити. „Во постапките пред нотарите овие граѓани...

Секоја година ќе се проверува имотот на членовите на Антикорупциската комисија

Со новиот закон за изменување на Законот за спречување на корупцијата, кој од денеска е на јавна расправа, ќе се зајакне Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и поефикасна борба против корупцијата, соопшти министерката за правда Рената Дескоска, презентирајќи ги предложените измени. Се предвидува во иднина и нотарите и извршителите да поднесуваат Анкетен лист до Антикорупциска и до Управата...

Владата најави законски измени за намалување на извршителските тарифи

Владата формираше работна група која треба да изготви законски измени за намалување на севкупните трошоци во структурата на извршните решенија. Како што соопшти денеска премиерот Зоран Заев, предвидено е постојните 42 тарифи во извршителските служби да се намалат на десетина, да се отстранат дополнителните адвокатски трошоци, а побарувањата за комуналните услуги да ги наплаќаат самите претпријатија. Секој треба да се откаже...

Мисијата на ОБСЕ на Косово го осуди убиството на Оливер Ивановиќ

Шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, амбасадорот Јан Брату го осуди убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, и ги повика правосудните органи да направата сè што е во нивна можност да ги изведат извршителите пред лицето на правдата. Брату изјави дека Ивановиќ речиси две децении бил еден од најистакнатите претставници на косовските Срби, кој неуморно...

Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Македонија денеска потпишаа меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата приматели на социјална помош. Извршителите ќе имаат пристап до посебен електронски регистар, така што веднаш ќе имаат увид дека станува збор за луѓе од ранлива категорија. -Со овој меморандум ние веднаш ќе можеме да...

Статистика на МВР: Мажите најмногу вршат семејно насилство, а жените се најчести жртви

Во првите шест месеци од оваа година, полицијата поднела кривични пријави против вкупно 388 лица осомничени за семејно насилство, покажуваат статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи. Од вкупниот број на сторители на ова кривичното дело, според статиските, 94 отсто се мажи. Во најголем број од пријавените случаи или во вкупно 161 случај, насилството било извршено од сопруг, во 84...

СДСМ: Ќе бидат преиспитани милионските долгови на државните претпријатија

„Ќе бидат преиспитани сите милионски долгови што државните и јавните претпријатија ги направиле врз основа на неплатени даноци“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека и според последната должничка листа на УЈП, меѓу најголемите должници се државните и јавните претпријатија, кои должат и по неколку милиони евра за неплатен данок. „Институциите го толерираат ваквото расипничко работење на државните...

Извршителите нема да наплаќаат од должниците без претходно да ги известат

Извршителите нема да можат да повлекуваат пари од сметките на должниците без претходно да ги информираат, предвидуваат измените на Законот за извршување кои стапуваат на сила од 1 јанури 2017 година. Со новите измени, должникот мора да биде информиран каде и колку должи, па потоа добива рок од три дена да го намири долгот и доколку не го направи тоа,...

Извршителите нема да блокираат сметки без предупредување?

Со новиот закон за извршување, кој е во собраниска процедура, извршителите нема веќе да им ги блокираат сметките на граѓаните без предупредување. Со овој акт се предлага извршителот, задолжително, пред да блокира сметка, писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот. Истовремено, должникот треба да го извести извршителот дали...

Мачките во Русија ги плаќаат долговите на своите газди

Мачките во Русија, особено оние од скапите раси, стануваат заложници на своите презадолжени сопственици. Судски извршители во Новосибирск неодамна примениле драстична мерка, запленувајќи расна кратковлакнеста британска мачка и нејзините три мачиња бидејќи во студентскиот стан немало ништо друго вредно што би можело да го намири долгот од 198 евра на нејзината сопственичка, пишуваат весниците. „Бидејќи станува збор за расна мачка со...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...