fbpx
Таг: измама

таг: измама

Не е точно дека топлата вода лекува повеќе од 20 болести

Иако има некои бенефити од тоа да се биде адекватно хидриран,  не е научно докажано дека пиењето топла вода ќе излекува каква било болест, како ни сериозни здравствени состојби наведени во постот што го рецензираме. Кога тоа би било така, а не е, тогаш немаше да постојат тие дијагнози, ќе беа излечени, вели за Вистиномер доктор Лидија Чолакова -...

Техномаркет не доделува Самсунг телефони за 123 денари

Во конкретниот случај е злоупотребен брендот и логото на „Техномаркет“, добро позната продавница за бела техника. „Техномаркет“ има своја официјална страница на Фејсбук и од неа не е споделена оваа лажна наградна игра. Официјалната Фејсбук страница на „Техномаркет“ ја следат над 177 илјади корисници, оставени се сите важни контакти, има директен линк кој води до официјалната веб-страница на компанијата,...

Таравари не рекламира никаков препарат за слабеење

Препаратот што се нуди во рекламата којашто се споделува во овој пост  го нема во регистарот на МАЛМЕД. Исто така, неврохирургот д-р Арбен Таравари преку објава на Фејсбук реагираше дека нема никаква врска со овој препарат и се огради од него. Не  е првпат на социјалните мрежи да се сретнуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени...

Не може да се купи Самсунг телевизор за 125 денари

Доколку се посети официјалната страница на „Амазон“ (amazon.com) и се пребарува „Samsung“ телевизор од истиот модел како од ФБ објавата, ќе се добие понуда со цена од 427 американски долари. Телевизор за 125 денари не постои. И на официјалната Фејсбук страница на претставништвото на Самсунг во Македонија, не може да се најде понуда на телевизор од 125 денари, пишува...

ОН не повикуваат на декриминализација на сите сексуални дејствија, вклучително и меѓу возрасни и деца

ОН соработувале со Меѓународната комисија на правници во извештајот кој повикува на пристап заснован на човековите права кон кривичното право. Не се бара декриминализација на возрасните кои имаат секс со малолетници. Експертите велат дека упатствата треба да се применуваат на консензуален секс меѓу адолесценти на слична возраст, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Пост на Фејсбук...

Лажна реклама: Нема Ајфон за 125 денари

Фан-страницата од којашто се нуди Ајфон за 125 денари, нема податоци за контакт, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции. Нема никаква формална врска помеѓу овие измамници и IStyle – официјалната продавница за Apple продукти во нашата држава. Огромниот попуст не е објавен ниту на нивната официјална страница, ниту на нивните...

Измама е дека Филипс доделува апарат за две евра за првите сто луѓе

Ваквата „понуда“ за Филипс апарати за две евра е пласирана исклучиво со цел корисниците да ги споделат своите лични податоци во полињата, а потоа истите на многу начини можат да бидат злоупотребени. Ако се погледне веб-адресата на измамничкиот сајт, се гледа дека на неа не фигурира името на брендот Филипс, туку се работи за аматерски креирана посебна страница со...

Лажно се нудат Дајсон правосмукалки за 120 денари

Постот го злоупотребува името и логото на американската онлјан продавница Амазон и е единствената објава на лажната Фејсбук-страница Добар шопинг. На официјалната страница – Амазон.ком не постои правосмукалка за 120 денари, а правосмукалката Dyson V11, која се нуди на фотографијата во постот, чини 537 долари, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На социјалната мрежа Фејсбук...

Измама: Филипс не нуди фритези на топол воздух за 2 евра

Станува збор за лажна фан-страница којашто го (зло)употребува брендот Филипс, иако нема никаква врска со оваа компанија. Наводната понуда за фритеза од само 2 евра, односно „кујнска мултиварка“, како што се нарекува во објавата,  ја нема на официјалната веб-страница на Филипс, ниту на нивните профили на социјалните мрежи. Всушност, цената на вакви фритези се движи од 10.000 до 25.000 денари во зависност...

Основачката на „Теранос“ заминува во затвор кон крајот на април

Елизабет Холмс заминува во затвор на 27 април, откако федералниот судија го одби барањето на основачката на „Теранос“ (Theranos) да остане на слобода. Холмс е осудена на повеќе од 11 години затвор за измама на инвеститорите во нејзиниот стартап за крвни тестови. „Гардијан“ јавува дека судијата Едвард Давила во својата пресуда напишал оти Холмс, која во јануари минатата година беше...

