fbpx
Таг: известување

таг: известување

Медиумите за несреќата да известуваат со висок степен на професионална и морална одговорност, апелираат од СЕММ

По сообраќајната несреќа што рано изутрината се случи во Бугарија, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) апелира до медиумите да известуваат со целосна одговорност, врз основа на проверени информации и релевантни извори, без шпекулации околу причините за несреќата. „Препознавајќи го притисокот со којшто се соочуваат уредниците, новинарите и медиумските работници кога известуваат за вакви трагични настани, укажуваме на...

СЕММ бара професионално известување од медиумите и транспарентност од институциите за несреќата во Тетово

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) со голема загриженост ги следи прекршувањата на новинарските стандарди во известувањето за големата трагедија во Тетово и пожарот во модуларната болница, информираат од таму. Од СЕММ додаваат дека медиумите се должни, особено кога се работи за информации што се однесуваат на загуби на човечки животи, да го почитуваат Член 1 од Кодексот...

ААВМУ: Прекршочна пријава против ТВ Ирис, заради неизбалансирано известување на предвремените избори во Штип

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) констатирала дека телевизија Ирис го прекршила членот 75, став 1 од Изборниот законик и оттука предлага да се покрене прекршочна постапка против овој медиум. „Радиодифузерот при известување за време на изборната кампања за Предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и на Општина Штип 2020 година, не обезбеди избалансирано покривање на изборниот...

ССНМ: Државните институции да овозможат услови за безбедно известување во време на пандемија

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници реагираше по поплаките на нивните членови откако тие информираа за начинот на кој била организирана прес-конференцијата на министерот за образование и наука Арбер Адеми која се одржа во зградата во која што е сместено министерството. „Прес-конференцијата се одржа во просторија за состаноци на осмиот кат, во затворен простор каде присуствуваа повеќе од 20-тина...

Отворен Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Северна Македонија денеска во Скопје го отворија новиот Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации. Центарот ќе обезбедува централизирани информации во реално време, следење на состојбите, известување и совети за тоа како да се постапува во случаи на настани и вонредни состојби поврзани со јавното...

АВМУ: Од утре по полноќ почнува изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека од утре по полноќ, од 13 јули, заклучно со 21 часот на 15 јули, важат правилата за изборен молк за време на Предвремените парламентарни избори 2020 година.   За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во...

Српските телевизии за власта известуваат позитивно, за бојкотот на изборите негативно

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Честитки за Светскиот ден на слободата на медиумите од СЕММ и МИМ

Честитки до новинарите по повод по повод 3 Мај - Светскиот ден на слободата на медиумите, но и предупредувања за опасностите на кои се изложени новинарите и медиумите, упатија Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). СЕММ побара зголемена одговорност во почитувањето на фундаменталните принципи на слободата и независноста на медиумите, како и...

СЕММ: 70 отсто од жалбите за непрофесионално известување се за корона вирусот

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на корона вирусот, што дополнително би можело да влијае врз натамошно зголемување на загриженоста и вознемиреноста кај јавноста заснована на неточни информации и сензационализам, информираат од таму. „Од моментот на прогласување...

Федерацијата на новинари објави совети за медиумските работници во време на корона кризата

Меѓународната федерација на новинари (МФН) најголемата организација во светот која претставува 600.000 членови од 146 земји ги објави советите за медиумите да преземат мерки на претпазливост и почитување на препораките од здравствените експерти во ова време на здравствена криза. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, како членка на МФН ги сподели препораките за новинарите во земјава: ЗДРАВЈЕ НА...

ЗНМ и СЕММ подготвија публикација „Насоки за безбедно и професионално известување за корона вирусот“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во интерес на подобро информирана јавност и побезбедни новинари и медиумски работници при извршување на нивните секојдневни професионални обврски, подготвија публикација со наслов: „Насоки за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19)“. Публикацијата, во првиот дел, нуди насоки за етичко, професионално и одговорно известување за коронавирусот...

