fbpx
Таг: извештај

таг: извештај

МОТ: Пандемијата и кризата се главни предизвици за спроведување на Гаранцијата за млади

Во 2020 година, 34,2 отсто од 20.000 невработени млади во Северна Македонија кои се регистрирале за мерката „Гаранција за млади“ добиле понуда за работа во рок од четири месеци, но оваа бројка минатата 2021 година значително се намалила, па така за мерката се регистрирале 18.000 лица, додека бројот на оние кои добиле понуда за работа се намалил за 43,7...

Ризиците од корупција и судир на интереси во набавките за ковид-19 остануваат високи

Високи ризици од корупција и судир на интереси изобилувале во јавните набавки поврзани со ковид-19 и во второто полугодие од 2021 година, покажува длабинскиот мониторинг на Центарот за граѓански комуникации, којшто денеска го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од КОВИД-19. Мониторингот на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие...

Сали: 560 ковид-пациенти биле третирани со хемофилтрација во „Жан Митрев“, ќе ни треба време за анализа

Министерот за здравство Беким Сали денеска изјави дека од клиниката „Жан Митрев“ ги добиле сите побарани материјали и најави дека дека за детален извештај ќе треба повеќе време. „Се работи за 560 ковид-пациенти кои биле третирани со хемофилтрација. Ќе ни треба време за анализа на тие 560 досиеја коишто се обемни. Да бидеме реални 560 предмети ќе ни одземат доволно...

ДЗР: За две години, граѓаните во приватното здравство прелеале 18,6 милиони евра за ковид тестови

Сметано по најниската наплатена цена од 1.400 денари по тест и направени 819.240 тестови за две години, од граѓаните во приватното здравство се прелеани повеќе од 18,6 милиони евра, покажа ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на за 2020 година. Како што стои во објавата на ревизорите, изразено е мислење со...

Реформите во јавната администрација заглавија во законски измени

Законите што ја регулираат работата на јавната администрација се коригираат со години и сè уште се предмет на делумни измени, дополнувања или целосни промени. Овие унапредувања на законските решенија одат побавно од очекуваното, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација, пишува Вистиномер. Самиот факт што толку долго се носат и никако да се донесат новите...

Независно судство – лесно се ветува, тешко се спроведува

Во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството насловен:„На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза“, меѓу другото се забележува дека независноста и кај судството и кај обвинителството, иако законски загарантирано, останува дискутабилно прашање на кое треба да се поработи во следниот период. Правниот експерт Натали Петровска како најпроблематичен сегмент во досегашните реформските процеси во правосудството го издвојува изборот, унапредувањето и...

Презентиран извештајот и насоките за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија

Постојниот одлив на кадар на високо административно ниво, недостатокот на ажурирање и имплементација на стратегиите, ограничениот пристап до електронските услуги, но и нискиот степен на интерес на граѓаните за е-учество, се дел од предизвиците нотирани во третиот Извештај за таковната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија во издание на Фондацијата Метаморфозис. Во извештајот кој беше...

Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад

Во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема, детално беа презентирани клучните проблеми и главните прашања кои ги засегаат медиумите и медиумските работници. Извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски и претседетлката на УО на СЕММ, Катерина Синадиновска, се согласуваат дека отсуствуваат системски реформи...

Ќе се забрза ли процесот на е-услугите ?

Преку платформата за интероперабилност веќе се поврзани судовите со МВР, Јавното обвинителство, Царинската управа, Централниот регистер, ДИК, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, ДКСК и МНАВ – Агенцијата за цивилно воздухопловство. На Платформата за интероперабилност се приклучени 39 институции, со тенденција да се приклучат уште 15 институции. Ова, меѓу другото, се вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите...

Дезинформациите се безбедносен проблем, мора да работиме заедно за да ги спречиме последиците

Дезинформациите се проблем за безбедноста на државата и сите општествени чинители мора да работат заедно за да ги спречат последиците. Ова, меѓу другото, беше речено на сесијата што ја модерираше главната и одговорна уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари, „Решенија и следни чекори – препораки за заедничко дејствување“, во рамки на конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, во...

