fbpx
Таг: извоз

таг: извоз

Расте стоковната размена со странство, извозот во првото полугодие пораснал за 20,3 отсто

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 252.736.573 илјади денари и бележи пораст од 20,3 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 368.519.565 илјади денари што е за 28,7 отсто повеќе...

Исплови првиот брод со украинско жито по руската инвазија, во Украина се гине од гранатирање

Првиот брод натоварен со украинско жито исплови од пристаништето во Одеса во правец кон Либан, јавува Гардијан. Товарниот брод кој плови под знамето на Сиера Леоне превезува 26.000 тони пченка, а украинските власти се надеваат дека прекинот на руската блокада за извоз на украинското жито ќе ѝ донесе на Украина прилив од најмалку една милијарда евра. Почетокот на извозот...

Украина: Еден ден по договорот за извоз на жито, руски проектили го погодија пристаништето во Одеса

Руски проектили денеска го погодија главното пристаниште Одеса во јужна Украина, соопшти украинската војска, само еден ден по потпишувањето на договорот за деблокирање на извозот на жито од пристаништата на Црното Море, објави Ројтерс. Договор потпишан од Москва и Кијив во петокот се смета за клучен за да се спречи растот на цените на храната на светско ниво, да се...

Се забранува извоз на брашно, пченица, пелети и огревно дрво

Забранет е извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, а укината е царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината, објави министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој информира дека на предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донела одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината...

Русија и Украина ќе преговараат во Турција за да се деблокира извозот на житарки

Претставници на Русија и Украина ќе се сретнат во Истанбул со турските власти и Обединетите нации (ОН) за да разговараат за прекин на неколкумесечната блокада за извоз на житарки од Украина, јавува Гардијан. Со почетокот на руската агресија врз Украина, руската војска целосно го прекина поморскиот сообраќај кон украинските пристаништа за бродовите кои превезуваат жито, со што се предизвика...

Украина се обидува да го извезе житото по морски пат, во Харкив најмалку шест загинати во ракетен напад

Откако успеа да го ослободи Змискиот остров од руските сили, во Украина пристигнаа првите осум странски бродови за транспорт на житарици, јавува Укринформ. Поморскиот транспорт со бродовите би се одвивал преку каналот Дунав-Црно Море, при што превозот на житарици е овозможен по ослободувањето на Змискиот остров којшто овозможи деблокада на движењето на бродови низ овој канал. Поради руската поморска блокада...

Блинкен: Руската блокада врз извозот на жито од Украина придонесе за немирите во Шри Ланка

Руската блокада на извозот на украинското жито можеби придонесе за немирите во Шри Ланка, рече денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на посетата на тајланскиот главен град Бангкок. Тој изрази загриженост дека руската блокада може да доведе до слични кризни ситуации и во други земји низ светот, пренесува Радио Слободна Европа на англиски јазик. Блинкен го повтори повикот...

Руските сили изгонети од Змискиот Остров, направен еден чекор кон нормализирање на извозот на храна од Украина

Змискиот Остров, кој е на 40 километри од украинскиот брег, на линија на границата меѓу Украина и Романија е ослободен од страна на украинските вооружени сили ноќеска, соопшти украинската Оперативна команда Jуг. Последниот обид на украинските вооружени сили да го ослободат островот се одвиваше ноќеска, при што се користени ракети и артилерија, по што преостанатите руски војници на островот избегале...

Русија на чекор од освојување на целиот Донбас, Лавров во Турција ќе договара извоз на украинската пченица

Русија напредува кон својата цел - комплетно освојување на индустрискиот регион Донбас на истокот на Украина, се пофали официјален Кремљ, тврдејќи дека сега контролира 97 отсто од провинциите Луганск и Донецк, коишто го сочинуваат Донбас, пренесува Асошиејтид Прес (АП). Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера рече дека руските сили имаат речиси целосна контрола на Луганск, а според украинските власти...

Одеса жестоко бомбардирана од Русија, во челичарницата Азовстал во Мариупол има уште заробени цивили

Најмалку едно лице загина и петмина се повредени во синоќешниот воздушен напад на приморскиот град Одеса, јавува Укринформ. Руските авиони погодиле и цивилни објекти во градот, каде што воопшто немало воена инфраструктура. Во селото Фонтанка во близина на Одеса е погоден трговски центар и се повредени три лица. Пожарникарите со часови се бореле за гаснење на пожарите предизвикани од...

