fbpx
Таг: изјава

таг: изјава

Обврската за транспарентност важи и за скопска Апелација

Вицепремиерката Славица Грковска има право кога вели дека обврската за транспарентност не може да биде адресирано само на Владата, на пратениците, туку и на адреса на правосудството. Оттука и нејзината изјава во врска со соопштението на Апелациониот суд во Скопје за случајот Таргет-Тврдина го оценуваме како вистина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Потпретседателката на Владата задолжена...

Нема докази за било каква „промена на суштината на македонската држава,“ освен непоткрепените зборови на Николоски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски искажа став за ветување на актуелната власт за промена на суштината на македонската држава преку јазикот, историјата и идентитетот, кои не се поткрепени со ниту еден релевантен аргумент или факт, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, гостувајќи на емисија на ТВ Алфа изрази став околу неприсуството...

Светска банка не споменува можност од рецесија во Северна Македонија

„Вистиномер“ направи проверка на тврдењето од ВМРО-ДПМНЕ дека според Светска банка земјата се движи кон рецесија и притоа се доаѓа до оценка дека такво тврдење нема. Нема ниту во оригиналниот извештај од десетина странци ниту во новинските извештаи од презентацијата на извештајот на прес-конференција во Скопје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: ВМРО-ДПМНЕ ја искомуницира јавноста...

Сатирична измислена изјава на Ковачевски, се споделува на Фејсбук како вистинска

Во постот што се шири на Фејсбук не е посочен линк до насловот што се споделува, а во кој се вели: „Ковачевски: Ќе се смени законот за брак, секој ќе може да има по две жени без проблем“. Вистиномер го пронајде написот во којшто најдолу со големи црвени букви е обележано дека се работи за сатира. Од самиот опис...

Генералниот секретаријат и да сака, не може да троши 700 милиони евра

Тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека Генералниот секретаријат на Владата имал дискреционо право да троши 700 милиони евра годинава, искажано во смисла дека Владата не сакала да се откаже од своите намери да троши и во услови на криза, е невистина. Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата нема свој буџет, туку се потпира на буџетот на Владата, а тој...

Бајден: Нуклеарниот ризик денес е најголем по кубанската криза од 1962 година

Ризикот од нуклеарен „Армагедон“ е на највисоко ниво по кубанската криза од 1962 година, предупреди американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Би-би-си. Бајден вели дека рускиот претседател Владимир Путин не се "шегува" кога говори за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина по загубите на фронтот од неговата војска. Претседателот на САД предупредува од глобална ескалација на војната во Украина. „За првпат...

Преземањето со управување на системот за парно во Скопје е легално

По проверка на законската регулатива може да се констатира дека постапките на Владата и одлуките на Економско-енергетскиот совет се целосно законски покриени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-енергетскиот совет при Владата, соопшти синоќа дека се донесени две клучни одлуки за претстојната сезона есен-пролет 2022/2023 г., при што, посебен акцент...

Не е вистина дека е договорено заедничко чествување на Гоце Делчев

Проверката на медиумските содржини на интернет кај нас и во Бугарија, покажува дека е неточно тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека последниот состанок на мешовитата историско-образовна комисија во Скопје резултирал со некаква одлука за Гоце Делчев, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во медиумите се појави  текст – соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за наводна одлука на мешовитата историска комисија на С....

Вистиномер: Непостоечки говор на актерот Киану Ривс се споделува на Фејсбук од 2016 година

Актерот никогаш не одржал ваков говор, иако цитатот е споделуван нашироко и погрешно му се припишува нему. Наводниот говор од текстот што се споделува во овој пост на Фејсбук е од пред неколку години, кога овој цитат заедно со фотографија од актерот е презентиран на различни веб-страници на англиски јазик, иако тој никогаш не го кажал. Проверувачите на факти...

Вистиномер: Вучиќ не рекол дека Македонија не е моќна како во времето на Груевски

Вучиќ никаде не кажал дека „Македонија не е моќна како во времето на Груевски“, како што тоа се тврди  во насловот на текстот што е споделен  во овој пост. Самиот напис се однесува на изјавата на Вучиќ дадена во насока на меѓусебна помош во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Во содржинскиот дел на текстот изјавата на Вучиќ е пренесена...

