fbpx
Таг: извоз

таг: извоз

Велес дефинитивно не дава дозвола за дробење и мелење на згурата, депонијата останува закана за градот

Општината Велес и официјално донела одлука да не ја продолжи Б-интегрираната дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која требаше да ја извезе згурата од депонијата на топилницата како техногена минерална суровина. Од Општината за Мета.мк потврдуваат дека веќе се изработува и решението кое ќе го достават до концесионерот, а како причина за одбивање ќе бидат наведени двете дополнителни дејности кои...

Згурата од велешката топилница чека дозвола за да се извезува во Јужна Кореја и во Албанија

Советот на Општина Велес утре ќе расправа за постапката за доделување нова Б-интегрирана дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која има обврска да ја расчисти депонијата со тешки метали од некогашната топилница. Концесионерот, кому претходната Б-интегрирана дозвола му истече во октомври минатата година, сега бара дејноста да се дополни со уште две активности, дробење и мелење на згурата, како подготовка...

Украина, Полска и Литванија постигнаа договор за забрзување на извозот на жито

Украина, Полска и Литванија постигнаа договор кој би требало да го забрза извозот на жито од Украина, од што придобивки би имала не само Украина, туку и земји надвор од Европа, соопшти украинското Министерство за земјоделство. Според договорот, инспекциските и царинските проверки наместо на украинско-полската граница, ќе се вршат во литванското пристаниште Клаипеда, на Балтичкото Море. Тоа ќе предизвика полесен...

Полска престанува со испораки на оружје за Украина, поради спорот за извозот на жито

Еден од најблиските сојузници на Украина, Полска, објави дека повеќе нема да испорачува оружје на својата сосед, поради ескалацијата на спор околу извозот на жито од Украина, пишува Би-Би-Си. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки порача дека фокусот треба да се премести на одбрана со помодерни оружја. Полска досега на Украина ѝ подари 320 тенка од советската ера и 14 воени авиони-ловци...

Македонија во БРИКС: Реалност или фантазија на евроскептиците? [инфографик]

Неодамнешниот самит на земјите од БРИКС, кој се одржа кон крајот на август годинава во Јужноафриканската Република повторно ги отвори вратите за радикалните проруски структури на Балканот кои трагаат по алтернативи за членството на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Вакви оддеци има и во Македонија. На прашањето колку Македонија во БРИКС би профитирала од некакво членство во...

Путин: Нема нов договор за извоз на украинското жито додека Западот не ги прифати руските барања

Обидот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да го убеди рускиот колега Владимир Путин, Русија повторно да се обврзе под капата на Обединетите Нации да гарантира безбеден извоз на украинското жито преку Црното Море по се изгледа ќе биде безуспешен. Како што јави новинската агенција „Асошиејтeд Прес“ од рускиот црноморски град Сочи, Путин рекол дека нема да се склучи нов...

Ердоган ќе се обиде да го убеди Путин за извозот на жито од Украина

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во рускиот град Сочи на брегот на Црното Море ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, во обид да го убеди да се продолжи договорот за извоз на жито од Украина. Путин во јули еднаш веќе одби да продолжи спогодбата со којашто Русија нема да го попречува извозот на украинско жито, јави...

Министерството за животна средина дозволи отпадот од велешката топилница да се дроби и меле, за полесно да се извезе

Троската од депонијата на велешката топилница ќе се дроби и меле пред да се извезува. Министерството за животна средина и просторно планирање го одобри елаборатот за заштита на животната средина за проектот „Експлоатација на техногена минерална суровина на локалитетот Баш Kолиби со поставување на постројка за дополнителни активности на дробење и мелење на ТМС во општина Велес“. Со тоа, концесионерот...

Русија го гранатираше украинското пристаниште во Измаил на границата со Романија

Руските сили извршија ново опасно бомбардирање на украинското пристаниште Измаил во непосредна близина на границата со Романија. Во напад со дрон се уништени силоси со жито и пристанишна инфраструктура во градот кој се наоѓа на реката Дунав, на крајниот југозапад на Украина, јавува Би-би-си. Романските медиуми пренесуваат дека во рускиот напад е погодено пристаништето во Измаил што се наоѓа на...

Околу 80 тони линдан ископани од малата депонија во ОХИС извезени во Франција

Околу 80 тони линдан ископани од малата депонија во ОХИС вчера беа извезени на уништување во Франција. Третиот дел од депонијата започна со расчистување минатиот месец и досега се ископани и спакувани 231 тон на HCH отпад кои ќе бидат транспортирани на уништување во текот на следниот период. Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање,...

