fbpx
Таг: измени

таг: измени

Собранието ја изгласа селективната аболиција

Собранието попладнево експресно, без дебата ги изгласа измените и дополнувањата на четири Закони, меѓу кои и Законот за помилување, со кои на претседателот на државата му се овозможува да ја повлече аболицијата за оние лица кои тоа ќе го побараат од него. За дополнувањето на Законот за помилување „за“ гласаа 63 пратеници и ниту еден против. На денешната седница,...

СЈО: Крпач не беше причината поради која баравме измени во Законот за заштита на сведоци

Коста Крпач не бил причината поради која Специјалното јавно обвинителство барало измени во Законот за заштита на сведоци за да може да предлага и да бара заштита на одредени сведоци, велат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. „Лицето за кое прашувате не беше причината поради која се бараа измени на законската регулатива“, стои во кусиот одговор на...

Тодоров: Напад на лекар ќе се казнува како кривично дело врз службено лице

Со новите измени на Законот за здравствена заштита, нападот врз лекар е кривично дело и ќе се смета и ќе се санкционира како напад на службено лице, соопшти денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, по повод Светскиот ден на здравјето - 7 април. - Оваа законска одредба ја вметнавме со измените на Законот за здравствена заштита со која предвидовме дека...

Измените на законот за кривична постапка пред пратениците

Измените и дополнувањата на Законот за кривична постапка денеска ќе се најдат пред пратениците во Собранието. Во измените, пратениците Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ и Муса Ибраими од ДУИ по иницијатива на шест адвокати бараат да се смени рокот предвиден во законот во кој одбраната треба да прибере докази кои се во нејзин прилог. Рокот предвиден во постоечкиот закон е 15 дена,...

Шест адвокати се иницијатори на измената на Законот за кривична постапка што го поддржа ВМРО-ДПМНЕ

Група од шест адвокати се иницијатори на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка кој денеска беше ставен на дневен ред во Собранието, а владејачката партија само им излегла во пресрет и го поднела законот, вели Оливер Вуксановиќ еден од адвокатите кои се иницијатори на овие измени. Тој вели дека идејата за измените во законот е за...

Собранието не ги прифати предлог-измените на Законот за помилување на СДСМ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Собранието на Република Македонија, ги одби предлог-измените на Законот за помилување, кои ги предложи опозицијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски рече дека по срамната одлука на Уставниот суд за укинување на измените на Законот за помилување од 2009 година, на претседателот му е дадена можност да помилува лица гонети...

Новинарите до Иванов: Без реформи во медиумите, нема услови за слободни избори

Претставници на пет новинарски и медиумски организации денеска имале средба со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на која било разговарано за можноста за продолжување на разговорите за медиумските реформи пред изборите. Тие, како што е наведено во соопштението, на Иванов му го пренеле ставот дека сè додека не бидат спроведени медиумските реформи, во Македонија нема да има услови за слободни...

ЛДП: Срамна е одлуката на Уставниот суд за Законот за помилување

Срамна и недемократска е одлуката на Уставниот суд да ја прифати иницијативата за промена на Законот за помилување, со која повторно му се даде право на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, реагираат од Либералнодемократската партија (ЛДП). Според либералдемократите, денешната одлука на Уставниот суд е уште една потврда за спрегата меѓу извршната власт со поединци во...

На ВМРО-ДПМНЕ во 2009 година не му требало помилување на изборниот криминал

Со 5 гласа „за“ и 4 „против“, Уставниот суд денеска ја прифати иницијативата претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности. Предложените измени доаѓаат во време кога Специјалното јавно обвинителство покрена истражна постапка за осум лица осомничени за изборни нерегуларности, меѓу кои поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Ситуацијата во...

Собранието не го усвои предлогот за измени на Законот за буџетите

Во рамките на продолжението на 85. седница, Собранието не го усвои предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за буџетите, во прво читање, предложен од опозицијата. Образложувајќи го предлогот, Марјанчо Николов од СДСМ истакна дека се бара наместо Владата, Собранието да ја носи фискалната стратегија. - Ова Собрание треба да ја зајакне фискалната контрола на Владата, а потоа и на...

