fbpx
Таг: извоз

таг: извоз

Пад на грчкиот извоз и на малопродажбата

Грчкиот извоз се намалил за 8,1 отсто во првата половина од 2016 година. Годинешниот извоз се смета дека е на најниско ниво од 2012 година досега. Ако лани истиот период профитот од извезувањето грчки производи бил 12,8 милијарди евра, годинава тој е 11,9 милијарди евра. Од Грчката конфедерација на извозници коментираат дека драстичниот пад од една милијарда евра во грчкиот извоз е...

Стопанска комора ќе им ја олеснува работата на компаниите со подготовка на нова услуга

Стопанската комора на Македонија подготвува нова услуга која ќе им биде на располагање на компаниите, со цел олеснување на работењето при подготовка и апликација на документи при соработка со домашните и странските компании, но и при подготовка за извоз. Од Стопанска комора информираат дека услугата ќе биде во насока на ефикасно, ефективно и економично работење на компаниите. Како што информираат од Комората, оваа...

Србија ја обвинува Македонија за вонцарински бариери и најавува мерки на реципроцитет

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска изјави дека со одлуката на македонската влада за поскапување на фитосанитарните уверенија за увоз на пченица во Македонија, нашата држава вовела вонцаринска бариера кон Србија и најави можност од воведување на мерки на реципроцитет. Љајиќ за агенцијата „Бета“ вели дека одлуката на македонското Министерствот за земјоделство, со која цените за...

Европската Унија во судски спор против Кина поради извозните ограничувања

Европската Унија поведе нов судиски спор против Кина пред Светската трговска организација (СТО) поради царината и квотите што ги применува на извозот на 11 клучни метали и суровини. Со оваа тужба ЕУ им се придружи и на САД, кои го тужеа Пекинг за неоправдано фаворизирање на кинеската индустрија. Претставници на ЕУ соопштиле дека официјален Пекинг ги крши прописите на СТО со воведување...

Извозот во првите пет месеци поголем за 7,6 проценти во однос на истиот период лани

Извозот од јануари до мај 2016 година, изнесува 1.893.367.000 долари и бележи пораст од 7,6 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2.696.763.000 долари, што е за 6,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-мај, изнесува 803.396.000 долари. Трговската размена по производи покажува дека во...

Гувернерот Богов смета дека Брексит нема да се одрази на девизниот курс

Курсот на денарот е стабилен, нема дилеми за инфлација, гарантираме дека нема да има потреси за извозниците - оцени гувернерот на Народна банка, Димитар Богов по повод излегувањето на Велика Британија од Европска Унија и можните реперкусии врз македонската економија. Според него, Македонија не може да влијае на глобалните движења, но она низ што ќе поминува економијата на Европската Унија ќе...

Брексит може да се почувствува и во македонската трговија

Намалување на увозот и на извозот со Велика Британија е можна последица за македонската економија од излегувањето на оваа држава од Европска Унија. Но, генерално нема да има позначајни поместувања и негативни ефекти за македонското стопанство. - Трговската размена со Британија не е мала. Британија последниве години е еден од најголемите трговски партнери на Македонија. Сепак, тоа е така поради една специфична компанија...

Се зголемува можноста за извоз на македонски производи во францускиот регион Алзас

Македонските компании ќе имаат можност за извоз на своите производи во францускиот регион Алзас, откако повеќечлена делегација од тој регион е во посета на Македонија заради унапредување на економската соработка на регионално ниво меѓу двете држави. Можности за соработка има во областа на машинската, електроиндустријата, текстилната индустрија, туризмот, ИТ, енергетскиот сектор. - Ние во Франција извезуваме текстил, вода, машинска и електро-опрема. Увезуваме фармацевтски,...

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на глобалната економија

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на светската економија за оваа година од 2,9 проценти, колку што прогнозираше во јануари, на 2,4 проценти. Во земјите на еврозоната се очекува пораст од 1,6 проценти, што е на исто ниво како и минатата година. Светска банка ја намали проекцијата за порастот на американската економија од 2,4 на 1,9 проценти. Како еден од главните...

Штрајкот на солунското пристаниште, нова рана за бизнисот во Северна Грција

Новиот штрајк на вработените во солунското пристаниште креира нови проблеми за грчките трговци и извозници. Поради штрајкот на вработените кои се бунтуваат против приватизацијата на солунското пристаниште, а кој почна во четвртокот минатата недела, голем број производи и стоки чекаат за истовар и за товарење. Според информациите, на солунското пристаниште има 14 бродови и околу 60 камиони, голем дел од нив...

