fbpx
Таг: измени

таг: измени

Со предложените мерки се предвидува заболените од ковид-19 да се лекуваат по потреба и во приватните болници

Воведување можност заболените од ковид-19 да се лекуваат во приватните здравствени установи и нови казни за непочитување на мерките за ширење на заразата предвидува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести за кој денеска ќе расправа Комисијата за здравство во Собранието. Иако состојбата со ковид-19 во земјата ескалира, овој предлог-закон повеќе...

Центарот за демократска транзиција предлага при пописот во Црна Гора да не се прибираат податоци за нација, религија и јазик

Центарот за демократска транзиција ја започна иницијативата во црногорскиот попис да се отфрли старата пракса на прибирање податоци за етничка (национална) и религиска (не)припадност, како и јазикот на кој граѓанинот зборува. Целта на овој предлог е да се прекине досегашната праска и застарениот начин на којшто се сфаќа суштината на пописот. „Претходниот начин на спроведување на попис не е нелегитимен,...

Владата ќе ги зголеми казните за загадување на животната средина

Министерство за правда подготвува предлог закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците со кои се предвидува зголемување на казните за загадување на животната средина. Во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи(ЕНЕР) се вели дека при вршење на задолжителното усогласување на посебните закони од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоците, во делот на...

ЗНМ и ААВМУ: МВР и ОЈО да ги откријат лицата кои на Фејсбук ѝ се закануваа на новинарката Бурнс

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (ААВМУ) најостро ги осудуваат онлајн нападите и заканите по безбедноста на новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс. Бурнс во текот на вчерашниот ден добила низа закани на својот личен профил на Фејсбук, поради објавување на текст за свадба која се одржала во Тетово, укажувајќи дека тоа е...

На плажа и базен со физичка дистанца, во кафулиња и ресторани на маса можат да седат и повеќе од двајца

Владата на синоќешната седница ги донесе протоколите за работата на базените и на плажите во тек на пандемијата на ковид-19, а ја укина важноста на одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска. Новите препораки опфаќаат правила кои определуваат дека вработените лица и посетителите на...

За првомајските празници нема да сообраќаат патничките возови

Foto: Borce Popovski
Патнички возови за време на првомајските празници ќе нема. Граѓаните кои планирале да отпатуваат на пикник за продолжениот викенд ќе треба да го откажат ваквиот план или да користат друго превозно средство за патување. Од Железници - Транспорт информираат дека в сабота (2 мај) и в недела (3 мај) патничките возови нема воопшто да сообраќаат. В петок (1 мај), ќе сообраќаат...

Од понеделник нови измени во возниот ред на патничките возови

По скратувањето на полицискиот час во земјава, Железници -Транспорт направи нови измени во возниот ред на патничките возови, кои стапуваат на сила од полноќ на 27 април (понеделник). Со направените измени и понатаму нема да сообраќаат возови на релациите Скопје-Табановце-Скопје, Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. Меѓу Скопје и Гевгелија ќе сообраќаат два воза дневно, со поаѓања од главниот град во 6:23 и...

Од утре нова измена во возниот ред на патничките возови

Од Железници на РСМ - Транспорт информираат дека од утрешниот ден ќе има нова измена во возниот ред на патничките возови. На релација Скопје-Битола-Скопје ќе сообраќа по еден пар возови дневно, со поаѓање во Скопје во 6,57 часот и во Битола од 10,50 часот. Од Скопје за Гевгелија ќе има еден воз дневно, со поаѓање од Скопје во 6,23...

Од четврток јавен превоз во Скопје ќе има само од 5 до 9 и од 13 до 16 часот во работните денови

ЈСП - Скопје ги информира граѓаните дека од четврток, 9 април, јавниот превоз ќе функционира само во периодот од 5 до 9 часот наутро и од 13 до 16 часот во попладне во работните денови. Во останатите периоди од денот нема да сообраќаат автобусите на градските и приградските линии, а јавен превоз нема да има ниту во периодот од...

Од понеделник нови промени во возниот ред на патничките возови

Железници на РСМ - Транспорт информира дека од понеделник, 6 април стапуваат на сила новите измени на возниот ред на патничките возови. Со измените останува укинат патничкиот железнички сообраќај на релацијата Скопје-Табановце-Скопје, а возовите Скопје-Кочани-Скопје ќе изостануваат меѓу станиците Велес и Кочани. Од понеделник повторно ќе сообраќаат возовите меѓу Скопје и Битола, но со изменет возен ред. Меѓу Скопје и...

