fbpx
Таг: измени

таг: измени

ДУИ бара да се повлечат измените на Законот за патни исправи

На денешната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, ДУИ побара измените и дополнувањата на Законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија да биде повлечен и, исто како и за измените на законите за лична карта и за престојувалиште, гласаше против. - Имаме големи концептуални разлики. Овој закон ги содржи истите членови како и законите за лична...

ДОМ бара измени на Изборниот законик за да има 50 отсто жени во политиката

Форумот на жени на ДОМ им го честиташе 8 Март, Меѓународниот ден на жените, на сите жени во Република Македонија. Во соопштението на партијата се наведува дека ја поддржуваат платформата „Планета 50-50“ до 2030 година, поставена од Обединетите нации. - Предлагаме преку измени во Изборниот законик, да се обезбеди еднаквa застапеност на жените и на мажите во политиката во Република Македонија,...

Собранието изгласа: Полицијата ќе може да користи гумени куршуми

Пратениците вчера на собраниска седница ги изгласаа измените во Законот за полиција, со кои се дозволува употребата на гумени куршуми во случаи на насилство на протести и на јавни собири. Измените, освен употребата на гумени куршуми, предвидуваат и употреба на електрични парализатори и шок-бомби. Полицијата, со новите измени во Законот, ќе има овластувања да ги снима, односно да врши видеоназдор на постпаките...

Собранието вонредно и скратено ќе расправа за законите за високо образование и за хонорарци

Собранието ненадејно, денеска, во 13 часот, ќе ја одржи 36. седница, на која на дневен ред ќе бидат измените на Законот за плаќање придонеси на хонорарците и измените на Законот за високо образование. Сите измени на законите се планираат да се донесат по скратена постапка. Предлозите за изменување и за дополнувње на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот...

УЈП: Пресметките за хонорарите ќе ги објавиме до крајот на неделата

До крајот на оваа недела, Управата за јавни приходи ќе ги објави насоките со кои ќе се знае како ќе се вршат пресметките за исплаќање надомест за хонорарите поголеми од 9.590 денари. Како што објави „Мета“, испративме прашања до Министерството за труд и социјална политика за тоа дали навистина има известување во кое се бара да не исплаќаат хонорари поголеми од 9.590 денари сè...

СДСМ ѝ порачува на власта да не се пазари со Уставот

Обидот по секоја цена да се истурка процедурата на амaндманските измени на Уставот во Собранието на Република Македонија ќе биде само уште еден доказ дека финансиските интереси на оваа власт ѝ се поважни од сè друго, вклучувајќи ја и евроатланската перспектива, велат од СДСМ. - Амандманите на Уставот, онака како што се утврдени во Собранието, се проблематични и од аспект на...

Седницата за уставните амандмани ќе продолжи в петок

Седницата на која пратениците ќе расправаат за уставните амандмани ќе продолжи в петок. Откако ја завршија расправата за амандманот 37 од Уставот, со кој се дефинираат максимумите до кои може да се движат буџетскиот дефицит и јавниот долг, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја прекина седницата. Пратениците расправаа за амандманот со кој се одредува дефицитот на буџетот на Македонија, односно...

Пратениците сè уште ги читаат законите за образование

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт сè уште ги читаат измените на законите за образование. По две паузи, на денешната комисија, пратениците успеаја да ги разгледаат само измените на законите за основно и за средно образование, менувањето на статутот на Универзитетот „Климент Охридски“ и запнаа кај предлог-законот за наставници во основните и во средните училишта. Пратеникот од ДПА,...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...