fbpx
Таг: изложба

таг: изложба

Утре се отвара изложбата на Пикасо во МКЦ

Младинскиот културен центар во соработка со приватната галерија „Висконти“ од Љубљана, пред македонската публика ќе ја претстави изложбата на дела од шпанскиот сликар Пабло Пикасо во галеријата на МКЦ. На оваа изложба ќе биде претставена збирка од 46 графички дела на Пабло Пикасо - факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, кои го опфаќаат временскиот период од 1932 до 1969 година....

Во Куманово изложба: „(По)трагите на водата“ со мотиви од Охридско Езеро

В петок, на 5 февруари, со почеток во 19.30 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде отворена изложба на акварели, со наслов „(По)трагите на водата“. Меѓу другите, на изложбата ќе биде поставено делото „Мотиви од Охридското Езеро“ на починатиот македонски акварелист Теофил Шулајковски-Тофе. Шулајковски во своите дела често сликаше мотиви од Охрид, а...

Изложба на пастели со мотиви од Вевчани и од Охрид на сликарот Славко Упевче

Во рамките на познатата манифестација „Вевчански карневал“, кој ќе се одржи од 11 до 18 јануари, и „Печалбарските денови во Вевчани“, самостојна изложба на пастели со мотиви од Вевчани и од Охрид ќе има академскиот сликар Славко Упевче. Изложбата ќе биде отворена утре напладне, како дел од нововостановената Вевчанска академија на убави уметности. Славко Упевче своето ликовно уметничко деби го имаше...

Млади со интелектуална попреченост со изложба на Денот на ослободувањето на Охрид

Вечерва, со почеток во 19 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде отворена изложба на дела на лица со интелектуална попреченост. Станува збор за самостојна хуманитарна изложба на минијатури, организирана по повод 7. ноември, Денот на ослободувањето на Охрид. Изложбата е на тема „Со слики ти пеам“, а ќе бидат изложени десетици слики кои се изработувани повеќе...

Во Брвеница се одржува Меѓународна изложба на украсни птици и животни

На десетата државна изложба на украсни птици и животни, која се одржува денеска во Брвеница, посетителите можеа да погледнат околу 430 вида украсни животни, претежно гулаби, папагали, фазани и зајачиња. Изложбата има натпреварувачки карактер. Организатор на манифестацијата е здружението „Дијамантски петел“ од Тетово. На изложбата учетвуваа претставници од повеќе градови од земјава, а свое учество зедоа и Сојузите на...

Изложба на Мирослав Масин во Прилеп

Во рамки на одбележувањето на националниот празник „11 Октомври“, во Прилеп е отворена изложба на слики од уметникот Мирослав Масин. Според информациите од Центарот за култура „Марко Цепенков“, уметникот првпат го претставува своето творештво во Прилеп. Досега уметникот Мирослав Масин во богатата уметничка кариера остварил преку 50 самостојни изложби во земјава, во Србија, Црна Гора, Словенија, Италија, во Велика Британија,...

Изложба на академик Чемерски во „Куќата на Уранија“ во Охрид

Претходно одложената изложба на академик Глигор Чемерски, ќе биде отворена вечерва во “Куќата на Уранија” во Охрид, во рамките на „Научно-уметничката визита” на МАНУ. Изложбата, насловена „Tempi non passati“ ќе ја отвори академик Влада Урошевиќ. Чемерски е еден од позначајните современи македонски уметници. Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и православните икони, тој е сликар, графичар и мозаичар. Во 1962 година,...

,,Дизајнерска игра со традицијата” – Изложба на Кирче Стојоски

Младиот дизајнер Кирче Стојоски од Охрид, отвори интересна изложба на дизајнерски парчиња на мебел, под наслов: „Дизајнерска игра со традицијата”. Во рамките на програмата на Охридско лето, љубителите можат да ја погледаат во изложбениот салон при Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид. Стојоски објаснува дека креирањето на вакви продукти можеби повторно ќе го поттикне изучувањето на традиционалните занаети кои...

„Од кујната на Масин“, ликовна презентација во Куќата на Уранија

Во Научниот и истражувачки центар - Куќата на Уранија, вечерва во рамките на програмата на „Научно-уметничката визита - Охрид 2015“, ќе биде отворена изложба „Од кујната на Масин“ од познатиот ликовен уметник Мирослав Масин. Масин е роден 1963 година во Охрид. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 1988 година. Член е на Друштвото на ликовни уметници на...

„Охридско лето“: Вечер за концерт, претстава и за изложба 

Колажна вечер, од музички концерт, драмска претстава и од ликовна изложба, реализираше синоќа фестивалот „Охридско лето“. И трите настани беа исклучително добро посетени, со полни гледалишта. На Малата сцена во центарот од култура „Григор Прличев“, актерите од Народниот театар на Центарот, ја прикажаа фестивалската премиера на претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ. Во преполнетата „Св.Софија“, женскиот камерен...