ВМРО-ДПМНЕ бара пониска цена за зонското паркирање во Тетово

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на Општина Тетово, побара измени и дополнувања на тарифникот за зонско паркирање, односно воведување месечен билет со пониска цена за станарите од околните згради за паркирање во зоната А. На тој начин, според советниците од ВМРО-ДПМНЕ, би се решил проблемот со паркирањето на овие граѓани, затоа што со воведувањето на зонското, со...

Собранието денеска продолжува со 71. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 71. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки. Пред пратениците денеска се предлог-закони за финансиско задложување на државата, за реализација на проекти од гасната и од патната инфраструктура, како и изменување на закони по скратена постапка. На дневен ред на Собранието, меѓу другите точки, се и измените на Законот за задолжителни нафтени резерви,...

СДСМ: Наскоро ќе никнат нови приватни плажи на Охридското езеро

Владејачкото мнозинство експресно си изгласа можност за легализација на дивоградби што се изградени во крајбрежни заштитени подрачја, покрај природни и вештачки езера, речни корита и слично. За полесна легализација, со спорните измени е предвидено да се прескокнат локалните самоуправи и Министеството за животна средина, реагираат од СДСМ. - По стапувањето на сила на ова криминално решение, следно што може да...

Пратениците и денеска ќе расправаат за измените на Буџетот

За денеска е закажана 62. собраниска седница на која пратениците треба да разгледаат 87 предлог-закони од кои дел се во скратена постапка, а дел во второ читање. На дневен ред се Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2015 година и Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, двата во второ читање. Пратениците...

Се укинува возењето со вклучени светла дење

Со новиот предлог-закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, се укинува обврската за возење со вклучени светла и дење, односно светлата на возилата да бидат постојано вклучени. Со новите решенија, како што е наведено во предлог-законот, се врши усогласување со европската регулатива и се предвидува решение со кое „се утврдува задолжителна употреба на вклучени светла само во периодот од првиот самрак...

Се укинува законот за придонеси за хонорарци

Законот за придонеси за хонорарци се укинува. Предлогот помина вчера на владина седница. Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, укинувањето на плаќањето на придонесите на хонорарците се прави од причина што „со други мерки на Владата на Република Македонија се исцрпеа ефектите што беше предвидено да се постигнат“. - Во последниот период се реализираше проектот „Македонија вработува“, кој вклучува мерка што овозможува...

Владата размислува да воведе зелен картон за еден месец

Премиерот Никола Груевски истакна дека Владата размислува, покрај едногодишниот, да воведе едномесечен зелен картон. При посетата на на охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека Владата подготвува одредени измени во постојната законска регулатива. – Сега зелените картони секој може да ги добие за една година, не може за пократко. За возила до 66 киловати чинат околу 60 евра, а 90 евра за...

Трајанов бара измени во Изборниот закон и една изборна единица

Пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска поднесе предлог-закон за измена и за дополнување на Изборниот закон, со кој се предлага пропорционален изборен модел, а Република Македонија да биде една изборна единица, пренесува „Утрински“. Со измените, според Трајанов, ќе се обезбеди парламентарен состав кој ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, ќе се стеснат можностиет за кршење на изборните...

Во Скопје се скрши едно копје, другите ќе се докршуваат во Брисел

Пред да се одржи средбата на претседателите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Брисел, сè уште е нејасно што, всушност, е постигнато на преговорите што во вторникот се одржаа во резиденцијата на ЕУ во Скопје, со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан. Иако и двете партии имаа свои ставови околу тоа како да се реши политичката криза, се...

Донесени измените за Законот за минимална плата

Пратениците денеска, по скратена постапка, ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за минимална плата. Истиот предвидува дека работодавците што нема да го почитуваат Законот, ќе бидат казнети по 300 евра за секој работник што не му исплатиле минималната плата и 150 евра за одговорното лице. Според министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на овој начин ќе се овозможи заштита...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...