fbpx
Таг: Извршен комитет

таг: Извршен комитет

Јанушев не е повеќе генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, има промени и во Извршниот комитет

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа седница на Централниот комитет на партијата на која што дискутираа за актуелната политичка состојба, но и за значајни внатрепартиски случувања, информираат од таму. Во партијата избраа и нов Извршен комитет кој го соочинуваат потпретседателите Александар Николоски и Владимир Мисајловски, членот Иван Иванов поранешен пратеник, како и членовите кои по функција се дел од ИК согласно Статутот, Претседателот...

Игор Јанушев – шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница за претседател на Унијата на млади сили на партијата го избрал Јован Јаулески, а за шеф на изборниот штаб за претстојните претседателски избори бил избран генералниот секретар Игор Јанушев, соопшти партијата. За советник за меѓународна политика на претседателот Христијан Мицкоски е избран Стефан Андоновски, додека за советник за меѓусоседска политика е избран Тони...

ВМРО-ДПМНЕ отсега со една пратеничка група, ќе ја води Никола Мицевски

На вчерашната седница Извршниот Комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука наместо преку 10-те пратенички групи, пратениците да дејствуваат преку една група, чиј координатор ќе биде Никола Мицевски, информираат од партијата. Тоа бил предлог на Драган Данев, кој пред неколку дена се повлече од функцијата координатор. „Смената на координаторот на пратеничката група не е во врска со актуелните случувања во и околу...

Мицкоски: Нема да ги разрешиме Рангелова и Јанчев, се подготвуваме за избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски категорично ги демантира неофицијалните информации и пишувања во медиумите дека попладнево на седница на Извршниот комитет ќе бидат разрешени потпретседателот Митко Јанчев и Даниела Рангелова, претседателката на Унијата на жените. Лидерот на опозициската партија за „Плусинфо“ оценува дека станува збор за шпекулации зготвени во кујната на социјалдемократите и јалов обид за дефокусирање на македонската јавност...

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Да се почитува законот што предвидува недвосмислени прашања

Во врска со формулацијата на референдумското прашање, ИК на ВМРО-ДПМНЕ смета дека за да се согледа јасно волјата на граѓаните, мора да се почитува законот што предвидува недвосмислени прашања, било заклучено на синоќешниот состанок на Извршен комитет на партијата. „ИК му даде целосна и недвосмислена поддршка на партискиот лидер Христијан Мицкоски да ги застапува ставовите на партијата во натамошниот тек на...

Ќе заседава ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средба и со пратеничката група

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе има состаноци со пратеничката група, а попладневно ќе заседава и Извршниот Комитет на партијата. Се очекува разгледување на договорот кој го постигнаа премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас како решение на долгогодишниот спор за името. Според Мицкоски, таквиот договор е договор за капитулација и пораз за државата. Вчера Мицкоски изјави дека ќе...

Јохан Тарчуловски предложен за нов член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ, на својата вчерашна седница ги препорачал Јохан Тарчуловски и Зоран Коцевски за нови членови на Централниот комитет (ЦК) на партијата. Пратеникот Јохан Тарчуловски, кому му се судеше во Хаг за случајот Љуботен, беше и притворен за насилствата во Собранието на 27 април минатата година и кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ. На...

ВМРО-ДПМНЕ ќе го ажурира членството

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Извршниот Комитет донела одлука за формирање работна група за ажурирање на членството на партијата. Од партијата информираат дека работната група ќе биде составена од членови на Извршниот комитет, кои во наредниот период ќе треба да предложат методологија која ќе биде усвоена од страна на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и веднаш потоа ќе се отпочне со...

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе прави „стратегии за спасување на државата“

Новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ на првата одржана седница ги разгледал актуелните состојби во државата и донел заклучок дека не постои сектор во кој што Македонија не назадува и дека „треба да се изготват соодветни стратегии со кои партијата ќе се спротивстави на уништувањето на земјата“. На седницата, одржана вчера, Извршниот комитет на најголемата опозициска партија го осудил политичкиот прогон...

Мицкоски: Новите членови на Извршниот комитет се искусни и силно мотивирани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, новите членови на Извршниот комитет на партијата, вечерва ги нарече силно мотивирани индивидуи, луѓе кои голем дел од животот го поминале во партиските структури и искусни политичари. Новиот состав беше избран на вечерашната седница на Централниот комитет на партијата. - Станува збор за силно мотивирани индивидуи, луѓе кои што голем дел од својот живот поминале во...

