fbpx
Таг: извоз

таг: извоз

Анѓушев: Владата треба да креира поволна бизнис-клима, а не конкуренција на фирмите

Владата нема да креира фирми со кои ќе им се прави конкуренција на приватните компании, туку ќе работи на креирање поволна бизнис-клима со која ќе се овозможи пораст на компаниите и економски развој на земјата. Ова денеска го истакна вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев, на панел-дискусијата „Научени лекции и како да се имплементираат најдобрите практики во Македонија и во регионот“ на самитот...

Кочовски: Состојбата во металната индустрија се подобрува, тоа ќе влијае и на економијата

Во металната индустрија се чувствува заживување на пазарот, се зголемува обемот на нарачки и со тоа поголема е искористеноста на производствените капацитети, поголеми се производство, извозот и приходите, рече денеска на прес-конференција, претседателот на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, Митко Кочовски. Политичката криза, но и случувањата на светскиот пазар од кои најмногу зависи оваа индустрија влијалеле на стагнацијата во...

ЕЛЕМ ќе купува струја за грејната сезона

ЕЛЕМ денеска ќе распише повик, а на 10 октомври ќе биде одржана аукција за купување на 29,7 гигават-часови електрична енергија. „Електричната енергија што е планирана да се купи во октомври е наменета за ноември, кога ќе биде зголемена побарувачката поради грејната сезона. Производството на ЕЛЕМ во тој период ќе биде недоволно поради тоа што еден блок на РЕК Битола сè уште ќе биде...

Извозот во првите осум месеци поголем за 13,2 проценти во однос на лани

Во периодот од јануари до август 2017 година, извозот изнесувал 3.530.976.000 долари и бележи пораст од 13,2 проценти во однос на истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.777.516.000 долари, што е за 8,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во првите осум месеци изнесува 1.246.540.000...

Домашниот бруто-производ лани се зголемил за 2,9 проценти во однос на 2015 година

Домашниот бруто-производ (БДП) во 2016 година изнесувал 598.881.000 денари и стапката на пораст изнесувала 2,9 проценти во однос на 2015 година, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка во 2016 година во структурата на БДП учествува со 82,1 отсто. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50 проценти. Во техничката структурата на инвестициите...

Стопанска комора го поддржува планот за економски пораст

Стопанската комора на Македонија ги поддржува мерките кои се преточени во планот за економски пораст што беше промовиран од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, информираат од комората. Од таму велат дека основата на овој план, дефиниран во неколку мерки, во одредена мера се совпаѓа со моделот на економски развој што тие го промовирале во 2010 година и во кој биле наведени 10 клучни прашања...

Анѓушев го презентираше планот за економски пораст пред амбасадите

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на јавна трибина во Владата го презентираше планот за економски пораст односно мерките, пред претставниците од странските амбасади и меѓународните финансиски институции. „Планот за економски пораст е резултат на сеопфатни анализи. Во него се имплементирани препораки од документите на Светската Банка, Виенскиот институт за меѓународни односи, Македонската академија на науки и уметности, но и...

Домашниот бруто-производ со пад од 1,8 отсто во второто тримесечје

Домашниот бруто-производ (БДП) има пад од 1,8 отсто во второто тримесечје во однос на првото, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје има номинален пораст за 6 проценти, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 70,7 отсто. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги се зголеми...

Хрватска и официјално објави дека го повлекува новиот правилник за увоз

Веста за повлекување на новиот и за враќање на стариот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, е објавена на официјалната веб-страница на Министерството за земјоделство на Хрватска, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Со враќањето на стариот правилник, трошоците за контрола на квалитет на овошјето и на зеленчукот од трети земји остануваат 12 евра по производ. - Одлуката...

Србија очекува следните три дена да се најде решение за проблемот со извозот во Хрватска

Српскиот министер за трговија и туризам, Расим Љајиќ, очекува во следните три дена да биде најдено решение за спорот помеѓу Хрватска и земјите во регионот, поради новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, што Хрватска го донесе на 15 јули, а со кој значително се зголемуваат трошоците при извоз на свежото овошје и зеленчук. - Никому не му е во интерес заострување...

Николовски телефонски разговарал со Толушиќ за крај на трговската војна со Хрватска

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска телефонски разговарал со министерот за земјоделство на Хрватска, Томислав Толушиќ, поради новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, што Хрватска го донесе на 15 јули, при што значително се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук. „Во текот на денешниот ден, министерот Николовски оствари телефонски разговор и со министерот...