Не е вистина дека ЕУ го забранила увозот на украинска пченица во пет земји членки

Во постот што го рецензираме неточно се тврди дека ЕУ го забранила увозот на пченица од Украина во некои од земјите членки. Напротив, ЕУ се спротивстави на едностраните одлуки на Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија привремено да го забранат увозот на житарки од Украина заради заштита своите земјоделци, по што на 28 април постигнаа заемно прифатлив договор. Со...

Згурата од Топилницата во Велес прво ќе се дроби и меле, па ќе се извезува

Згурата од Топилницата во Велес прво ќе се дроби и меле, па потоа ќе се извезува. Концесионерот Кепс Монт Груп вели оти набавува нова технологија за дополнителна подготовка на техногената суровина, пред да се продаде. Во моментов во тек е монтирањето на постројката, која е набавена од Кина и има капацитет од 30.000 тони месечно, на посебна парцела веднаш...

Газпром извезува помалку, заработува повеќе, но тоа не може да трае

Извозот на рускиот гас бележи значителен пад во Европа и таквиот пад само ќе се зголеми уште повеќе идната година како резултат на онеспособувањето на Северен тек 1 и 2, како и одлуката на Путин да води енергетска војна со Западот. Газпром годинава заработи куп пари заради високите цени на гасот. Европа можеби ја чекаат една или две тешки...

Русија го суспендира договорот за извоз на украинско жито, во Кијив редици за вода за пиење

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија го суспендира договорот за извоз на украинско жито, но и дека нема да прекине да учествува во договорот којшто овозможува безбеден транспорт со бродови. Тој изјави дека Украина морала да гарантира дека нема да биде закана за цивилните бродови или руските бродови за снабдување. Официјална Москва изјави дека ќе се повлече од...

Русија го прекина договорот за жито по напад на Црноморската флота

Русија објави дека го суспендира своето учество во договорот постигнат со меѓународно посредство, кој и овозможува на Украина да извезува жито од нејзините пристаништа на Црното Море, пренесе Би-би-си. Тоа се случи откако Русија ја обвини Украина за „масовен“ напад со беспилотни летала врз Црноморската флота во Севастопол, Крим. Украина не го призна нападот, а претседателот Володимир Зеленски го нарече рускиот...

Извозот на пченица од Украина преку Црното Море никогаш не бил наменет само за африканските земји

Објавата се однесува на Иницијативата потпишана во Истанбул на 22 јули годинава меѓу Турција, Русија и Украина, а на предлог на генералниот секретар на Обединетите Нации. Целта на оваа Иницијатива е да овозможи безбеден проток за извозот на пченица и поврзани суровини за исхрана од украинските пристаништа на Одеса, Черноморск и Јужни. Наспроти манипулацијата и невистината во постот, во...

Згурата од Топилница ќе се продава на берза, нема фирма што ќе ја откупи целата

Нема фирма која ќе ја откупи сета количина од металите од згурата од велешката Топилница, па техногената минерална суровина ќе се продава дел по дел на берза. Од концесионерот „Кепс монт груп“ велат дека работите мора да се придвижат и суровината да почне да се извезува, а во меѓувреме да се бара и сериозен купувач. Во моментов се подготвува...

Украинските сили уништиле 9 командни штабови на руските инвазиски војски, убиле 350 руски војници

Со ракетни и артилериски напади извршени од одбранбените сили на Украина се уништени 9 командни штабови на руските вооружени сили, односно штабови на бригадно и батаљонско ниво, како и три позиции со непријателски трупи или техника, извести украинската државна новинска агенција ukrinform.net Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, рускиот непријател се обидува целосно да го заземе регионот Донецк, да...

Ќе продолжи чистењето на линданот од ОХИС, 250 тони отпад се спакувани и чекаат извоз

По пауза од еден месец, оваа седмица ќе продолжи ископувањето на линдан од малата депонија на ОХИС. Во првиот дел од проектот за чистење на ова историско жариште од некогашната хемиска фабрика, коешто го финансираше УНИДО, исчистени беа над 600 тони отпад, од кои над 470 тони од опасната хемикалија и 126 тони контаминирана земја. Во вториот дел од проектот...

Депонијата со згура од Топилница и понатаму го демне Велес [фото]

Депонијата со згура на Топилница сѐ уште го демне Велес. Три години откако беше доделена концесија за нејзин извоз како техногена минерална суровина, само мали количини заминаа од градот. Црниот рид, во кој се проценува дека има над 1,8 милиони тони отпад, сѐ уште стои, а на локацијата веќе неколку месеци нема никаква активност. Таму се наоѓаат неколку машини...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...