Изложба на Владимир Пајиќ-Пајо во Охрид

Изложба на Владимир Пајиќ-Пајо од Белград, Србија, ќе биде отворена во Лапидариумот на Куќата на Робевци, вечерва во 20 часот. Станува збор за самостојна изложба на слики, масло на платно, насловена „Богови“. До крајот на летната сезона, во рамките на годишната програма на НУ Завод и музеј од Охрид, ќе биде организирана уште една изложба на Бојан Костантиновиќ од Лесковац, Србија.

Богат програмски ден на „Охридско лето“: Концерт, претстава, изложба

Денеска исклучително богат програмски ден на „Охридско лето“, со музички концерт, драмска претстава и со ликовна изложба. Со почеток од 21 часот, на Малата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се прикаже премиерата на претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, со охридскиот Народен театар. Претставата е во режија на младата Нела Витошевиќ, која претпладнево во Дирекцијата на фестивалот одржа...

„Охридско лето“: Филмски маратон, музички концерт и ликовна изложба

Денеска на фестивалот „Охридско лето“ посетителите ќе имаат можност да проследат богата програма, која вклучува филмски маратон, музички концерт и ликовна изложба. Во црквата „Св. Софија“, концерт ќе одржат Нинослав Димов на саксафон и Маја Поповиќ на пијано. Во рамките на фестивалот, вечерва ќе се одржи филмски маратон, кој е во знакот на двата големи јубилеи - 55 години „Охридско лето“...

Одбележани 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Изложба „Скопје 1963 - пред и потоа“ беше отворена синоќа, по повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што Скопје го остави во урнатини во 1963 година. - Од колективната меморија на скопјани, не е избришан 26 јули 1963 година.Скопје се сеќава на неколкуте минути во кои жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. Скопје денес е познат...

Самостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов на „Охридско лето“

Како дел од официјалната програма на фестивалот „Охридско лето“, синоќа во Куќата на Робевци во Охрид, беше отворена 60. самостојна изложба на познатиот сликар Стефан Хаџи-Николов, под наслов „Светлина од минатото“. Изложени се триесетината слики работени во техника масло на платно. Никола Николовски, историчар на уметност и кустос во Заводот за заштита на спомениците и музеј во Охрид, го претстави...

Изложба на Стефан Хаџи-Николов во Охрид

Самостојна изложба на македонскиот сликар Стефан Хаџи-Николов ќе биде отворена во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во галеријата на Куќата на Робевци утревечер, од 20 часот. Изложбата, истовремено, е дел од летната програма на НУ „Завод и музеј“од Охрид. Еден од најреномираните македонски реалисти, Хаџи-Николов, во Охрид ќе се претстави со нови дела. Во 2012 година тој веќе имаше самостојна изложба во...

Вечерва почнува „Скопје синема сити 2015“

Првото издание на Фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ почнува вечерва во Сули-ан во Старата скопска чаршија, во 20 часот. Фестивалот ќе биде свечено отворен со ексклузивна изложба на фотографии од Дејвид Боуви. Изложбата, поддржана од Министерството за култура на РМ, ќе презентира селекција на концертни фотографии, почнувајќи од турнејата на Боуви од 1983 насловена „Serious Moonlight“, преку...

Претставување на биодиверзитетот на Галичица и на Охридско Езеро

Утре, од 10 до 20 часот, на Малиот плоштад во Охрид, домаќините и бројните гости ќе имаат можност, преку соодветна фото-изложба, да го согледаат биодиверзитетот на Национален парк Галичица и на Охридско Езеро. Презентазијата, по повод годинешната тема на Зелената недела на Европската унија, „Природата - наше здравје, наше богатство“, ја организира Општина Охрид, во соработка со Делегацијата на ЕУ...

Фото-изложба во Охрид: „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Чешка“

Утревечер, во 19 часот, во Галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде отворена изложбата „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“. Организатор на настанот е Амбасадата на Република Чешка во Македонија, во соработка со Националната установа - Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, градот кој, исто така, е под патронат на УНЕСКО. Изложбата ќе ја...

Ликовна изложба на италијанскиот надреалистички уметник Росарио Меле

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, од вечерва и во наредните два дена, ќе биде отворена изложбата на италјаскиот ликовен уметник Росарио Меле. На свеченото отворање на изложбата ќе говори Елена Мишели, претседателка на Здружението „Росарио Меле“. На свеченоста ќе биде промовирана и книга за Росарио Меле, од авторот Паоло Дондоли. – Оваа изложба има цел да го означи...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...