fbpx
Таг: изложба

таг: изложба

Децата со попреченост се креативни, покажа проектот „Креираме заедно“

Фотографии и видеозаписи изработени од ученици со и без попреченост денеска беа преставени пред тетовската публика во Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ во Тетово, во рамки на проектот „Креираме заедно“. - Станува збор за фотографии и за видеозаписи кои, меѓу другото, се изработени и од деца од инклузивни училишта од Струмица, Тетово и од Скопје. Добивме одлични записи...

Изложба на фотографии на тема „Победата над фашизмот“

Денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше отворена изложбата „Победата над фашизмот“, по повод Денот на победата над фашизмот, 9 Мај. – Преку 30 фотографии е претставен денот на ослободувањето на различни градови низ Европа, во кои учествувала и руската армија. Ова е еден наш придонес во севкупното одбележување и манифестаците кои се одвиваат во Македонија и во светот...

Се преуредува Куќата на Робевци во Охрид

Националната установа Завод за заштита на спомениците и музеј - Охрид работи паралелно на три значајни проекти: конзервација на фасади на неколку објекти во Охрид и во Струга, заштита и конзервација на фрескоживописот од црквата „Свети Ѓорѓи“ во Струга, а во завршна фаза е и проектот за адаптација на галеријата во Куќата на Робевци во Охрид. - Продолжува постапката за...

Изложба во Охрид за историјатот на украсувањето велигденски јајца во Русија

Изложба насловена „Историјат на украсување и на бојадисување велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата ’Фаберже’“, денеска ќе биде отворена во НУБ „Григор Прличев“ во Охрид. Изложбата е посветена на празникот Велигден, а посетителите ќе имаат можност да слушнат и предавање за историјата и за современите тенденци на уметноста на украсување јајца. Исто така, публиката ќе може да учествува во работилницата за...

Изложба за Борис Чипан, основоположник на заштитата на македонското градителско наследство

„По трагите на еден модернист“ е насловот на изложбата за познатиот македонски архитект Борис Чипан, по потекло од Охрид. Вечерва во 20 часот, во  Музеј на град Скопје, изложбата ќе ја отвори проф. д-р Минас Бакалчев, декан на Архитектонски факултет при УКИМ. Изложбата се содржи од материјали од професионалната оставина донирана од семејството Чипан на Музејот на град Скопје. „Збирката...

Изложба на костими од стари претстави во Штип за Светскиот ден на театарот

Изложба на театарски плакати и на костими од стари и играни претстави, пред публиката ќе ги приреди Народниот театар од Штип в понеделник, на Светскиот ден на театарот. Ова е само дел од одбележувањата на театарскиот празник во Штип. - Почнуваме со крводарителска акција, па следи изложба на постери, рекламен материјал и на фотографии од стари и од актуелни претстави, како...

„Горе длабоко – Долу високо“, ликовна изложба на Масин во Белград

Од денеска до 25 март, во павилјонот „Цвијета Зузориќ“ во Белград, ќе биде поставена заедничка изложба на Стојан Ѓуриќ и на охридскиот сликар Мирослав Масин, со наслов: „Горе длабоко – Долу високо“. Мирослав Масин пред неколку години дел од својот циклус на дела „Горе длабоко – Долу високо“ претстави на реномираниот фестивал „Охридско лето“, како и на Научната и културна визита,...

Вечерва промоција на документарниот филм „Танцот со пастрмките“

Вечерва, од 19 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде промовиран документарниот филм „Танцот со пастрмките“, на кој во изминативе неколку години работеа членови на Нуркачкиот центар „Амфора“, од Охрид. - Филмот е сниман пет години во водите на Охридско Езеро, за време на мрестот на пастрмката. По промоцијата на филмот, ќе следи и изложба на подводни фотографии. Собраните средства...

„Сон кој живот значи“ – ликовна изложба во Охрид

Во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид синоќа е отворена изложбата „Сон кој живот значи“. Владимир Темков, Драган Најденовски и Владимир Симоновски, низ својата заедничка изложба, го оживуваат сонот на секој што има храброст да погледне во својата душа, да живее во мигот кој значи живот, да сонува и да создава трајни и непроценливи вредности. „Големината на човекот...

Млади балкански дизајнери со изложба во Скопје

Една од најзначајните изложби „Млади балкански дизајнери“ (Young Balkan Designers) која го обединува секторот за дизјан од регионот, ќе биде повторно претставена за време на одржувањето на „Скопска недела на дизајнот“ (Skopje Design Week) од 23 до 27 ноември во „Јавна соба“. Темата на изложбата оваа година е со наслов „Њу аналог“ (New Analogue) и ќе донесе продукти што го содржат...

