fbpx
Таг: Израел

таг: Израел

Во Израел почна вакцинирањето со трета доза против ковид-19

Израел ќе ги вакцинира со трета доза вакцини против ковид-19 луѓето над 60-годишна возраст, односно оние кои втората доза ја примиле пред најмалку пет месеци, јавија светските агенции. Во земјата што прва ја заврши вакцинацијата на населението, трета доза досега примиле околу 2.000 лица со ослабен имун систем, а сега, како што соопшти премиерот Нафтали Бенет, таа ќе се дава...

Израел вели вакцината на „Фајзер“ е помалку ефикасна против делта сојот

Министерството за здравство на Израел вчера објави дека вакцината на „Фајзер“ против ковид-19 има помала ефикасност врз делта сојот на корона вирусот. Сепак, властите соопштија дека оваа вакцина и понатаму заштитува од сериозни заболувања и болничко лекување со исклучително висока ефикасност од 93 отсто, јавува „Тајмс оф Израел“. Ефикасноста на вакцината во спречување на инфекција во текот на јуни била...

Израелските сили со најобемни бомбардирања на Појасот Газа досега

Израелските сили утринава спроведоа жестока кампања на напади, со огромен број бомбардирања на Појасот Газа од почетокот на новите воени судири пред една седмица. Палестинските сили возвратија со ракетни напади врз населени места на југот на Израел, јави Би-би-си. Израел порача дека гаѓал цели на милитантната палестински организација Хамас и домови на неколку нивни команданти, но нанесени се и штети...

Во Скопје протест за поддршка на палестинскиот народ, Нетанјаху ѝ се заблагодари на земјава за поддршката на Израел

Викендов низ светот се одржаа пропалестински протести, а денеска и во Скопје имаше протест за поддршка на палестинскиот народ. Социјалниот центар „Дуња“ и „Гласни идеи“ на плоштадот Македонија го организираа протестот во знак за солидарност со палестинскиот народ и нивниот отпор. Левичарскиот протест помина во апел за да сопре окупацијата на Газа и нејзиното бомбардирање од страна на Израел,...

Македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит во Израел, велат од МНР

Министерството за надворешни работи сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ Израел, имајќи ја предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел. „За македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош да се обратат до Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на мобилен +972549096965 или некој од SOS броевите објавени на веб...

Стотици загинати во новите масовни бомбардирања на северот на Газа во Палестина

Израелските воени сили со авиони, хеликоптери и дронови, како и со тенкови и артилериски орудија го бомбардираат и гаѓаат северот на Појасот Газа, но копнена инвазија, засега нема, јави РТС. Новите воздушни напади се најголемата борбена активност во најновата ескалација меѓу Израел и палестинското радикално движење Хамас. Во претходните напади во изминатите четири дена во Појасот Газа загинаа најмалку 119 лица,...

Најмалку 40 жртви во Израел и Појасот Газа, во жестоките напади меѓу Израел и Хамас

Вооружениот конфликт меѓу Израел и Хамас ескалираше синоќа и ноќеска, со жестоки ракетни и воздушни напади во кои загинаа најмалку 35 лица во Појасот Газа и најмалку петмина во Израел. Палестинските сили испалија стотина ракети на Израел, кој, пак изврши силни воздушни напади на Појасот Газа. Военото воздухопловство на Израел го бомбардирале домот на највисокиот оперативец на Хамас, Салах Дахман,...

Би-Би-Си: Израел е близу до постигнување колективен имунитет на ковид-19

Професор Ејал Лешем, директор на Медицинскиот центар „Шеба“, најголемата болница во Израел, е уверен дека земјата е близу до постигнување на колективен имунитет на новиот корона вирус, известува Би-Би-Си. Професорот го поткрепува своето тврдење со фактот дека и покрај тоа што рестриктивните мерки се олабавуваат, бројор на нови случаи во Израел и понатаму паѓа. Тоа значи дека доволен дел од...

Не е докажано дека израелскиот лек е 100 отсто ефикасен против Ковид-19

Израелска компанија откри лек кој се покажа 100 отсто ефикасен против Ковид-19... Ова е уште една од неточните информации што кружат последниве денови - терапијата со  клетки PLX навистина е тестирана кај пациенти со Ковид-19, но сè уште не е одобрена како 100 отсто ефикасен третман против болеста, пишува Порталб.мк. Веста беше објавена од неколку албански медиуми, а информацијата исто...