Полицискиот час го измени возниот ред на патничките возови

Железници на РСМ - Транспорт го измени возниот ред на патничките возови во услови на ограничено движење на граѓаните во периодот од 21 до 6 часот. Меѓу Скопје и Табановце, ќе сообраќаат единствено возовите кои главниот град поаѓаат во 6:45 и 16:30 часот, додека од Табановце ќе поаѓаат од 8:05 и 17:45 часот. Другите возови на оваа релација нема...

МОН ќе го повлече, измени и препечати спорниот учебник по социологија

Министерството за образование и наука ќе прави измени во учебникот по социологија за втора година средно образование, кој вчера и денеска предизвика лавина реакции во јавноста. Станува збор за содржина која ја дискриминира жената, односно тврди дека ако жената е затворена дома, таа нема можност да прави кривични дела. Планот на Педагошката служба за ревизија на учебниците го содржи и...

Над 6.000 амандмани за измените на Изборниот законик за една изборна единица и отворени листи

На предложените измени на Изборниот законик поднесени се над шест илјади амандмани. Измените се поднесени од 15 пратеници од помалите партии кои предлагаат една изборна единица и отворени листи. На денешната собраниска седница се предложени два предлог-закони за измени и дополнувања на Изборниот законик. Првиот предлог-закон предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица во Републиката со 120...

Утре изменет сообраќаен режим поради верскиот празник Задушница

По повод верскиот празник Задушница, утре и за време на викендот, во периодот од 06 до 16 часот ќе има изменет сообраќаен режим во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, информираат од МВР. „Во Бутел сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се...

Нема кратење на бројот на часови – нашите деца учат 1,5 година помалку од оние во земјите на ОЕЦД 

Новото законско решение не предвидува намалување на бројот на наставни денови. Сегашната состојба покажува дека нашите ученици до 14-годишна возраст добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во земјите членки на ОЕЦД, односно една и пол година образование помалку. Ова го истакна министерот Арбер Адеми на прес конференција, информирајќи за новините во Законот за основно образование, чија примена...

ЈСП со изменет возен ред за линијата 21

Јавното сообраќајно претпријатие информираше дека линијата 21 (Транспортен центар-Бардовци) ќе има измени во возниот ред во вечерните часови, од денеска. „Имено, во петок и сабота, досегашниот термин 22.50 часот, се поместува во 23.05 часот. Во случајов, ЈСП Скопје го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија да сообраќа подоцна за време на викендите....

Долгот на фирмите за кои државата не издава гаранции ќе влезе во вкупниот јавен долг

Во собраниска прцедура се измените на Законот за јавен долг, со кој, откако ќе стапи на сила, во јавниот долг ќе се мери и негарантираниот јавен долг, односно долгот за кој државата нема издадено гаранција. Според проценките на Министерство за финансии, тоа би го зголемило долгот за 0,3 проценти од БДП, односно околу 30 милиони евра. - Во 2014 година, овој...

Министерство за финансии подготвува измени на Законот за јавен долг

Поголема транспарентност, усогласување со меѓународните практики и поголем креидбилитет кај меѓународните институции и инвеститори се очекуваните ефекти од измените на Законот за јавен долг кои ги изработи Министерството за финансии, а кои се во собраниска процедура. Со измените се предлага враќање на негарантираниот долг во пресметката за јавен долг. - Негарантираниот долг беше дел од пресметката на јавниот долг до...

ЗНМ: Измените на законот за медиуми оставаат простор за манипулации

Здружението на новинарите на Македонија реагира на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и на Изборниот законик, кои на четврти февруари беа усвоени во скратена постапка од страна на Собранието, без притоа да биде консултирана новинарската заедница. „Измените на ЗААМУ кои се однесуваат на членот 102 во делот на забрани за рекламирање даваат можност на...

Забрането е користење на цијанидот и сулфурна киселина за идните рудници

Собранието на Република Македонија на денешната седница ги донесе измените на Законот за минерални суровини со кои на идните рудници на металични суровини со отворени копови им се забранува употребата на цијанид и на сулфурна киселина во технолошките процеси на флотација или на лужење на рудата. Оваа законска измена, која не се однесува на постоечките рудници, беше предложена од страна...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...