Регионот побара од Хрватска да укине одредби од правилникот за увоз на овошје и зеленчук

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, надлежните министри од Босна и Херцеговина - Мирко Шаровиќ, од Република Србија - Расим Љајиќ и од Црна Гора - Драгица Секулиќ, на денешниот итен состанок во Сареаво донесоа неколку заклучоци во врска со новиот хрватски правилник за увоз на свежо овошје и зеленчук. Министрите ја повикуваат Хрватска итно да ги укине дискриминаторските одредби од...

Катар поднесе жалба до Светската трговска организација против три арапски земји

Катар поднесе жалба до Светската трговска организација против три од четирите арапски земји што ги прекинаа дипломатските односи со Доха. Во жалбата се наведува дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги кршат законите и договорите за трговија. Тие три земји заедно со Египет на почетокот на јуни ги прекинаа дипломатските односи и сообраќајни врски со Катар, обвинувајќи дека оваа држава...

НБРМ: БДП стагнира наспроти очекувањата за умерено зголемување

Домашниот бруто-производ (БДП) стагнира, наспроти очекувањата за умерен економски пораст во априлскиот циклус на проекции, велат од Народна банка. Надолен ефект врз БДП имал послабиот пораст на личната потрошувачка од очекуваниот, како и негативниот придонес на нето-извозот кон порастот, наспроти очекувањата за негов позитивен придонес во првиот квартал од годината. „Од друга страна, динамиката на инвестициската активност беше нешто подобра од очекуваната. Од...

Анѓушев – Гарет: Македонија може повеќе да извезува во Велика Британија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се сретна со британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет, со кој разговарал за економската соработка помеѓу Македонија и Обединетото Кралство. Тие заклучиле дека соработката е на солидно ниво, но и дека постои можност економските односи уште повеќе да се развијат, особено во поглед на извозот од Македонија. „Обединетото Кралство е значаен економски партнер на Македонија, втора земја по...

Фабриката „Санос“ произведе автобуси за извоз во Казахстан

Фабриката за автобуси „Санос“ произведе пет автобуси за извоз во Казахстан, а вредноста на зделката изнесува 800.000 евра, информираа денеска од компанијата. Автобусите се целосно произведени во фабриката во Скопје, со вградени агрегати на германската компанија „Ман“. Од „Санос“ исто така информираа дека планирано е во Казахстан да бидат испорачани 70 автобуси. Фабриката „Санос“, поранешен ФАС „11 Октомври“, ја купи бизнисменот...

Прв македонско-полски форум на жени претприемачи

Прв македонско-полски бизнис-форум на жени претприемачи ќе се одржи во Варшава од 28 јуни до 1 јули. Целта на форумот е да се создадат поблиски контакти за отворање можности за економска соработка, промоција на македонскиот извоз во Полска и за привлекување потенцијални странски инвестиции од Полска. Исто така, ќе се согледуваат полските искуства од користењето на структурните фондови на ЕУ и можностите...

Бектеши: Еднакви услови за домашните и за странските компании

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска одржа работна средба со Пинто Рикардо, кој е тим-лидер на проектот за ревизија на индустриската политика 2009-2020 година во Македонија. На средбата министерот Бектеши беше информиран за анализата со која ќе бидат идентификувани индустриските сектори што имаат потенцијал за економски развој и за зголемување на извозот, а ќе биде изработена во рамки на проектот, во...

СКМ: Производството во земјоделството се намалува, причина се лошите политики

Во првиот квартал од годината, извозот на земјоделски и прехранбени производи изнесуваше 57,5 милиони евра, што претставува намалување за 13,5 проценти во однос на истиот период лани, информираа од Стопанска комора на Македонија (СКМ). Во истиот период, за 14 отсто намален е и откупот на домашните производи. Во првите три месеци од годината, увозот на земјоделски и прехранбени производи е...

Европска комисија ни предвидува пораст на БДП од 2,9 отсто за годинава

Европската комисија во својата пролетна економска прогноза за Македонија вели дека лани порастот на домашниот бруто-производ (БДП) забавил поради долгото траење на политичката криза, но и поради падот на инвестициите. За годинава, пак, прогнозира пораст на БДП од 2,9 отсто. Во прогнозата, исто така, се вели дека институциите се блокирани за спроведување на структурните реформи и дека јавниот долг не...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...