fbpx
Таг: извори

таг: извори

Природните вредности на Вевчанските извори претставени на трајна изложба

Природните вредности на споменикот на природата Вевчански извори и планината Јабланица од денеска ќе бидат претставени на трајна поставка за природа насловена „Патување низ природните богатства на Вевчански Извори“ во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани. Поставката, која ќе има цел да едуцира и да ја подигне јавната свест за ова заштитено подрачје, ја отворија граѓанската органзиација „Еко-свест“ и...

РЕК Битола се обврза помалку да ја загадува животната средина

Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа и РЕК Битола потпишаа меморандум за соработка, со кој ќе ја промовираат одржливата употреба на природните ресурси и заштитата на животната средина. „РЕЦ и РЕК Битола со овој Меморандум за соработка се обврзуваат на заедничка посветеност, да ги намалат влијанијата од производствените капацитети врз животната средина и нејзина заштита, и...

Вулин до косовските Срби: Секој договор со Албанците е против интересите на српскиот народ

Министерот за труд и боречки прашања Александар Вулин денеска изјави дека српската влада „очекува секој Србин на Косово“ на вонредните парламентарните избори на 11 јуни да ја поддржи Српската листа и порача дека „секој кој пред или после прави договори и компромиси со претставниците на Албанците работи против интересите на српскиот народ и за тоа ќе „сноси одговорност“. „Гласот за...

Големиот пожар над Вевчани e локализиран

Големиот пожар кој вчера напладне изби над Вевчани, на планината Јабланица е локализиран, пред сè, со масовното учество, организираноста и пожртвуваноста на самото население. Огнената стихија беше токму над познатите Вевчанските извори, кои за оваа општина значат живот и тамошните жители повеќепати се бореле за нив. Опожарени се околу 20 хектари борова и букова шума. Вевчанци се сомневаат дека некој намерно...

Жители на Волковија протестираа поради загадувањето на селските извори

Со мирен протест, жителите од тетовското село Волковија го искажаа своето незадоволство поради, како што рекоа, загадувањето на селските извори од кои се снабдуваат со вода за пиење. Тие посочијa дека изворите се загадуваат поради градежни работи кои ги врши приватна фирма, ангажирана за изградба на воспитно-поправен дом, кој се гради во близина на изворите и во атарот на нивното...

Франција собра седум милијарди евра со издавањето на зелени обврзници

Франција собра рекордни седум милијарди евра со издавањето на обврзници за финансирање на проекти во секторот на обновливи извори на енергија или т.н. зелени обврзници. Обврзниците им се продадени на банки, осигурителни куќи и други инвеститори со каматна стапка од 1,75 проценти и со рок на доспевање од 22 години. Полска беше првата земја што излезе на пазарот со зелени обврзници во декември...

Компаниите ќе можат да користат финансии од ЕИБ за иновативни бизниси

Македонските компании ќе можат да ги искористат најновите финансиски инструменти за поддршка на иновативни бизниси на Европската инвестициона банка (ЕИБ), во делот на поддршка на мали и средни претпријатија (МСП), наменет за земјите од Западен Балкан. - Утврдени се и категоризирани неколку сегменти за финансирање банки и финансиски посредници, средни и големи иновативни бизниси, како и големи истражувачки и иновациски...

Мерење на прогресот на економскиот развој на самитот на „Македонија 2025“ во Скопје

Невладината и независна организација за промовирање на бизнис-потенцијалите на нашата земја „Македонија 2025“ го одржува самитот на кој ќе учествуваат водечки интернационални експерти од светот на бизнисот, науката и на технологијата на 20 и 21 октомври. Ова е петти самит во организација на „Македонија 2025“, а целта на овие настани е да стимулираат напредно размислување во поглед на бизнисот, меѓународната деловна...

Поплавите ја смениja хидрогеолошката состојба на минералната вода во Бањиче

Поради поплавите во Тетовско што се случија лани на 3 август, хидрогеолошката состојба на минералната вода во месноста Бањиче е изменета. Во водата има поголемо присуство на минерални соли од порано. Лекарите препорачуваат умерено користење. - Населението што ја пие оваа вода ќе почуствува дека многу побргу шишињата што ги полнат им се заматуваат. По поплавите, зголемено е количеството на манган, но и...

Кој, што и до кога треба да направи ако Собранието се распушти денеска

Ако вечерва Собранието се распушти, според Уставот, изборите мора да се одржат во рок од 60 дена – на 5 јуни. Собранието може да работи до вечерва по полноќ, по што спикерот Трајко Вељаноски треба да констатира распуштање. Ситуацијата дополнително ја заплеткаа техничките министри и дополнителните заменици министри од СДСМ кои денеска поднесоа оставки на функциите во Владата. Собранието треба нивните оставки...

Македонските градежни компании ќе имаат можност да соработуваат со австриски фирми

Австриската стопанска комора и оваа година организира директни бизнис-средби помеѓу австриски градежни фирми, архитекти, градежни консултанти, производители и трговци на градежни материјали и на обновливи извори на енергија, како и голем број други дејности поврзани со градежништвото со заинтересирани фирми за соработка од Македонија. Конференцијата „Иднина на градежништвото“ (Future of Building) ќе се одржи на 18 април во Австриската стопанска комора во...

72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори

Македонија лани во декември потрошила вкупно 824.591 мегават-часови електрична енергија, 28,117 милиони кубни метри природен гас, 782.427 тони јаглен и 97.408 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според податоците, 72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,2 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Гостиварци ќе пијат филтрирана вода

Од чешмите на гостиварци ќе протече филтрирана вода. Проектот за пречистителната станица во Вруток е доведен до завршна фаза. Од понеделник (7 септември) до петок (12 септември) ќе се вршат градежни работи за поврзување на водоводната мрежа со станицата, информираат од локалната самоуправа на Гостивар. Во текот на теренските работи се очекува периодично намалување на притисокот на водата во повисоките делови...

Тетово се соочува со целодневни рестрикции во водоснабдувањето

Сушното време изминативе два месеци, предизвика целодневни рестрикции на водата за пиење во Тетово. Вода за пиење нема доволно ниту во горниот, ниту во долниот дел на градот. Во некои стари тетовски населби, од чешмите протекува вода само неколку часа во текот на денот. - Се снаоѓаме како знаеме и умееме. Полниме шишиња и буриња, купуваме вода или, пак, кога...

Бајден: Време е Европа да ја намали зависноста од руските нафта и гас

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во денешниот говор на конференцијата на Атлантскиот совет во Истанбул, рече дека е време Европа да ја подобри енергетската безбедност и да најде други извори за снабдување со енергенти за да ја намали зависноста од Русија, пренесуваат светските медиуми. Тој предупреди на досегашната практика на Русија, енергентите да ги користи како оружје во својата политика кон соседите. Американскиот...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...