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избра новиот Извршен комитет

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го избра новиот состав на Извршниот комитет (ИК) на партијата, а во неговиот состав се најдоа и актерот Тони Михајловски, актуелниот градоначалник на Кавадарци и сопственик на „Кожувчанка“, Митко Јанчев, и поранешниот директор на ЈСП Скопје, Игор Јанушев. Покрај нив се е и долгодишниот парламентарец и функционер на партијата Александар Николоски, како и поранешниот министер...

Кој под истрага, кој без пасош, кој во оставка: Се ситни Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Од вкупно 32 членови на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинети и под истрага на Специјалното јавно обвинителство се пет члена - претседателот на партијата во оставка, Никола Груевски, поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, пратеникот Илија Димовски, пратеничката Даниела Рангелова и поранешниот технички премиер Емил Димитриев. Под истрага на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, за насилствата во...

Попоски: Поднесов оставка од ИК на ВМРО-ДПМНЕ заради разлики кои водат кон поделби

Поранешниот министер за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски на неговата „Фејсбук“ страница напиша дека минатиот месец поднел оставка само од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. „Оставката од ИК ја поднесов поради разликите во видувањата за изборните резултати, разликите околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни. Ценам дека...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го свика конгресот за избор на нов претседател

Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе оддржи седница на која треба да ја потврди одлуката за оддржување на вонреден партиски конгрес на 23 декември во Валандово. На овој конгрес би требало да се прифати најавената оставка на партискиот претседател Никола Груевски и да се избере негов наследник. До вчера единствената јавно објавена кандидатура за првото место во ВМРО-ДПМНЕ...

ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија за насилниците од 27 април

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара „итно и неодложно“ ослободување и амнестија на сите лица што „извршиле одредени законски прекршувања во инцидентите во Собранието на Република Македонија од 27 април“. Според ВМРО-ДПМНЕ, овој чин ќе придонесе за помирување во Македонија и за релаксирање на политичките тензии. Ваков заклучок, како што информираат од партијата, бил донесен на последната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој бил...

ВМРО-ДПМНЕ избра нов извршен комитет, осум високи функционери заминаа од врвот

ВМРО-ДПМНЕ синоќа избра нови 19 членови на извршниот комитет (ИК) на партијата, а меѓу нив повеќе не се осум од досегашните високи функционери, од кои повеќето се споменуваат во „бомбите“ што ги објави СДСМ. Во новиот ИК не се поранешните министри Владимир Пешевски, Емил Димитриев, Зоран Ставрески, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Кирил Миновски, како и блиските соработници на Никола Груевски,...

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ заседава вечерва, врвот на СДСМ утре

Додека централното претседателство на ДУИ со часови дебатираше во Мала Речица, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ заседава извршниот комитет на партијата. Утре, пак, ќе седнат на маса и централниот и извршниот одбор на СДСМ. Тема на седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се најновите случувања околу актуелната состојба и понатамошните чекори кои ќе се преземат. Во меѓувреме, бил испратен и повик...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има правда и мир кога Заев ќе одговара на суд, а Јанева нема да го спасува

„Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како Зоран Заев ќе одговараат пред судовите и кога нема да постојат разни Катици и специјални јавни обвинителства за да ги спасуваат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со вчерашната седница на извршниот комитет на на партијата, на која била разгледувана и анализирана одлуката на Специјалното јавно обвинителство за...

ИК на ВМРО-ДПМНЕ му даде легитимитет на Груевски за да почне разговори за новата влада

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница со која раководеше претседателот на партијата Никола Груевски. - Централна тема беше претстојниот процес на формирање влада, при што беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоија најголем број гласови од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата „Реално“ и за проектите предвидени во...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат Заев да го исполни ветувањето и да даде оставка

Криминалната групација СДСМ, на чело со аболираниот криминалец Зоран Заев, не престанува да ги потценува и да ги понижува македонските граѓани правејќи секојдневни обиди за продолжување на сопствениот политички опстанок преку втурнување на државата во нова криза, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ по извршниот комитет. „Граѓаните на Македонија, на изборите од 11 декември, јасно ја...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...