Борбите во Украина продолжуваат, блокирани за извоз 90 милиони тони земјоделски производи

На истокот и југот на Украина продолжува руската агресија со гранатирања на населени места и обиди за нивно освојување. Во близина на градот Изијум во Харкивската област, руските сили се подготвуваат за нова офанзива за да продрат подлабоко на територијата кон Донецката област, јавува Укринформ. Руските сили се обидуваат да воспостават целосна контрола над градовите Рубижне и Попасна и продолжуваат...

Компанија од Украина ќе ја чисти згурата од Топилницата во Велес

Компанија од Украина ќе ја купи целата згура од велешката Топилница. Новиот купувач и концесионерот „Кепс монт груп“ веќе потпишале договор, а во моментот се средува дополнителната документација. Работите на терен се очекува да започнат за два месеци, кога ќе треба да се монтира нова поголема сепарација. Извозот на суровините, кои можат да се извлечат од некогашната депонија на...

Згурата од велешка Топилница се извезува во Турција, а наскоро и во Албанија

Згурата од Топилницата во Велес се извезува во Турција, а до крајот на годината ќе почне да се носи и во Албанија. Концесионерот „Кепс Монт груп“ во моментов преговара со компанијата од Турција, да откупува поголеми количини од минералната техногена суровина и да се интензивира извозот. Од таму велат дека секојдневно се сепарираат и товараат повеќе камиони со троска...

Виенски институт за меѓународни економски студии: Потребна е нова стратегија на ЕУ за Западен Балкан

На Европската унија и е потребна нова стратегија за Западен Балкан, оценуваат од Виенскиот институт за меѓународни економски студии и Фондацијата „Бертелсман“, пред почетокот на Самитот на лидерите на Западен Балкан во Словенија, во среда. „Ветениот економски пакет за Западен Балкан од Европската Унија, во износ од девет милијарди евра, што треба да генерира приватни инвестиции од околу 30 милијарди...

Извозот во првата половина од годината зголемен за 45,6 отсто во однос на лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 4.801.801 илјади долари и бележи пораст од 45,6 отсто во однос на истиот период од претходната година, информира Државен завод за стстистик. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува  6.541.093 илјади долари, што е за 45 отсто повеќе во споредба со истиот период...

Извозот во првото полугодие бележи пораст од 51,8 отсто во однос на лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот од јануари до јуни 2021 година, изнесувала 4.107.745.000 американски долари и бележи пораст од 51,8 отсто во однос на истиот период од претходната година, информира Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесувала 5.591.597.000 американски долари, што е за 51,5 отсто повеќе во споредба...

Во првите четири месеци извозот се зголемил за 53,7 отсто во однос на ист период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот од јануари до април 2021 година изнесува 2.739.362.000 долари и бележи пораст од 53,7 отсто во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3.704.130.000 долари, што е за 46,8 отсто повеќе во споредба со...

Економско закрепнување годинава и раст на извозот од 15,2 отсто, предвидува НБРСМ

Поради падот на извозната побарувачка за наши стоки и услуги во текот на ланската  година, извозот забележа пад од 10,1 отсто, но податоците за првиот квартал од оваа година упатуваат на солиден раст на извозот. За годинава се проектира постепено закрепнување на странската побарувачка и раст на извозот од околу 15,2 отсто, што е значајно за закрепнувањето на економијата,...

Во првиот квартал, извозот од ТИРЗ зголемен за 67 отсто во однос на лани

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во месец април, со зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ. „Извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра, што е за 7 отсто повеќе споредено со март годинава. Дополнително, извозот во првите четири месеци од годинава изнесува 1 милијарда и...

Згурата од Топилница ќе се сепарира во затворен систем за да не се крева прашина

Нова, модерна сепарација за минералната техногена суровина, ќе се монтира покрај отпадот на депонијата на некогашната Топилница во Велес. Се работи за најнова опрема која функционира како затворен систем со што се избегнуваат сите можности за загадување на воздухот и кревање прашина при процесот на одвојување на суровините. Расејувањето на прашината богата со тешки метали е еден од долгогодишните...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...