Граѓаните се свесни за дезинформациите, но справувањето со ова зло мора да биде многу посилно

Главни чинители во намалување на ефектите од дезинформациите треба да бидат институциите задолжени за креирање на медиумските политики, но исто така и самите медиуми, односно новинарите. Но, потребен е систематски пристап, од повеќе фактори, порача истражувачот Ѓорѓи Митревски на сесијата „Состојби и предизвици поврзани со влијанието на дезинформациите во Северна Македонија“, во рамките на конференцијата „Справување со дезинформации во...

Објавен регионалниот извештај за родово-базирана дискриминација и пазар на труд

Коалицијата за борба против родово-базирана дискриминација на пазарот на труд на Западен Балкан вчера преку Зум го промовираше второто издание на истражувачкиот извештај со наслов Родово-базирана дискриминација и работни односи во Западен Балкан. Истражувањето беше спроведено од женски граѓански организации (ЖГО) како дел од регионалната акција „Зајакнување на граѓанските организации во борбата против дискриминација и унапредување на работничките права на...

Вистиномер: Како до поефикасни услуги на администрацијата?

Еден од елементите на добра, реформирана администрација прифатен од ОЕЦД и ЕУ е и прашањето за испораките на услугите кон граѓаните и правните лица, бизнисот, т.е. изградба на администрација насочена кон потребите на граѓаните, што ќе нуди лесно достапни услуги. Ова, меѓу другото,  се посочува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, во...

Реформите во администрацијата може подобро да се „администрираат“ – публикација на Метаморфозис за ЈА

Јавната администрација се реформира, но состојбата може да се опише како чаша до половина наполнета – ниту процесот оди бавно ниту брзо, ниту може да се каже дека во комплексот прашања работите се лоши ниту дека се одлични, а главните причини може да се лоцираат во кадровскиот капацитет и политичката волја за спроведување на целосни реформи. Овој генерален заклучок...

Фридом Хаус: Македонија со иста оценка како лани, во Западен Балкан владеат хибридни режими

Според најновиот извештај на невладината организација Фридом Хаус насловен „Држави во транзиција - од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“ во кој е анализирана состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција, Северна Македонија останува во категоријата „хибриден режим“ со истата генерална оценка како лани од 3,82, на скалата од еден до седум, каде еден е најниско ниво на...

За безмалку една третина се намалил бројот на ковид случаи во рок од една недела

Вкупно 1.818 нови позитивни случаи од 30 градови во државата се регистрирани изминатата седмица што е намалување од 27,4 отсто во однос на минатата недела, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Бројот, пак, на направени тестови за ковид-19 во периодот од 7 март до 13 март е намален за 12 отсто. „Најголем дел од регистрираните случаи се од...

За една недела намален бројот на ковид случаи за една третина

Регистрирани сe 2.504 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 32,3 отсто во однос на минатата недела, покажува последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 февруари до 06 март. Тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со...

Вистиномер: Од „No name“ компјутери до онлајн-судење

Ако детално се погледне  Функционалната анализа на основните судови во РСМ претставена во ноември 2021 година, а со цел да се стекне вистинската слика со ИТ – опрема во судството, може да се сретнат и бизарни податоци кога се набројува постојната опрема во судовите, се наведува се вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството под наслов: „На правосудството му е потребна...

Реформи во правосудството: Обвинителството понетранспарентно од судството

Судовите, иако неекипирани со професионално вработени лица за односи со јавноста, имаат релативно добра соработка во однос на тековни судски постапки, предмети до судовите и слично. Но, голем проблем претставува затвореноста на судскиот портал, односно тешкото пребарување на одлуките на судовите за различни кривични дела во постапките. Јавното обвинителство отсекогаш било за степен позатворено од судството, пред сѐ, имајќи...

Изминатата недела секој трет тест за ковид бил позитивен

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5 oтсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 23,6 отсто до 34,4 отсто, односно просечно - 29,1 отсто, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 17 до 23 јануари. Според извештајот, тестирани се 39.289 материјали во лабораториите во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...