По Бугарија, и Македонија достави еднострана изјава за јазикот

Македонија достави еднострана изјава за јазикот до ЕУ, која ќе биде приложена кон записникот од првата политичка меѓувладина конференција, откако претходно тоа го направи и Бугарија. Во изјавата се наведува дека како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на РСМ на целата територија на државата и во нејзините...

Вистиномер: Не е точно дека новиот водовод во Тетово носи повеќе штета, отколку корист

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на изјавата на тетовскиот градоначалник за новиот водовод во Тетово: Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, пред медиумите даде невистината изјава во која вели дека проектот за Лешнички водовод е катастрофален и носи повеќе штета, отколку корист. Ми приложија од ЈКП дека се осум проблематични точки на целиот довод на цевката од Лешница до...

Вистиномер: Не е точно дека цената на струјата „нема мрднато“ 4 години

Изјавата на премиерот, дека во Македонија четири години не мрднала цената на струјата, е неточна. Имено, цената на струјата во последните две години двапати се зголеми со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), при што едно од овие поскапувања беше нивелирано со намалување на даноците, но второто покачување е реално, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Зборувајќи за...

Директорката на прилепската болница: Животите на пациентите зависат од апаратите кои се приклучени на струја

Луѓето од обезбедувањето на модуларната болница во Прилеп вчера случајно забележале дека вратичето од струјното сандаче е обиено, но важно е дека пациентите кои се хоспитализирани, се безбедни. Ова за „Мета.мк“ го изјави в.д. директорката на Општата болница Кети Смилеска, откако Министерството за здравство денеска соопшти за случајот на вандализам во болницата. Вознемирена од настанот, во телефонскиот разговор за „Мета.мк“,...

Српскиот министер за внатрешни работи смета дека Србите треба да живеат во една држава

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин во емисија на српската телевизија „Пинк“ изјави дека не му е јасно зошто границите на Балканот се непроменливи и зошто „српското национално прашање“ не би можело конечно да се реши со обединување на Србите во една држава, пренесува српската телевизија „Н1“.  Првиот човек на српското МВР го коментираше „нон-пејперот“ на Јанез Јанша за...

Мијалков се појави пред судот, имал температура и бил во изолација

Додека цело МВР е ангажирано да го пронајде „бегалецот“ Сашо Мијалков по кого се распишаа и национална и меѓународна потерница, тој бил тука, во Македонија. Екипа на „24 Вести“ попладнево го сними пред Обвинителството за организиран криминал, каде беше тргнат за да си го земе решението за куќен притвор. Мијалков се извини на македонска јавност затоа што сите го...

Топалоски се премисли: Не сум видел пиштол, поради стресот сум помислил дека Нефи има пиштол

Добив удар од позади грб и поради стресот што го добив сум стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол. Ова е дел од новата изјава на охриѓанецот Спирко Топалоски, кој завчера пријави дека бил нападнат од советникот на ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини. Во соопштение од неговиот адвокат, Топалоски ја менува првичната изјава. Нефи Усеини и неговиот брат,...

ЕУ за изборите: Со нетрпение очекуваме да работиме со силен парламент и стабилна владина коалиција

Ги поздравуваме граѓаните за остварување на своето право на глас во рамките на предвремените парламентарни избори кои се одржаа во Северна Македонија на 15 јули, во контекст на предизвиците поврзани со пандемијата со Ковид-19, се вели во заедничка изјава на високиот претставник потпретседател на Европска унија, Жозеп Борел и комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вареи. „Според првичните наоди...

АВРМ досега примила над 2.300 барања за паричен надомест за лицата кои останаа без работа

Агенцијата за вработување (АВРМ) до 26 јуни ќе ги прима барањата на лицата кои потпишале спогодбен отказ или дале лична изјава за прекин на работниот однос во периодот од 11 март до 30 април. Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ изјави дека досега до АВРМ се пристигнати над 2.300...

Спасовски: Очекував верските заедници повеќе да се грижат за животот и здравјето на граѓаните

Со верските заедници имавме добра комуникација и сите заедно разговаравме колкава е важноста на здравјето и животот на граѓаните и дека тоа нема поголем приоритет. Од тоа нема поединечен интерес, на одредена група, на верска заедница, политичка партија. Со овие зборови техничкиот премиерот Оливер Спасовски денеска го коментираше вчерашното собирање на стружани на литијата по улиците низ градот.  Спасовски...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...