Зголемени извозот и увозот во првиот квартал од годината во однос на истиот период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки  во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 1.489.998.000 долари и бележи пораст од 9,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока во истиот период изнесува 2.093.891.000 долари, што е за 4,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во периодот јануари-април изнесува 603.893.000...

Извозот на храна достигна 66,3 милиони евра во првиот квартал од годинава

Извозот на храна во првиот квартал од годинава достигна 66,3 милиони евра и е за 17,7 отсто повеќе споредено со истиот период лани, објави Народната банка. Според податоците за трговската размена, за 60 отсто е зголемен извозот на овошје и зеленчук на вкупно 32,2 милиони евра, а за 300 илјади евра е зголемен извозот на жита и преработки од жита. Во...

Намалени инвестиции, извоз и потрошувачка предвидува НБРМ поради кризата

Зголемена недоверба кај населението и кај инвеститорите, повлекување на депозити, намалена приватна потрошувачка, пониски странски инвестиции и забавена кредитна активност предвидува алтернативното макроекономско сценарио на Народна банка, во кое се претпоставува продолжување на тековната политичка криза до крајот на годината. Ова сценарио предвидува и пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 1,6 отсто за оваа година, што е понизок пораст на БДП за околу...

Извозот и увозот во првите два месеци од годинава зголемени во однос на истиот период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 696.379.000 долари и бележи пораст од 3,2 отсто во однос на истиот период од минатата година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 913.375.000 долари, што е за 3 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 216.996.000...

Извозот во текстилната индустрија се зголемува, а бројот на работници се намалува

Состојбата во текстилната индустрија се подобрува и извозот се враќа на ниво како пред економската криза во 2008 година, што се должи на зголемена побарувачка на традиционалните партнери и пораст на економијата во Западна Европа. Идните перспективи зависат од економската состојба на Западна Европа и од случувањата во нашата држава. Во текстилната индустрија преовладува лон-работењето, чијшто извоз изнесува 93 отсто...

Стоковата размена во јануари помала за 8,6 отсто во однос на истиот месец 2015 година

Вкупната вредност на стоковата размена на Македонија со странство, во јануари 2016 година, изнесува 694.140.000 долари и бележи пад од 8,6 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на извозот на стоки во јануари 2016 година, изнесува 309.706.000 долари и бележи пад од 7,9 отсто во однос на истиот период од минатата година. Вкупната...

Ставрески: Инвестициите позитивно се одразија врз извозот

Зголемувањето на странските инвестиции освен врз вработувањата, многу позитивно се одрази и врз извозот, истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на денешниот состанок на тимот за странски инвестиции со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. - Од странски инвестиции во периодот од 2007 до 2015 година кумулативно имаме 2 милијарди и 266 милиони евра. Тоа се одразува врз извозот....

Извозот лани помал за околу 440 милиони евра во однос на 2014 година

Извозот во 2015 година изнесувал 4.489.934.000 долари, што е за 443.911.000 долари помалку во однос на 2014 година, кога изнесувал 4.933.845.000 долари, објави Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на увозот во 2015 година изнесува 6.399.867.000 долари, што е за 876.862.000 долари помалку во однос на 2014 година, кога изнесувал 7.276.729.000 долари. Трговскиот дефицит во 2015 година е 1.909.933.000 долари. Покриеноста на увозот...

Македонски млечни производи ќе се извезуваат на рускиот пазар од овој месец

Македонија ќе почне да извезува млечни и месни производи на рускиот пазар од овој месец. Меморандум помеѓу македонските Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство и Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација, беше потшишан на 4 јуни 2015 година. Со него се предвидуваше исполнување на барањата да се реализира извозот, како и создавање...

Јакимовска: Нема забавување на активностите на компаниите

Потпретседателката на Советот на странски инвеститори и сопственик на компанијата „Комфи ангел“, Ирена Јакимовска, вели дека предизборниот период и најавата за можни избори во април не ги одвраќаат компаниите од планираните активности. - Нема забавување на производството, извозот и на работните процеси. Како Совет на странски инвеститори, за годинава имаме планирано дополнителни активности, како формирање на Асоцијација на компании од...

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...