Киппер не доделува 900 велосипеди ако напишете „благодарам“ во коментар

Станува збор за лажна Фејсбук страницата која го злоупотребува името на Киппер маркет и на неа нема други достапни содржини освен лажната наградна игра. На официјалната страница на Киппер маркет која има над 157 илјади следачи не постои ваква наградна игра, компанијата ги извести потрошувачите  дека се работи за измама, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Министерството за внатрешни работи (МВР) повторно предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажните пораки што наводно ги добиваат од оваа институција, односно од Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Оттаму појаснуваат дека деновиве пристигнуваат пријави од граѓани за добиена електронска порака наводно во име на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски. Пораката е во вид на извесно барање за судско појаснување и...

Почетокот на судењето на Жан Митрев одложено за 12 мај

Судскиот процес против Жан Митрев и неговата приватна болница денеска беше одложен за 12 мај. Кардиохирургот со неговите бранители денеска беше присутен во судот, а причина за повторното одложување на судењето е тоа што одбраната не успеала да изврши увид во списите на предметот кои се во Апелацискиот суд. Пред зградата на судот, десетина оштетени граѓани протестираа со транспаренти против...

УЈП: Не отворајте СМС пораки кои ве повикуваат на задолжителна пријава

Управата за јавни приходи (УЈП), на својот Фејсбук профил информира дека на граѓани им биле испраќани СМС пораки во кои се бара тие да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница https: ujp-gov.mk/potvrda. „Никако да не ја отворате оваа лажна веб-страница бидејќи од вас се бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка, како и да прикачите...

МВР: Ако ви стаса сомнителен мејл од директорот на Бирото за јавна безбедност, не наседнувајте

Во Министерството за внатрешни работи деновиве граѓани пријавуваат дека добивале електронска пошта од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, кои всушност се лажни, предупредуваат оттаму. „Пораката е во вид на некакво барање за судско појаснување. Примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Притоа, примачот...

Бегалец виновен за измама со криптовалути тешка 40 милијарди долари е уапсен во Црна Гора

Јужнокорејската полиција соопшти дека До Квон, шеф на измамничка шема со криптовалути, виновен за колапсот на токените TerraUSD и Luna тежок 40 милијарди долари, е уапсен во Црна Гора. Би-би-си јавува дека претходно годинава финансиските регулатори во САД ги обвиниле Квон и неговата компанија „Тераформ Лабс“ за организирање измама со хартии од вредност со крипто-средства од повеќе милијарди долари. Јужнокорејските власти...

Денеска започна судењето за „Империја“ против тројцата преостанати обвинети

Денеска започна судењето за случајот „Империја“ против преостанатите три лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица. Обвинети се Цветан Панделески, Јованчо Тасковски и Зоранчо Митровски. Тие се гонат за кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“, а Основното јавно обвинителство достави и предлог од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност...

Лажна наградна игра: Нептун не продава правосмукалки за 123 денари

Страницата од којашто е споделена лажната наградната игра не е официјалната страница на Нептун, има назив: „Производи за домаќинство“ и ги нема основните обележја кои би сугерирале дека станува збор за веб-страница поврзана со Нептун. За разлика од оваа  страница, на официјалната страница на Нептун се наведени адресите,  веб-страницата на компанијата, вистински промоции и перформанси на техниката што се продава...

Не е точно дека Нептун продава стари Самсунг телевизори за 123 денари

Станува збор за невистинита наградна игра којашто доколку, според упатствата се проследи до крајот и доколку се следат насоките и се пристапи на линкот за учество, станува евидентно дека е креирана за да ги добие вашите лични податоци, вклучително и домашната адреса и телефонскиот број, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа...

Жан Митрев ангажирал нови адвокати, одложено првото рочиште за измама на пациенти

Поради промена на адвокатскиот тим на одбраната и потреба од негово докомплетирање, денеска се одложи првото рочиште за судењето на кардиохирургот и сопственик на приватна болница, Жан Митрев. Новото рочиште е закажано за 5 април. Митрев ангажирал нов адвокатски тим, кој бара време да се запознае со предметот, да се направи увид и да ја подготви одбраната. Тој беше присутен...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...