Црквeните камбани и лимонот како лек против короната „уловени“ од борците против дезинформациите

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили инспекциските контроли, кај увозниците на јужно овошје и во внатрешниот промет.
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Не, Израел не се заканил дека ќе ја наполни Европа со мигранти

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Израелските медиуми задоцнија 8 години со отворањето на Меморијалниот центар на Евреите во Скопје

„Еврејската телеграфска агенција“ (Jewish Telegraphic Agency) на 11 март објави текст дека во Скопје се отвори Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, иако овој центар е отворен уште во 2011 година. Во текстот исто така пишува дека премиерот Зоран Заев присуствувал на отворањето заедно со Роберт Сингер, извршен потпретседател и главен извршен директор на Светскиот еврејски конгрес. Точно е...

Борат го прелажа „путиновиот конгресмен“ Рорабакер, кој ја делеше и ништеше Македонија

Во својата нова провокативна комична серија „Who is America? (Која е Америка?)“, британскиот комичар Саша Барон Коен ги прелажа контроверзниот американски конгресмен Дејна Рорабакер, неговиот колега Џо Вилсон, како и поранешните сенатор и конгресмен Трент Лот и Џо Волш, да дадат јавна поддршка за измислената програма „Киндергардианс“, со која наводно на децата во градинките во Израел од тригодишна до...

Убиени 59 Палестинци – масакр на протест против амбасадата на САД во Ерусалим

Во вчерашните крвави судири во Појасот Газа загинаа 59 Палестинци, а повредени се 2.771, од кои половината имаат прострелни рани. Меѓу загинатите е и едно осуммесечно бебе, кое се задушило од солзавец. Протестите во Газа беа насочени против преместувањето на амбасадата на САД во Ерусалим, како и против десетгодишната блокада на Газа од страна на Израел и Египет. Многу земји...

Израел го суспендира планот за испраќање илјадници мигранти од Африка на Запад

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја суспендираше спогодбата со Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) за преселба на илјадници мигранти од Африка во западните земји, и тоа неколку часа откако беше објавено склучувањето на спогодбата. Според спогодбата, голем дел од 16.000 Африканци што бараат азил во Израел треба да бидат испратени во западните земји, а не вратени во матичните земји. Но,...

Трамп и Путин телефонски разговарале за судирот помеѓу Израел и Палестина

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска телефонски разговарале за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестина. - Само што разговарав со претседателот на САД, господинот Трамп. Секако, зборувавме за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестина - изјави Путин пред средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој е во посета на Москва. Путин потенцираше дека...

Трамп ги доведе во прашање мировните преговори меѓу Израел и Палестина

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја доведе во прашање можноста за продолжување на мировните преговори меѓу Израел и Палестина, префрлајќи ја одговорноста за тоа на палестинската страна, пренесува „Би-би-си“. Како што изјавил Трамп во Давос, Палестинците „покажале непочитување“ кон САД, по неговата одлука да го признае Ерусалим за главен град на Израел. - Кон САД мора да биде искажана...

Нетанјаху: Прашањето со Ерусалим е веќе решено

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема намера да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим на Светскиот економски форум во Давос. Нетанјаху вели дека тоа прашање „веќе е решено“. Белата куќа соопшти дека Трамп ќе настојува да ја повтори американската силна посветеност на Израел и напорите да се намали влијанието на Иран врз Блискиот исток како начин да се...

САД поддржуваат решение за две држави на Израелците и Палестинците

САД ќе го поддржат решението за две држави за Израелците и Палестинците, ако двете страни се согласат околу ова прашање, му пренел американскиот потпретседател Мајк Пенс на египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. По средбата со египетскиот претседател за време на посетата на Египет, Пенс на новинарите им изјави дека САД се длабоко посветени да го рестартираат мировниот процес на Блискиот...

Трамп се закани дека ќе ја прекине помошта за Палестинците

Соединетите Американски Држави би можеле да ја прекинат помошта за Палестинците, кои, „повеќе не сакаат да разговараат за мир“ порача американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува „Би-би-си“. Трамп на „Твитер“ напиша дека, „САД не добиле ниту признание, ниту почит за помошта од стотици милиони долари што годишно им ја даваат на Палестинците.“ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/948322497602220032 Заканите на Трамп следуваат по острите реакции на Палестинците на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...