Изложба на плакати од истакнати полски автори

Вечерва, од 19 часот, во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид, ќе биде отворена изложба на плакати од истакнати полски автори. Станува збор за автори што живееле и твореле од 1950 година до денес. Изложбата под наслов „Полската школа на плакат“ е во организација на НУ Завод за заштита на спомениците и музеј од Охрид.

Изложба за лица со посебни потреби за да се подигне свесноста за овие граѓани

Амбасадата на Шведска, во соработка со Шведскиот институт, вечерва, во 19 часот, ќе ги отвори изложбите „Пристапност“ и „Дизајн за достоинствен живот“ во Дом на АРМ. – Со отворањето на изложбите, изложбениот простор и концертната сала на Домот на Армијата првпат стануваат пристапни за лицата со посебни потреби, бидејќи вечерва во употреба ќе биде ставена донираната пристапна рампа - соопштија од Амбасадата на...

Турскиот уметник Мустафа Чеват Атал со изложба во Куќата на Уранија

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Куќата на Уранија, во организација на Завод и музеј од Охрид, ќе биде отворена самостојна изложба на турскиот уметник Мустафа Чеват Атал, насловена „Инскрипции, жена во простор“. Мустафа Чеват Атал дипломирал на Универзитетот „Селџук“, докторирал на Универзитетот „Гази“, а од 2013 година работи како лектор на Универзитетот „Намик Кемал“ во Текирдаг, Турција. Зад себе...

„Филигранска приказна“ на Мирјана Николоска на „Охридско лето“

Како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, синоќа во Куќата на Уранија беше отворена изложбата на филиграни на авторката Мирјана Николоска, насловена „Филигранска приказна“. Изложбата ја отвори градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Мотивите на делата на Николоска се црпени од флората и од фауната, од македонското народно творештво, релјефи, мозаици, но и од реплики на парчиња што би можеле да се...

Изложба на портрети на св. Климент Охридски во „Св.Софија“

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечерва ќе ја отвори изложбата на портрети на свети Климент Охридски во црквата „Света Софија“ во Охрид. Изборот од копии на портрети на овој охридски светец, настанати од 11 до 18 век, го направи врвниот познавач на византиската и на средновековна уметност, академик Цветан Грозданов. Манифестацијата е дел од одбележувањето на 1.100-годишнината од упокојувањето на свети...

Изложба на македонските „Архи тек“ и „Прајват принт“ во Атина

Иницијативата „Архи тек“ на Архитектонскиот факултет од Скопје и издавачката куќа за уметнички книги „Прајват принт“ (Private Print) оваа недела ги претставија своите активности во Грција, со изложба во атинскиот културен простор „Арт фондејшн“ (The Art Foundation). На изложбата под наслов „Сè што сте сакале да знаете за вашиот сосед, но сте се плашеле да прашате“, која отвори можност за...

Германската сликарка Габриеле Шафартцик изложува во Охрид

Во организација на НУ „Завод и музеј“ од Охрид, од вечерва, со почеток во 20 часот, во галеријата „Робевци“, изложба ќе има германската сликарка Габриеле Шафартцик. Нејзината колекција е избор на слики изработени во техниката масло на платно од најнов циклус наречен „Тера инкогнита“. Габриеле Шафартцик е родена 1964 година во Бремен, Германија. Студирала на Универзитетот „Георг-Август“ во Готинген, Германија, и...

Изложба на икони во Рим по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Во организација на Националната установа „Завод и музеј” од Охрид, утре во Рим, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ и по повод одбележувањето на Денот на светите браќа, сесловенските просветители Кирил и Методиј, свечено ќе биде отворена изложба „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност". Експонатите ќе бидат изложени во просториите на понтификалниот универзитет...

Избор дела од ликовната колонија „Вевчански видувања“ на изложба во Њујорк

Избрани уметнички дела, изработени изминативе години од учесници на ликовната колонија „Вевчански видувања“, од 7 до 20 април ќе бидат изложени во галеријата „MC“ во Њујорк, САД. Изложбата насловена како „Balkan in the raw“ ја организираат ликовната колонија „Вевчански видувања“, галаеријата „М“ од Белград, Србија и галеријата „MC“ од Њујорк. Генерален покровител на изложбата е ресторанот „Виа Игнација“ од Вевчани, каде...

Вечерва изложба „Спомени од Чешка“ на охриѓанецот Никола Павлески

Вечерва, од 19 часот, во Културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид, ќе биде отворена изложбата на фотографии, со наслов „Спомени од Чешка“, на охриѓанецот Никола Павлески. Сè до 18 март изложени ќе бидат фотографии со мотиви од културното наследство и од секојдневието на Република Чешка. Никола Павлески своите фотографии на разни теми ги има изложено во Македонија и во други земји,...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...