Кратки корисни совети за известување поврзано со корона вирусот

Имајќи ја предвид улогата на новинарите во известувањето за корона вирусот, здруженијата постојано апелираат на професионалност во известувањето, без сензационализам и ширење на паника. „Окно.мк“ објави кратки корисни совети за известувањето. Гради ја секоја нова сторија како твојата публика да нема видено ништо од твоето претходно известување. Ова значи да не се претпоставува дека „тоа сигурно веќе го знаат“ или „тоа сигурно...

Препораки за новинарите за известување за новиот корона вирус

Глобалната мрежа за истражувачко новинарство -ГМИН (Global Investigative Journalism Network) објави низа препораки за новинарите кои известуваат за состојбите со новиот корона вирус COVID-19. Вклучувајќи совети од различни новинарски организации, искусни новинари и експерти, ГМИН препорачува во мала мерка да користат „субјективните“ придавки, како „смртоносна“ болест, фотографиите и другите илустрации да се користат многу внимателно за да се спречи можноста...

Ванхауте: Разочарувачки малубројни се реформите во медиумите

Некогашниот главен медијатор помеѓу политичките партии во земјата за време на т.н. „Пржински процес“, кој доведе до Договорот од Пржино, Петер Ванауте, деновиве престојуваше во Скопје. Во интервјуто тој говори за дел од пржинскиот процес, реформите во медиумскиот сектор и како тој гледа на нив во моментов Дали сте запознаен со текот на реформите во медиумите во изминатите три години...

СЕММ и ЗНМ бараат внимателност при известувањето за самоубиства

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите (ЗНМ), по повод известувањето на медиумите во врска со случаите на самоубиство ги повикуваат новинарите на почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање. "Притоа, потсетуваме на член 7 од Кодексот на новинарите, според кој „новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во...

Бугарски и српски медиуми предвреме ѝ го сменија името на Македонија

Известувајќи во саботата и вчера за гласањето во македонското Собрание со кое се прифатија четирите уставни амандммани, со што, меѓудругото, македонските пратеници ја прифатија промената на името на Република Македонија, голем број медиуми и некои новински агенции во соседните Бугарија и Србија, пишуваа во насловите и во дел од текстовите дека Македонија од петокот вечерта и официјално е преименувана,...

Судот подготвен да одлучува за притворот на шестемина пратеници за 27 април

Кривичниот суд во Скопје го добил известувањето од Собранието за одзeмениот имунитет на шестемина пратеници, за кои Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бара притвор, и го доставил до надлежните судии на претходна постапка, соопштија за „Мета“ од судот. „Известувањето од Собранието на Република Македонија поврзано со барањето на судот околу имунитетот на пратениците за кои е поднесен предлог...

ААВМУ: Медиумите имале генерално еднаков третман на партиите во првиот изборен круг

Програмските сервиси на државно ниво, опфатени со надзорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), во првиот круг од локалните избори „генерално обезбедиле еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување“, соопшти денеска Агенцијата. Голем дел од нив, се вели во соопштението, вложиле напори да организираат и дебатни соочувања на учесниците на изборите. Во овој...

Трајчевски: За овие избори медиумите известуваат порамномерно и попрофесионално

За овие локални избори медиумите известуваат далеку порамномерно и попрофесионално во споредба со претходните два изборни циклуси, каде беше забележано нерамномерно известување и воочлива координација, рече директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, на денешната дебата на тема „Известување на медиумите во изборна кампања, искуства и предизвици“, што се одржа во Клубот на новинари. Трајчевски...

МТВ ѝ порача на ААВМУ: Известуваме повеќе за ВМРО-ДПМНЕ оти имаа реакции за отчетите

Првиот канал на МТВ денеска реагираше на забелешките на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (ААВМУ) во извештајот од надзорот на медиумското известување во периодот од 16 до 24 септември 2017 година, дека МТВ1 не ја следела одредбата за избалансираност во известувањето за активностите на политичките партии од опозицијата што се претставени во Собранието. Од првиот канал на МТВ реагираат...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...